Русија ја Прекина Целата Соработка со НАТО кој Натрупува Сили на Руските Граници, Изјави Претставник на МНР!
Сподели на социјалните платформи:

Додека НАТО трупа воени сили на границата со Русија на Балтикот, Источна Европа и накај Теснецот Керч во Црното Море, Русија ја прекина сета соработка со Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО). Ова го изјави во понеделникот заменик-министерот за надворешни работи, Александар Грушко, во интервју за државните медиуми.

Западниот сојуз ја прекина воената и цивилната соработка со Русија во пролетта 2014 година како одговор на анексијата на Москва на полуостровот Крим. Неколку спорови, вклучувајќи го и поморскиот спор во теснецот Керч и повлекувањето на САД од нуклеарната спогодба од времето на Студената војна, дополнително ги затегнаа врските меѓу Русија и 70-годишниот блок.

НАТО самиот се откажа од позитивна агенда во своите односи со Русија. Таква агенда веќе не постои “, изјави Грушко за државната новинска агенција РИА новости.

Грушко, постојан претставник на Москва во НАТО во периодот од 2012 до 2018 година, рече дека актуелниот спор го одразува “статус квото” од Студената војна што доведе до создавање на НАТО во 1947 година.

Дипломатот го предупреди НАТО против воен конфликт со Русија, велејќи дека “сите разумни луѓе се надеваат дека тоа нема да се случи”.

Тоа ќе биде хуманитарна катастрофа. Сигурен сум дека го разбираат тоа во Вашингтон и Брисел“.

Интервјуто на Грушко доаѓа еден ден откако сегашните и поранешни американски воени офицери изразија загриженост дека недостатокот на комуникација меѓу Москва и Вашингтон може да доведе до нуклеарна војна “по грешка или погрешно пресметување и проценки“.

“Ние сме во опасност да се вратиме назад во Студената војна, што не е добро”, Асошиетед прес цитираше Џејмс Ставридис, пензиониран воен адмирал, кој беше главен командант на НАТО во Европа од 2009 до 2013 година. “Без стабилен ангажман на политички ниво меѓу воените сили ризикот од вистинска нова студена војна постојано се зголемува“.

Остави коментар