Порака од Институциите на #БојкотПИ! Читаме Полека: Р.Е.П.У.Б.Л.И.К.А М.А.К.Е.Д.О.Н.И.Ј.А – Бозон Блог!
Сподели на социјалните платформи:

 

Најверојатно од немукает, милимицко на крајот ја протече тајната цијагонала дека “работите се менувале од внатре”. Ду. Боко.13. Нема што. Демек системски. Во сепарето само за одабрано друштво. Ахааа … демек затоа дпне го остави народот што протестираше на цедило и проветрина и хероите по затвори. На мумифкација. Пирамидите допрва ќе ги дадат на тендер. А сега инсистира/мами во соучесништво. Тоа што системот го превртеа во ендек со тркалата во воздух? … дур вртат по инерција … дур пеевчињата течат … добар е Џеки.

Аналогно на увезената констатација “Оној кој бара се повисоко дрво во надеж да стигне до месечината”, старите добри Македонци ова би го формулирале како “Оној кој им се увлекува се подлабоко во надеж дека ќе стигне до мозокот”. Апропо латинскиот Reductio ad absurdum, Македонецот низ страднатаму историја научил да упростува до совршенство. Вакви велеслаломи со скриени знаменца по методотму Reductio ad Supremum. ги заведува под графата ТуриПепел.

Каде ете нешто и гога им се поболува само после една недела митингување. Веќе покажува знаци на сдастоќа. Шо хрватите генерално би го окарактеризирале како бедастоќа. Загатнува карокан закани сакаат-ама-јас-не-давам венецијанска пропаганда за дводомие и марширање на народот во магарешки клупи. Суверен под кирија. Рикеровата свежа крв. Му се наоѓа при рака на зајко и апологетитему. Облекната во пригодни велеслаломки со безмесни твитови кои специјалната подкласа на плжаи ги разбива по наслови ко завеси. Гуши. Кај јоган туј и веган. Да ги одмени троа неизбраниве, пошто почнаа ептем да шлајфуваат.
Во ќорава верба дека полицијата на роро и бамиз, како и судовите на фатица и катиме ќе ги дочува под чергата на еу. Во нивната нео-ројалистичка влекачка упик морфологија.

Гледаме на монтерите од УКралштината ептем им оди убаво со брегзитот. Сами си го иницираа па се вчудоневидеа, сега пишман бадмингтон. Не знаеле деците што се триста кила.

Додуша и пендерот, кого англоцидните политички коректни би го заебавале како challenged, а ние културно како зарипнат, не поминува подобро. Реи брате на износена фрчкоина. И покрај цел тој пувни-да-дишнам ветер у грб од сирачките и слична као-студентарија.

Ене ја и јоци. Нападно зарипнала од речната авантура. Мачно живеат тоа сдсовците само со сопствена мисла во главата. Некако многу им одекнува. Шпон … зор… зор … зор … Па и оние насмеани инкогнито генерали од истата провин(Ц)иенција. Спијте мирно лујџе. Со кондури нанозе. Стиго кетеринг.

Додуша шверцерот си останува шверцер. Систем не им треба. Самите се систем. Шуубо. Цел живот. Лапни глтни какни твитни … ристина прашина. Шверцерлакот како неолиберална илуминати иницијатива (free enterprize) бара само малку време за морален ајнштелунг. После не се знае кои ќе бидат новите таленти и ѕвезди. Еднаш штом велот на сегрегација се инстиуционализира, административната репресија ќе почне да страда по сообраќајки.

Одвнатре-то на милимицко. Инсајдерски шо би рекол Вол стрит. Патем за инсајдерството таму се робија. Меѓутоа во оваа новостворена нео-либерална исцедина, каде на ачик се тркалаат инсајдерски приватни бизниси за пирамиди е неопходен предуслов. Под јавката јавно партнерство. Ко небулознава приватизација на здравството па и фотоволтаичнава шума. Од соодветната мафија.

Приватизација над туѓо. Не му остана многу за шиткање на сдсто. И новостворената дпне подкласа на мутанти. Шо би се рекло саде Икс човеци. Џинови од подмочани. Запамтете ми го зборот. На ред ќе дојде и Охридското. Вија шајка не заковуваат, само рѓосуваат. Во бранот на приватизација ене и цајканите сами си ги купувале униформите. Сам свој цајкан. Иднина.

Неочекувано проѕирната акција на сељачка опструкција над ЉупчоП и закажаното легитимно право на заинтересираните за своја глава во Прилеп, укажува на ентитети кои незадоволни од тогашната распределба на медот и млекото менуваат страна ама љочките си ги чуваат. Нешто познат манир.

Ете кај понирало енормното задолжување. Ваква монструозна надпартиска скаламерија “дојде живот” не се крепи на верба. Исклучиво на тврда валута и измеќари.

И ја паламудат тоа гогите и реките неповратноста на правната норма. Што-било-поминало. Демек од-сега-па-натаму. Што во суштина само ја потенцира нивната ефтина намера за спасувачки појас..

Како и монструозниот превзем на правната фотељашка каста над Животот. Донесен со шверцерлак ама користен како закон.
Лесно се преформулира во што-било-се-вратило. Илиде од-27ми-ништо-не-важи континуумот. Штетата на штета на сторителот на неделото. Само тврда воља и издржие. Впрочем и претседателот Хуго Чавез ја ДО-КА-ЖА Повратноста со национализацијата на шверцерската приватизација на нафтата во Венецуела. Зашрафи дватројца од правната каста на огласна табла.

Јасното сегашно дефокусирање од вистинската состојба преку непотребни пропагандни трибини и енормно трошење мастило, плунка и тастери укажува на холивудска завера на скршените кичми.

Смешни и празни средби/сликања со тија и вија во трошење на медиумскиот простор до последен грам. Хуманитарно бомбардирање. Во пуста желба да ја прекријат секоја ѕирка и проѕирка.

Ама пораката од Институциите на #Бојкотирам никако да ги допре и да се опаметат. Им нема спас.
Пораката со reductio ad supremum гласи: РЕПУБЛИКА. МАКЕДОНИЈА.
(Што ја подразбира Нормата што-било-се-вратило. На 27-ми.)

За крај, онака за душата, само како споредба со летата кога кајсиите истураа мириси по дворовите и улиците, една новоградска горко еротска балада на текст на Ацо Шопов и музика на Триангл.

Кога девојките/жените како и Македонија зрачеа со Scent. Такво.

 

Остави коментар