Македонската Бојкотирам Политичка Сила Победи на ПИ со 484.027 Гласови! Ќе Бидат до 800.000 на Фер Избори!
Сподели на социјалните платформи:

Македонската Брексит Бојкотирам политичка сила победи на наместените нелегитимни КвазиПИ. Победата на 450.000 до 500.000 луѓе кои БОЈКОТИРАА а кои во некои други времиња нормално би гласале почнува да го оцртува пејсажот на идната Македонска политичка сцена.

Ова покажува дека Македонија е конечно подготвена да расчисти со старите корумпирани елити кои не продадоа за свои лични интереси. Ова гласање по својата историска важност и по излезноста може да се мери и споредува само со најпреломните моменти во изборната и националната историја кога огромен број политички ангажирани Македонци излегуваа да гласаат за својата иднина и иднината на својата земја. Како на пример борбата “против” и “за” режимот, на парламентарните избори од 11 Декември 2016 кога имаше вкупен одзив — 66,79% или 1.191.854 гласачи.

Може а и треба да се споредува и со референдумот од 1991 или други избори каде излезноста беше и многу поголема. Во 1990та парламентарните избори имаа 77,2% излезност во 1994 имаше 70.2% а во 1998 излегоа 72,9% итн итн. Македонецот е силно политички активен и вклучен таа што излезноста од напумпани 41.3% покажува огромна неканализирана политичка сила. Излезноста на првиот круг наместени КвазиПИ била 41,82% so 755,816 гласачи од вкупно 1.806.747 гласачи со неважечки историско високи според ДИК, се 32.828 ливчиња. Корумпираните Политички Врхушки Поразени! Со Уфрлање 4% Неважечки Ливчиња до Лажен 40% Цензус!

Дури и во споредбата со помалата излезност на клучните декемвриски избори 2016, тоа се 26.79% кои не излегоа (кога се одземат скоро 33-те илјади неважечки ливчиња), значи 484.027 гласачи Бојкотираа! А ако се спореди со другите избори со поголема излезност, бројката на Бојкотирам политичката сила е многу поголема. И ова се Македонски гласови, албанците излегоа со своите бугарски возови и автобуси. Втор момент, кој што никој не го подвлекува е дека и од тие по 300.000 добри 30% до 60% би гласале за вистинска македонска опција да не беа приморани присилени да гласаат за два СДС Сорос кандидати.

Тоа не носи до бројката 754.027 на следните парламентарни избори кои бојкотирањето на вториот круг на предавнички КвазиПИ ќе го исфорсира! Сега е најбитно мудрите неизвалкани Македонци да почнат да и даваат форма на таа огромна сила и да ја одомаќинуваме во свеста на Македонецот кој 28 години нема друг избор.

Многу е битно емоционално, психолошки и практично да му се олесни на Македонецот да се префрли на нова национална платформа затоа што е – и бог да го поживее поради таа добра црта – верен, доверлив, емоционално врзан за една идеја, партија. Но времето е дојдено како и сите други слободолјубиви народи да ги отфрлиме корумпираните паразити кои залежале на врвовите на партиите и работат за туѓи а не наши интереси.

Да им го направиме Фараж и на корумпираните “елити” во Македонија со #Бојкот и нови неизвалкани сили: “Верувам дека ќе победиме и ќе го вратиме стравот од Бога во членовите на Вестминстерскиот парламент. Тие не заслужуваат ништо подобро од тоа според начинот на кој тие нè третираат со ова предавство“.  Брексит Партијата на Фараж Прва во Анкетите во Велика Британија, Пред Лабуристите и Конзервативците!

Подолу пренесуваме напис на страницата на #Бојкотирам каде што можете да следите информации и да се координирате за бојкотот.

Почитувани браќа и сестри

Како што и сами знаете, хунтата фрла огромни пари на Ф.Б, твит, хакери и ботови се со цел да не’ отсече нас Македонците и движењето #БОЈКОТИРАМ од јавноста и општењето со нејзе. Сведоци сте дека немаме секунда простор во јавните медиуми или буква во било кој пишан медиум. Ни остана само тотално длабоката алтернатива, но и таму не маваат јако со ќеш и ботови. Во такви услови ние свесните Македонци покренавме-успеавме да БОЈКОТИРААТ 450.000-500.000 луѓе кој во некој други времиња нормално би гласале. Кога би имале малку повеќе пари и медиумски простор би им завземале 800.000. Свесни за таквата состојба #КуртоИмурто тргнаа здружено да не напаѓаат на Ф.Б, Твит и Тјуб. Конкретен пример е нашата нова страна: Народно движење #БОЈКОТИРАМ. Која до сега е пријавувана повеќе од 30 пати за една седмица. Сношти во очи на соопштувањето на резултатите ни избришале повеќе од 50 членови. Лично ги контактирав луѓето зошто ја напуштиле групата, беа изненадени и поим немаа зошто не се членови. Јасно ви е што е цаката.

Затоа искрено ве замолувам. Станете членови на групата и поканете колку можете повеќе ваши пријатели, заинтересирани за Македонија и нејзиното опстојување.

Однапред ви благодарам и Господ со нас.

 

2 thoughts on “Македонската Бојкотирам Политичка Сила Победи на ПИ со 484.027 Гласови! Ќе Бидат до 800.000 на Фер Избори!

  1. ПИ-2019 операција под лажно знаме (PI-2019 operation under a false flag) во тек во 2019г. – лажни вести кои се во функција на таквата операција!

    Таканаречените претседателски избори се најголема измама во 2019г.
    На Македонците им се продава “м*да за бубрези“, а тие во неможност да се одбранат ја лапаат пропагандата како кленови.

    Која е целта на овие тнр. ПИ?
    Многу едноставно. Од онаа што до сега може да се види е обидот да се изедначат СДССМ-овците и ДПСМНЕ-овците. Ако првите помогнаа да се инсталираат на власт квислинзи од типот на Зораните и неговите 40 разбојници, вторите под водство на Мицкота треба да излезат и да гласат за Северџистан со што ќе го легализираат и ќе го признаат копилето на 21 век Серверџистан. На тој начин овие две стада ќе се изедначат во геноцидното злосторство врз македонскиот народ. Потоа, бидејќи, двете стада ќе имаат грижа на совест заради злосторството ќе си смислат процес на помирување, па ќе си се помируваат, а вистински до пладне ќе ги мразат останатите, а попладне и самите себе (ваквото однесување е познато).
    Како инаку да се толкува повикот и пропагандата на Мицкота за излезност и создавање на цензус освен како продолжување на велепредавството на Зораните?!
    Како да се толкуваат настапите на Силјановска која изјавува дека таа е професор (како да е тоа доказ за интелект и чесност, а не социјален статус) и дека не и ПАЃА на памет да го ПОНИШТУВА или УКИНУВА преспанскиот и другите акти на велепредавство??? И некои гласаат за таков капацитет?!
    Без мува да го лази Мицкота ги ЛАЖЕ луѓето и ги повикува да направат цензус, иако и на “врапчињата“ им е јасно дека е тоа невозможна мисија. Тој сега игра и очекува од оние кои пееја туѓа химна во Собрание да гласат за Македонија, треба да си недоветен за да веруваш во таква работа.
    А има такви недоветни и тоа во голем број, тие се оние кои гласаа за денешната квислиншка власт, ако овие му поверуваат на Мицкота и тие ќе се изедначат со недоветните Зоранови следбеници!
    Како го толкувате смиреното однесување во кампањата кај Зораните и неговите разбојници освен дека Мицкота ќе му донесе цензус (тоа што ќе си изберат прецедник на Северџистан е најмалото зло) и со тоа ќе и стави крст на Македонија?

    Се обидуваат со инфантилни агит-проп флоскули од типот командант Љопата ќе бил прецедник на Северџистан (како да е важно за Макеоднците кој е прецедник на Северџистан) или како да не и сега прецедник на тоа монструозно копиле, дека ќе потпишувал (тој или Стево-стока или Силјаница акти…) па тој и до сега се однесува така и потпишува што сака кога сака, ќе бил врховен командант на Македонската армија – зарем постои таква, и се така со некои недоносени склепаници си го веслат народот како сакат.
    Мене не ме загрижува тоа, туку ме загрижува како тоа при здрав разум, очи и уши и понатаму има голем дел од Макеоднците кои веруваат во такви работи

    Сакате ли да бидете соучесници во оваа монструозно геноцидно злосторство врз македонскиот народ?

    Да се вратам на почетокот, во тек е операција под лажно знаме за почеток на крајот на Македонија (по што ќе гледаме финале кое ќе биде во форма на федерализација и како краен чин поделба на Македонија помеѓу Шкиперија и Бугаристан, за оваа пишуваше Андреј Корубко пред неколку години, го прведев текстот само нема кој да чита), ако не сте во состојба тоа да го препознаете горното ќе ви биде тешко и да го анализирате низ мисловен процес кој би ве довел до истите заклучоци, заради фактите, па така продолжете да си играте џамлии, друго во друга прилика!

    Сето горе изнесено се мои размисли и согледувања врз основа на информациите кои ми се достапни, може да ви се допаѓаат или не, да бидам искрен и мене не ми се допаѓаат.
    И секако јас би бил најсреќниот ако горе напишаното се покаже за невистина па реалноста ме демантира, многу по среќен ќе бидам да грешам отколку да сум во право!

    Единствен спас и излез за Макеоднија и Македонците е: Б О Ј К О Т ! ! ! ! !
    Бојкот за Слобода, бојкот на северџани, квислинзи и петтокољонаши…
    Бојкот на операција ПИ-2019

  2. Не мислам дека Македонската Бојкотирам е политичка сила, повеќе би рекол дека е македонски одговор на анационалните-квислиншки-петтоколонашки демоНкратски елити и нивната политика, но тоа е прашање кое во моментов не е од голема важност.

    Денес е важно и би рекол историјски моментум од големо значење, да допре гласот на разумот до секој Македонец, ако ја сака Македонија МОРА ДА БОЈКОТИРА, мора да бојкотира евроатлантистички инсталации во општествениот живот-институциите…
    Ако некој Македонец ја сака Македонија не смее да гласа за претседател на Северџистан (Република северна Македонија) затоа што не може и да ја сака Македонија и да гласа да ја нема, едно со друго е во колизија, таквото однесување ќе го однесе во самоуништување и…. ( ќе мора да се бара лекарска интервенција заради таквиот судир). Постојано во секоја прилика треба да се говори и да се објаснува што е Македонија, што е Македонец, како да се сочува и едното и другото, како да се води борба за да се сочува Македонецот за да не исчезне, одговорноста е на денешните генерации.

    Македонецот мора да ги препознае и да стане свесен за своите интереси!
    Не очекувам сите да го согледат тоа ама очекувам овие генереции кои се писмени во 21 век, според дефиницијата, (се стекнале со знаења да го користат ресурсот интернет) да ги согледата и краткорочните но и долгорочните последици од нивното однесување и одлука. Да прифатат дека секое носење на одлука носи и последици,некогаш вакви друг пат такви, да станат одговорни пред се кон себе и своите идни поколенија.

    …екипата на kolozeg.info си зела за задача да промовира Македонизам и Слобода, им посакувам успех!

Остави коментар