Специјалецот Сашо Житошански: Давам Отказ, Јас Сум Македонец, Не Сакам да и Служaм на Северна!
Сподели на социјалните платформи:

Сашо Житошански, специјалец во Министерството за внатрешни работи даде отказ поради обидот за предавство со новото име. Сашо на Фејсбук профилот напиша:

 

Во 2015 година се заколнав дека ќе го штитам Суверенитетот и територијалниот интегритет на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, мојата Татковина и наследството од нашите предци и ќе ги штитам нејзините граѓани, доколку е потребно и со мојот живот. Но НЕ и некаква си вештачка СЕВЕРНА творевина, креирана од предавници и среброљубци, а одобрена од народот.

Затоа на 25.03.2019 поднесов до Министерството за внатрешни работи на РСМ НЕОТПОВИКЛИВ ОТКАЗ и за тоа ќе платам 3800 евра казна за годините кои несебично ги вложив во Министерството. Како првенец на генерација во Основно училиште, првенец на генерација во Средно училиште, помеѓу првите 3 студенти на Факултетот за Безбедност со просек 9.57, првенец на Класа 2015 (машки) во Центарот за обука на МВР, одликуван лично од тогашниот Министер за внатрешни работи и за скоро и Магистар по Криминалистика на Факултетот за безбедност, целокупниот мој живот и образование го насочував кон одржување и унапредување на безбедноста на ова свето парче земја и на овој народ. Но за жал денес јас не го препознавам овој народ, зошто кога најмногу и требавме на Македонија никој од дома не излезе, а сега се полнат автобуси за партиски митинзи… Партиите и личните интереси ви се побитни од Македонија. Жално…

Не сакам ниту да споменувам за -0 Економија, за корумпираното и исполитизирано до максимум судство и полиција, за катастрофалното здравство итн. Од мал бев патриотски воспитуван да си ја сакам татковината и да ги почитувам сите кои го дале животот за неа, се наежував од самото интонирање на химната од која денес некои се срамат, од текстовите по историја за храбрите подвизи на нашите предци, но да го дадам животот за политички корумпирани игри и нивни лични интереси, не ни намислувам. Еднаш изјавив дека ќе извадам ако треба пасош од “Тунгузија”, но не и од Северна и стојам на тоа, но каде и да сум јас во мене знам дека сум МАКЕДОНЕЦ и тоа никој не може да ми го одземе.

 

1 thought on “Специјалецот Сашо Житошански: Давам Отказ, Јас Сум Македонец, Не Сакам да и Служaм на Северна!

  1. SEKOJA CHEST Mlad Gospodine ete im POKAZAVTE i na Postarite Vo Policijata koi Sekogash Se VADAT oti se Profesionalci i Sliushaat Naredbi (Sega od Odrodeni Chadorski Crpnati OPINOCI) Tochno Mlad MAKEDONSKI HEROJU Vie Se ZAKOLNAVTE na VERNOST na REPUBLIKA MAKEDONIJA i MAKEDONSKIOT NAROD (Gragjani) a ne Na Nekoj Tamu Severgjanski IMBECILI Bez Mozok (Prazni Glavi ni Pilevina Nemaat) i Sosema LOGICHNA e Vashata Odluka a jas Velam KAMO Kako Vas da BEA Barem 10% od Policajcite = AMA NE Pomila im E Platichkata od Chesta = SAMO da se ZNAE vo IDNATA MAKEDONSKA Vlada Mesto Ke Ima Samo na HEROI Kako Tebe a Onie Kleknati so Smknati Gajki Ke Si Ja DOBIAAT Klocata na Vistinskoto Mesto. DA Si ZIV i ZDRAV. Da Ni ZIVEE MAKEDONIJA SPOLAJ VI

Остави коментар