Додржувањето на правната доследност (принципиелност) и успева да се постигне само со ФАНАТИЗАМ. Иако отец Ивица е искрен но овој пат заблуден борец за македонството во својот неодамнешен напис за изборите. Отапување на критицизмот што му оневозможува да догледа е потхрането со роднинските вмровски релации.
А еве што всушност ќе се случи. Кога ја играш играта на лукавиот и кога тој се подвиткува како да ја губи битката всушност те завлекува во краен пораз. Со лукавиот не се игра, не се соработува, не се разговара, не се ВЛЕГУВА ВО НИКАКОВ ДИЈАЛОГ. Отец Ивица ги знае овие совети од светите православни отци ама не им верува за „фанатички“ да се додржи да ги исполни.
Ако излезиме на претседателските избори, што ќе се случи: физички предизвикуваме противодговор (контрареакција) од другата страна која иако помалубројна е поострастена и порешителна. Материјално далеку посилна и затоа и помобилна – играме на нивен фронт. Кога Груевски почна да зборува патриотски ги донесе неколку илјади Албанци од дијаспората да гласаат за Кичево и Струга. Силата на народот како маса е во стоичката инерција, а не толку во брза дејствена реакција. Ова е посебно карактеристична одлика на македонскиот народ.
Од таму ако излезиме на избори Стево Пендаровски ЌЕ ПОБЕДИ. А ние ем сме излегле и сме ја овериле Северџанија ем тие победиле и поставиле свој човек. Што значи целосен македонски пораз. Колку што сега се лета толку падот ќе биде пострашен. Моралот ќе падне на нула.
Дали размислиле за овој исход. Во најмала рака исходот е магловит.
А зошто кога спротивно со Бојкот во кој ќе учествува и ВМРО-ДПМНЕ ние со сигурност ги рушиме предавниците. Во рок од 3-5 месеци ќе имаме друга власт. Но со или без ДПМНЕ учествувале или не учествувале ние Бојкотираме од принципиелност. А принципиелноста како што гледате се шири и на крај МОРА ДА ПРЕВЛАДЕЕ.
Еве и без отец Ивица како и други јавни лица претежно дпмнеовски бојкотирачи од референдумот, Бојкотирам кај народот не изгуби во силата. Толку ли сме ние мали фанатички остатоци пропагандно силни? Или тоа е заради карактерната правно-доследна вредност на бојкотирањето.
Ако и победи Силјановска што фактички добиваме. Многу малку. ДПМНЕ со истиот состав во истата мера ќе продолжи да биде лојална опозиција. Професорката каква и да е системот ќе ја мели и од нејзе ќе направи марионетка како и сите други премиери и претседатели во Македонија и на Балканот. Сигурно нема отпосле да стане непопустлива кога за да стане Претседател прифатила кооперативни односи со криминалци, предавници и воени злосторници.
До собраниските избори идната година, дури и со Силјановска како Претседател, Заев ќе ја доуништи Македонија по сите основи. Намесников се докажа спремен да употреби сѐ што му е на располагање. До следните собраниски избори – ќе ја дозаврши окупациската инфраструктура, должнички ќе не дозакопа, ќе не потисни преку давање одврзани раце на албанската мафија. А поединци што сеуште преткаме на овој или оној начин јавно или тајно ќе бидеме уценети и замолчени.
П.С.
И уште нешто „фанатичко“ до отец Ивица. Нему за сведоштво.
ПАПАТА НЕМА ДА ДОЈДЕ ВО МАКЕДОНИЈА!
Автор. Мирјанин, Македонски Обичен Верник
Дополнителен аргумент зошто да се *****Б О Ј К О Т И Р А***** и потврда за сето погоре изнесено, па одиме со бројки.
На референдумот имаше излезност од околу 580.000 Севреџани + полнење кутии се доаѓа до бројка од 666.000 Северџани на купче! Значи реални северџанска стока-гласови на кои може да смета Стево-стока се 510.000 до 550.000 Севраџани. И во најдобрите времиња (сега веќе) ДПСМНЕ имаше 420.000 до 460.000 гласови. Целата местенка е како да се превесла Македонецот да излезе на избори и да се исполни условот за цензус, затоа се дојде на идеја да се нивелира во првиот круг каде кандидатите би имале приближно ист број на гласови за да наивните (тие се исто што и будали не постои разлика) па така да помислат дека е возможно Силјановска да ги добие изборите. (да не влегуваме во анализа дека во политичка смисла нема значајна разлика во однос на Северџистан и македонските интереси кај Гога и Стево-с… – тие се само различна страна од иста паричка).
Како потврда (и очевидна нервоза) може да се изнесе и впечатливата акција која е во тек “Операција Метла“ која се спроведува на интернет преку бришење на сите коментари кои нудат аргументи за БОЈКОТ на овие избори (сите мои коментари од последните години кои се против квислинзите од сите бои сите, до еден се избришани и ми е блокиран пристап да оставам коментар, како да мојот глас има некој значај, не сум важен јас туку стотици илјади Македонци кои го мислат истото што и јас!!!!), затоа БОЈКОТ на Северџистан и се северџанско, БОЈКОТ до конечно ослободување од квислинзи и петта кољона! (добро сеа, бојкотот може и да се збогати со иновативни техники и доктрини)….
Инаку во полседно време се обидуваат и со валкана пропаганда (најмногу од редовите на ДПСМНЕ-северџаните, за оние кои заборавиле во Собранието токму нивните 8 гласа од Македонија направија Северџистан) во стилот дека на “…сите им било јасно дека не можело да се врати името Македонија…“, е па оваа е само уште една измама, затоа што е тоа многу лесно а на располагање се има и политички но и правни средства, и тое е толку лесно и едноставно… само Македонците треба да сакаат да се направи и да ја сакаат Македонија – тоа е доволно!
Пријатно изненаден и задоволен. Фактографијата и Принципиелноста на Бојкотирам прераснува во Норма.