РОДИНА му Честита на Македонскиот Народ за Правилната Одлука да Бојкотира Недемократски Избори!
Сподели на социјалните платформи:

 

Реакција на ИО Родина за таканаречените претседателски избори во Северна

Обидот на нелегитимната власт да организира избори по мерка на странскиот фактор заврши неуспешно. Народот веќе одамна ги препозна предавничките игри и на таканаречената власт но и на таканаречената опозиција, кои во служба на надворешни корумпирани политички елити претставени како меѓународен фактор, повторно ги применија сите „балкански“ методи за фалсификување на избори. Но и покрај сите предизборни и изборни манипулации, со заеднички сили, глумејќи демократија а спроведувајќи лудило, сдс и дпне официјално едвај постигнаа цензус од 40%. Неофицијално и реално бројката е многу помала, имајќи ги во предвид официјалните 4% неважечки гласови, но и насила вадените од дома гласачи, купените со пари и уценетите со работни места.

Родина му честита на македонскиот народ за правилната одлука да ги бојкотира овие нелегитимни и недемократски избори.

Родина повторно апелира криминалците од еднопартискиот систем, преку кои 30 години се врши окупација и грабеж врз Македонија, да се повлечат од македонскиот политички простор и да го остават македонскиот народ да си го превземе владеењето со сопствената држава. Вие одамна го изгубивте легитимитетот да ги представувате македонските граѓани, за вас излегоа да гласаат едвај 20% од македонците, односно партиските војски кои во овие 30 години ги вработувавте на сметка на грбот на граѓаните. На овие избори гласаа партиските војски, македонскиот народ не гласаше.

Иницијативен одбор – Родина

Преземено од Родина – Македонија.

Бидете дел од тимот на Родина.

Родина е иницијатива на трудољубивиот и чесен македонски народ.

Електронска пристапница: https://www.rodina.org.mk/pristapnica/

Остави коментар