Една од причините зошто денот на пресметката за економијата на САД е неизбежен и блиску е тоа што тонеме во преголем долг.
Долгот од 22 трилиони долари што го акумулирала федералната влада на САД добива најголем дел од вниманието, но вистината е дека ние имаме уште 50 милијарди долари плус други долгови дури и ако националниот долг се отплати. Денес, нивото на долг експлодира на секое ниво на општеството. Корпоративниот долг е повеќе од двојно поголем од последната финансиска криза во 2008та а американските потрошувачи се повеќе од 13 трилиони долари во лични долгови, додеа државните и локалните власти го зголемуваат долгот како ако утрето никогаш да нема да дојде. Според табелата на федералните резерви што може да се најде тука , вкупниот износ на долг во американскиот финансиски систем сега достигна неверојатни 72 трилиони долари.
Поделени 72.000.000.000.000 $ на сегашната популација на САД (Google вели дека е 327.2 милиони) се доаѓа до цифра од повеќе од 220.000 долари долг за секој маж, жена, дете и бебе во целата земја.
Значи, ако имате семејство од четири, вашиот дел од цел овај долг е 880.000 долари.
Овој долг расте многу побрзо од целокупната економија и тоа веќе долго време. Кога Роналд Реган ја презеде функцијата, вкупниот износ на долгот во нашиот систем беше помал од 5 трилиони долари, а кога Џорџ Буш ја презеде функцијата, вкупниот износ на долг во нашиот систем беше нешто над 29 трилиони долари.
Непосредно пред последната финансиска криза во 2008-ма надминавме 54 милијарди долари, и оттогаш додадовме речиси 18 трилиони долари во вкупниот износ.
Се разбира, целиот овој долг никогаш нема да се исплати. И нашите “финансиски инженери” дефинитивно беа успешни во проширувањето на оваа криминална финансиска пирамида шема за многу подолго отколку што многумина од нас очекуваа, но тие не можат да продолжат да го прават тоа неодредено време.
Секој финансиски меур во историјата на крајот експлодирал, и овој ќе биде со таков крај. На крајот, никој не може да го “поправи” нашиот систем, бидејќи финансискиот систем базиран на долгови беше фундаментална грешка уште кога беше дизајниран.
Ако имате финансиски систем кој е буквално дизајниран бескрајно да создава се повеќе и повеќе долг, повеќе пари и повеќе инфлација, тогаш живеете во “меур економија”.
И “економијата на меур” може да изгледа убаво се додека балонот се надувува и економската активност се чини дека се крева, но кога работите почнуваат да одат лошо, тие одат навистина лошо и тоа многу брзо.
Поединечно, има многу малку нешта кои можеме да ги направиме за нашиот национален долг, државен и локален владин долг или корпоративен долг. Можеме да се обидеме да гласаме за политичари кои сакаат да ја направат вистинската работа и да почнат да се справуваат со долгот но за жал фискалната одговорност и финансиските реформи во моментов не се политички прашања кои носат гласови.
Но, она што можеме да го направиме е да ги доведеме нашите финансии во нашите сопствени домови во ред. Сега не е време да се земе повеќе долг, и отплатата на било кој долг што веќе сте го акумулирале ќе биде многу добра работа. Што се однесува до нацијата како целина, можеме само да се надеваме дека ќе има што е можно повеќе време пред да дојде неизбежната имплозија.
Со децении правиме премногу глупави одлуки, а последиците од тие одлуки ќе бидат навистина болни заклучува авторот Мајкл Снајдер во The Economic Collapse блог.