Да им го направиме Фараж и на корумпираните “елити” во Македонија со #Бојкот и нови неизвалкани сили: “Верувам дека ќе победиме и ќе го вратиме стравот од Бога во членовите на Вестминстерскиот парламент. Тие не заслужуваат ништо подобро од тоа според начинот на кој тие нè третираат со ова предавство“.
Поддршката за Ториевците стрмоглаво паѓа по последната сага на Брексит од Тереза Меј (продолжување од шест месеци, точно до Ноќта на вештерките) и како реезултата на меѓу-партиски разговори со лабуристите за омекнување и компромис со Брекситот (всушност предавство на Британскиот референдумски глас), се чини дека новоформираната Брекс-партија на Најџел Фараџ се појавува како најголем победник во целиот овој Брексит хаос.
Според последната анкета на YouGov , втора за два дена, новоформираната партија Фараџ, која стана официјална партија за излегување во петокот за време на митингот во Ковентри, ги прескокна двете партии на претстојните парламентарни избори во ЕУ.
Анкетата ја става Брексит партија на 23 отсто, лабуристите на 22 отсто и конзервативците на 17 отсто. Промени за Велика Британија, група пратеници кои дезертираа од конзервативците и лабуристите претходно оваа година, имаат 8 отсто, веднаш зад Партијата на зелените со 10 отсто и Либерал-демократите со 9 отсто.
Интересно, извештајот укажува на тоа дека Брексит партијата привлече поддржувачи од УКИП по заминувањето на Фараж – од УКИП кон крајот на минатата година.
Ова е подобрување од анкетите спроведени пред само неколку дена , кои покажаа поддршка за искачувањето на Партијата Брексит, иако таа сè уште беше зад двете доминантни партии и УКИП.
Според најновото испитување на јавното мнение, голем број поддржувачи на Брексит се поранешни Ториевци кои се бесни на Тереза Меј.
За време на лансирањето на партијата, Фараж, беше придружен од Анунсиата Рис-Мог која рече: “Верувам дека можеме да победиме на овие избори и повторно да го вратиме стравот од Бога во нашите членови на парламентот во Вестминстер. Тие не заслужуваат ништо подобро од тоа според начинот на кој тие нè третираат со ова предавство“.
И Фараж ги објави последните резултати од анкетата на Твитер:
There is a long way to go, but it is clear that there is a desire to change politics for good.
Positive vibes! https://t.co/sjlxt8YiLS
— Nigel Farage (@Nigel_Farage) April 17, 2019
Ентони Велс, директор на политички истражувања на YouGov, ја припиша популарноста на партијата на “добро брендирање”.
“Тие имаат многу добро брендирање – тие го права она што го велат. Ако сакате да кажете” Јас го поддржувам Брексит”, имате партија таму која се вика Брексит партија.
Фаражата ја предводеше Велика Британија на победа на изборите за Европскиот парламент во 2014 година, кога беше на врвот на анкетата со 26,6 отсто од гласовите.
Ако Фарж успее со Партијата Брексит – за која рече дека има десетици кандидати подготвени да учествуваат во трката – тогаш Брисел ќе има сериозен проблем а тоа е коалицијата на анти-естаблишмент евроскептици од Италија, Унгарија, Полска, Велика Британија и на други места, кои ќе формираат значаен плурализам во Европскиот парламент.
Шо е деја ву, деја ву е. Истиот од претходните избори. Болест. Воа восочнава солдатеска од обете страни почна да напаѓа дури и на леб и млеко.
Познаничка со која си социјално исклучиво на метеорологија, муабет ведро-облачно , наеднаш ти пристапува со радоС и воодушевување ко во најмала рака да си и некој воскреснат вујче од америка. Ко тоа сирачките од Прилеп. За како-си нормално нема време. Држ за лакт и право у очи татважа за партиската и опција. Ти го прераскажува сакато се она што централата го сере по новини. И никако да се откачи. И покрај тоа што цел си во потврдници колку да се спасиш од бељата.
Од пусти страв тука пред луѓе, во овој еротски предизборен амок, строго партиски, да не те фати за кур или ти бапне јазик у грло. При што на растанак добиваш и едно молежливо а јебозовно “гласај жити мајка ради мене”.
Ќе праша некој зошто го загадив уводниот параграф. Намерно почитувани. Како супстанца за контраст.
Заради оние кои сеуште не излегле од заградата. Упорно тепани у глава до хронична малоумност. Уште од основно па наваму. И логичнава окупација.
Експериментално малку и за Македонската седма осмина.
Се нашетала по белиот свет и отпила од многу кладенци па сега не и е проблем ко возење точак да се хармонизира со “штогоде” што има душа.
Кога целата Војна и мир се прераскаже само во еден здив. Војнаимир. Не може А? Сигурно?
Може може само треба IQ. Доказ? Аналогијата на Трендосаурус Рекс за Кенеди и Мерлин. Текнува?
Целава калакурница за која на Шекспир би му требале бар 20 драми СПОПИКАНА во една седумосмина. Шекспир цркни.
Па и она момето Дурловско. Мислиш пее тешка германштина, а всушност со таква таквост(scent) и Самодоверба на Македонско девојче. Просто да ти е страв некоја наша будала од задниот ред да не искоментира воодушевено оп-паа-их-ха-хаа у сред концерт. Додуша не би му зел за трајно. Таква е моќта на седмата осмина. https://youtu.be/ILP9Psjh_5Q
Да ги од-заборавиме Мањифико на пример и нивниот гигаизлет, ко ете на пример Каскабел.
Ваквиот пат околу светот е можен само со седмата осмина која е чудно емпатична со секоја светска хармонија и душевност. Музичка планкова константа.
Да не заборавиме во какво сиромашно опружување и технологија се пробивале, пробиле и етаблирале. И коме се не запеале. https://youtu.be/AShHuQYxV7U
И сега брз премот напред во денешнината страв технологија. А? Мизерија нели? После првичниот вселенски исчекор на Мањифико, штама и гаснење ширум Македонија. Повзем нула.
Тригонгологија … Лулеам, лигавееш, улавее, лелеавиме, тетеравите, чучулат. Нели се чувствува мачната рака на “откајгоде” програмските уредници/продуценти и останати цецоиди кои платенички умртвуваат се што може да индуцира било каков намнис на НЕА. Блеквотер. Безкислородие.
На пример со нечовечноно бомбардирање на медиумите со Карлеуша (инаку моја омилена прчла поради односот нога таван). Ја сервираат брате ко сол и бибер. Чудно ми чудо. Се ебнала девојчицата скраја. Нејзин ќеф. Што има сега ние да бидеме вовлекувани во бескрајни јамки. Се со цел да Даутовски и Окарината пројдат незабележани или едвај во некаков сожалив еднореден запис. Ко за на бандера боже ме прости. Абе Тошета ќе го оставеа за по родендени да не му беше Љиља.
https://youtu.be/-8ryiu8zMoI
Автохтон развој/едукација на слушната душа кај Македонскиот ново-конзумент врз толку богата музичка традиција? Нема шанси. Дупси дупси им е главната протеза на “варошлиите”. Тепање у глава.
Јербо кока кола/авалон така вели. Напрај-настап-у-Македонија-па-умри.
И сега едно заебано прашање. Кој е “попрв”? (а кој “повтор” поради реториката). Јајцето или кокошката.
Уметникот е ноторен интроверт. Со право. Егото му е колку вселената. Во самоодбрана на внатрешнииот макотрпно створен свет. Само преку нишан. Поради многуто пуфееж (пардон мај френч) кој веднаш се лепи: “Бате … па ова било лесно … стрејнџрз ин д наааајт”
Од другата страна за тангото треба друг вид на уметник. Мас-уметник сo 7/8 на петта. Продуцент/организатор со бесконечна визија/разбирање на причинско последичните односи меѓу Оригинацијата и Конзумацијата. Кој ќе го препознае Уберот и ја распостеле својата гешталт дополна. Мултимедијален Тим пред се. Оние недостатувачки нешта кои уметникот ги презира но се неопходни ко лажица за Врела Супа. И ќе успее, со истиот уметнички талент, да ги изВаби овие универзуми и скоцка во сосема нов мултиверз. Во прецизни чекори кои водат кон катарза(збогум памет) на перцепториумот. И финансиерите. Шо у културен свет се вика настан на сезоната.
https://youtu.be/ADwfyxpriAM
Кој е попрв? Јајцето или кокошката. “Најпрв” бил петелот почитувани. Клубот. Кадешто се мегданат и шлифуваат концепти па дури после го прекипуваат млекото низ врата па на улица право до стадионите. Филип втори. Таму нема место за прелага и рап. Само дамар на дланка и со господ напред. Таму се ствараат легенди, уметници, продуценти, водители. Во рововски дуел со заљубениците.
А не бап одма па во некаква изолирана, зајачка, секој во своја, еднонасочна дупси дупси маалска трафика на вујче стоилко. Или партија.
Шо не верувате? Ја ви ја доказ чист ко солза. Како требаше мањификовиот каскабел технолошки да еволуира до денеска. Или Делфина. Или Кажи зошто ме остави. Како ли би звучел Балканот на Даутовски во една мас оркестрација?
https://youtu.be/VNWYAZz5Vm8
Додуша Лебисол повлече нога. И тоа километарска. Џабе. Еден Џајковски или Некстајм пролет не прават.
Шу рече? Сме немале инструменталисти? Ај …
https://youtu.be/N4UjsIPn8UA
Или она моме (сега веќе жена) која те остава во оној мачен лакукарача момент. Кога не знаеш дал да гу усвајаш ил да гу удвараш. Момето не да танца него танцабе. (2:20) https://youtu.be/JELnLze7txE
Да ги спомнам и Надето и Јована пошто за вакви Јани војни избивале.
А бе ова каскабелов се разЅвонил, раат не остава. Ќе мора да бапнам еден Симонов Рахмањинов. Шумеќи.