Враќање кон Суштината на Верата! Господ Бог ни Подаде Рака, но Дали Ние ќе му Подадеме? Христос Воскресе!
Сподели на социјалните платформи:

Мојата порака  и желба за моите Македонски православни христијани по повод Велигден  е токму да погледнат назад во времето на првите христијани, да ја проучат нивната вера и да се вратат на библиската суштина на христијанството. Особено во овие тешки мигови во кои западна македонскиот народ на кои неменливо Бог им е потребен. Господ Бог им подаде рака на Македонците кога на Апостол Павле на сон му се јави Македонец барајќи помош од него, тогаш Бог одговори и го испрати Апостолот во Македонија. Господ тогаш ни подаде рака, но дали ние ќе му подадеме рака? Ќе клекнеме ли пред него како обични грешници и ќе бараме опростување на нашите гревови? Ќе се вратиме ли на суштината на христијанството? 

Многу пати до сега сме кажале дека секое име, суштество преставува одреден симбол кој има има одредена суштина на постоење. Па така и името „ Христијанство или Христос “ , преставува свој симбол, укажува на некоја смисла на постоење. Исто е и со обичаите и ритуалите кои ги пркатикуват верниците. Ако нешто му одземеш или му додадеш на симболот тогаш тој ја губи суштината на постоењето.

Резултат с изображение за isus hristos
Пишувањето на текстов ме инспирира со години наназад и тоа баш на секој велигден, бидејќи  тој ден и тој празник си има свое значење и суштина на постоење. Името „ Христос“ кое значи месија или преведено како спасител. Оној кој го искупил паднатиот човек поради своите гревови.
Гледам со недели и денови верниците пред велигденските празниции имат обичај да постат. Но не можам да им ја видам суштината на постот. Јас барем колку што знам библиски се пости поради каење и опростување на гревовите. Мислам дека денешниве верници повеќе тоа го прават како ритуал, отколку како вера или се држат до библиското начело за постот. Е тука доаѓаме до суштината дека симболиката на постот не е диета како што некој мои пријатели ми кажат што убаво кога доаѓа пост си држам диета или некои викат баба ми така правела, па и јас така ќе правам. Симболиката и суштината на постот е дека душата треба да пости и да се кае за сторените гревови. Тоа му го вели Бог на Исаија во стариот завет што ќе ми се вашите пости кога тие се само ритуал, душата треба да пости, а не телото да се измачува. Класичен пример за симбол со изгубена содржина.

Можеме вакви примери илјадници да наведеме. Знам дека верниците вобичаено за Велигден се преокупират со фарбање на јајца и тоа во каква боја да бидат фарбани. Вистината е дека не постојат ново заветни докази дека првите Христијани фарбале јајца и дека треба да се фарба јајца. Мене една работа секогаш ме чудела! Зошто Христијаните наместо со фарбање на јајца не се окупират со смислата, целта и суштината на христовата смрт? Зошто не се средоточат на него? зошто не се преиспитат, себе си, своите гревови и грешки, бидејќи Христос бил распнат поради нашите гревови и суштината на христовата смрт е токму опростувањето на човечките гревови. За тоа зборува целата библија од почетокот до крајот, зборува за гревот  и опростувањето на гревовите. Во тоа е симболиката, суштината и целта на Христијанството.

Со право можеме да кажеме  дека Христијанството е веќе име со изгубена содржина, тоа се случило токму во оној момент кога верата станала само чист ритуал, без нејзина содржина, смисла и цел, туку само обична форма.  За жал денешното Христијанство (Католицизам, Православие, Протестанство) токму во тоа прераснало. Тоа се случило во оној момент кога Христијанството прераснало од прогонувана и забранувана религија во времето на Римската империја, за време на владењето на Константин со што се прекршени зборовите на Исус запишани во Матеј „ Божјето на Бога, а Царевото на Царот“.  Тоа отворило и врата за внесување на најразлични пагански обичаи во Христијанството. Верата и државата треба да бидат разделени, а не да дејствуват како едно. Од историјата на Христијанството знаеме дека токму се случило спротивното. Се создале два системи на делување, еден западен католички каде Папата ја имал надмоќта над крлаевите, царевите, владителите (тој ги преставувал и тргнувал од престолот), и источен православен каде владетелот и патријахот делувале синхронизирано заедно и двата системи го покажуват спротивното од искажаните зборови на Исус во новиот завет дека црквата и државата треба да бидат оделени. Овие причини како и трагањето по изгубената суштина на христијанството секогаш доведувало до појави на разни реформаторски движења како што биле Павлеќаните, Богомилите, Катарените, Реформаторите. Колку навистина успеале да се вратат по изгубената суштина и да направат одвојување на црквата од државата тоа е друго прашање за анализа.

Мојата порака  и желба за моите Македонски православни христијани по повод велигден  е токму да погледнат назад во времето на првите христијани, да ја проучат нивната вера и да се вратат на библиската суштина на христијанството. Особено во овие тешки мигови во кои западна македонскиот народ на кои неменливо Бог им е потребен. Господ Бог им подаде рака на Македонците кога на Апостол Павле на сон му се јави Македонец барајќи помош од него, тогаш Бог одговори и го испрати Апостолот во Македонија. Господ тогаш ни подаде рака, но дали ние ќе му подадеме рака? Ќе клекнеме ли пред него како обични грешници и ќе бараме опростување на нашите гревови? ќе се вратиме ли на суштината на христијанството? Ќе ги празнуваме ли христијанските празници со суштина? Или ќе викаме не е важно само колку редот да му пројде, епа како тогаш Бог да ни помогне.

Вистината драги мои е блиску онолку колку што е и блиску книгата на полицата, само треба да се отвори и да се прочита. Затоа за промена можеме да направиме нешто ново, да почнеме да ја читаме библијата и да ја осознаваме вистината. Не ни треба некој храм да посетуваме, во новиот завет пишува дека „ Човечкото тело е божјиот храм.“ и така си ги знаеме какви ни се црквите и оние кои служат таму добро си ги знеме. Се додека Христијанството не се реформира за да се врати на вистинската суштина на постоење, не ни требат храмови со златни куполи. А кога и да е ќе мора да се реформира, до тогаш ете ни го лекот.

Христос воскресе!

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Остави коментар