Македонците во Егејско Судски Се Борат Против Забрани на Мајчиниот Јазик, Културни Центри, Народни Собори!
Сподели на социјалните платформи:

Овој геноцид ни е планиран од нелегитимната Хунта и нас дома, штом комисии од Грција ќе ни утврдуваат користење на национални термини. Додека ние ја водиме нашата битка да не ни се забрани терминот Македонски дома во Македонија, и нашите ја продолжуваат борбата и во егејско, користејќи ги можните средства за борба – во овој случај со судска постапка! Тоа е документиран доказ за газење на елементарните права. Што повеќе документирани докази, толку поуспешна битка. Грчките власти на секој начин избегнуваат административни постапки, кои ќе послужат како документ. Протежираат „невидливи“ забрани.

Не е забрането веќе само користење на терминот Македонски јазик туку и “мајчин” е забранет како термин. Ништо друго освен грчки јазик на геноцидните соседи. Стави го тоа во контекстот на ЕУ вредности и “Јазични” права на ЕУ емисарите и домашните предавници.

По недокументираното затворањето на Домот на македонската култура во Воден, властите откажуваат прием на барања за одржување народни собори, прослави со настапи на аматерски фолклорни ансамбли. Тоа потоа го користат за да ги прогласуваат за нелегални, непријавени манефестации и насилно ги растураат.

И за сета процедура нема документ, нема доказ. Во такви услови, велат, треба да се користи упатувањето барања преку пошта до соодветната месна канцеларија, но копија да се упати и до странските конзулати, амбасасди и институциите на ЕУ. Што повеќе, толку повеќе се можностите за борба. Ако можеле нашинците масовно да им се обраќаат на конзулите во турско, можат и во каурско.

Прочитајте повеќе подолу во оригинниот напис со помош на гугл преведувач на Македонски.

https://tvxs.gr/news/egrapsan-eipan/anakaloyn-tin-idrysi-somateioy-sti-makedonia-enoxlei-i-leksi-ntopios?fbclid=IwAR0hVL7MRkeaTFXOT5idjnLFHoVBWjMkGX9QQ-SE3aiOYJYJyYT2dkIKr3Y

 

 

1 thought on “Македонците во Егејско Судски Се Борат Против Забрани на Мајчиниот Јазик, Културни Центри, Народни Собори!

  1. Проклетството “еден војвода и еден комита = тројца кодоши“ е карактеристична културна матрица за Македонците. За оние кои не се упатени само да речам дека тоа “проклетство-културна матрица“ е смислено инсталирано преку техники на културно без структурно управување со масите во случајов со Македонците кои се жртви на ваквиот геноциден план. Не е важно дали живеат во Република Македонија или пак во Беломорскиот или Пиринскиот дел од Македонија, а кои за волја на вистината се до ден денешен под окупација.
    Македонците кои живеат во Беломорскиот дел од Македонија многу страдаа од андартите но уште повеќе од своите водачи-лидери кои за неколку жолтици кодошеа за андартите. Во последната војна тнр. граѓанска војна повторно беа измамени дека ќе добијат некаква си автономија во рамките на грчката држава и од нивните лидери но и оставени на цедило од страна на Македонците од Приринскиот и Вардарскиот дел на Македонија!
    До права не се доаѓа со судски или други инструменти во системот туку со инструменти и мерки против тој систем, вака излегува дека жртвата очекува милост од својот џелат, е такви има многу и не се виновни затоа што така размислуваат туку се жртви на нивните елити кои така вешто ги програмираат “јадните“, што тие навистина веруваат во тоа дека преку суд ќе добијат права и правда.

    Некои центри (особено оние во УК и во Германија кои постојат повеќе стотици години и креираат концепции за наредните столетија) со децении и векови работат на тоа да создаваат недоверба и нетрпеливост помеѓу Македонците во овие три дела од Македонија. Причините за оваа се од геостратешка природа и немаат никаква врска со Македонците како поединци туку со нивната КУЛТУРА-ИСТОРИЈА на КОСМОПОЛИТИЗАМ а кој е спротивен на нивниот систем на ИМПЕРИЈАЛЕН ГЛОБАЛИЗАМ! Затоа се удира со сите сили и средства за да не се дозволи развиток на македонска мисла и и култура!

    Да не должам ако Макеоднците сакаат права и слобода може да ги добијат само со спроведување на една долгорочна стратешка доктрина која ќе ги обедини Македонците во сите три дела и ќе им овозможи самите да одлучуваат за себе а не да бараат од други дали и кога да зборат на свој јазик, дали и кога да пеат свои песни и…..

Остави коментар