Европарламентот Изгласа Плаќање Репарации на Црнците Поради “Системскиот Расизам” Против нив во ЕУ!
Сподели на социјалните платформи:

Европскиот парламент побара широк блок акции, вклучително и “репарации” за борба против “структурниот расизам”, кој се манифестира против луѓе со африканско потекло во Европа, кои според Брисел на пример добиваат пониски оценки и се под зголемена полициска контрола.

Во она што беше опишано како “историска” резолуција усвоена со 535 за, 80 гласови против и 44 воздржани, на земјите-членки на ЕУ им беше наредено “да развијат антирасистички политики и да ја спречат дискриминацијата во областите образование, домување, здравство, кривичното право, политичкото учество и миграцијата “.

Поради зголемување на афрофобните напади, европратениците ја повикуваат Европската комисија и земјите-членки на ЕУ да ги признаат расистичките, дискриминаторските и ксенофобичните страдања на афро-европејците и да понудат соодветна заштита од овие нееднаквости и да обезбедат дека кривичните дела на омраза се соодветно истражени и санкционирани“, се вели во соопштението на Европскиот парламент .

“Пратениците го осудуваат малтретирањето на лица со африканско потекло во полициски притвор, наведувајќи ги бројните насилни инциденти и смртни случаи кои се случиле додека биле во притвор. Тие, исто така, ги подвлекуваат и честата употреба на расни и етнички профилирања во спроведувањето на кривичните закони, мерките за борба против тероризмот и контролата на миграцијата, и ги повикуваат земјите-членки да ја прекинат оваа практика “.

Повикувајќи го Брисел да формира тим на официјални претставници фокусирани на борбата против “Афрофобија” и да усвои “стратегија за разновидност и вклученост на работната сила”, со цел да се зголеми процентот на вработени со африканско потекло во својата работна сила, резолуцијата, исто така, наложува на Комисијата да подигне трошење на програми финансирани од даночните обврзници посветени на помагање на жителите на ЕУ со африканско потекло.

Резолуцијата ги охрабрува институциите на ЕУ и земјите-членки да ги поправат минатите неправди и злосторства против човештвото, извршени во името на европскиот колонијализам. Овие историски злосторства сè уште имаат негативни последици за луѓето од африканско потекло“, се наведува во соопштението.

“Пратениците предлагаат да се исплаќаат репарации, и јавни извинувања и да се вратат украдените артефакти во нивните земји на потекло. Парламентот, исто така, ги повикува земјите од ЕУ да ги декласифицираат своите колонијални архиви, како и да презентираат сеопфатна перспектива за колонијализмот и ропството во наставните програми. ”

Тој додава: “Околу 15 милиони луѓе од африканско потекло моментално живеат во Европа. Тие се соочуваат со постојана дискриминација и се предмет на длабоко вкоренети негативни стереотипи”.

“Доказите сугерираат дека афро-европските деца добиваат пониски оценки на училиште од нивните бели колеги, а нивната стапка на рано напуштање на училиштето е значително поголема”.

Резолуцијата беше подготвена од европарламентарец од Конго и активист за масовна миграција, Сесил Киенге, кој минатата година тврдеше дека расизмот во Европа мора да се сруши со “помагање” на домородните граѓани на ЕУ да се помират со “промената на населението” за кое тврдеше дека ќе биде неизбежен дел од глобализацијата. Прочитај повeќе овде: ЕУ: Европа ќе Биде “Идеално Засолниште” за Мигрантите од “Климатските Промени и Сиромаштијата”!

Потпишувањето на резолуцијата на Европскиот парламент дојде кратко време откако институциите, вклучувајќи ја и Агенцијата за фундаментални права на ЕУ (ФРА), издадоа соопштение во кое ги упатуваа земјите во блокот да воспостават нови правила за фаворизирање на етничките малцинства на работното место.

Според самопрогласените организации за човекови права, од витално значење е земјите од ЕУ да обезбедат еднаквост на исходот аа не еднаквост на можностите меѓу мигрантното население и домородците на пазарот на работни места на континентот, со цел да се осигура дека блокот е опремен со “различноста Европа треба да остане релевантна” во глобалната економија.

Или, како што ЕУ Комiсијата најави: Еврпа е “премногу бела” и тоа мора да се “корегира” со масовна миграцја од земјите на третиот свет.

Остави коментар