Единствено Што ги Плаши и Двајцата, Заев и Мицко, е БОЈКОТ! Да им Покажеме Кој е Овде Власт! – Ливрински Блог!
Сподели на социјалните платформи:

Веќе месец дена како измина од кога партиите ги предложија своите кандидати за избор на новиот претседател на државава. Сдс и кандидатот Стево Пендаровски отворено и јавно кажуват дека нивниот кандидат е кандидат за претседател на Република Северна Македонија (РСМ), тоа може да се види и од рекламата  на нивната кампања каде впрочем и стои напишано.  За разлика од нив ДПМНЕ убедува дека нивната кандидатка Гордана Силјановска Давкова е кандидат за избор на преседател на Република Македонија и ако таа ни кажа јавно дека е легалист и дека ќе го почитува новото име на државата.

Во поглед на престојните претседателски избори, можен е исход во три сценарија кои би можеле да се видат во поглед на предстојните избори.

Прво, Изборот на Гордана Силјановска- Давкова  како избор на кандидат на ДПМНЕ за претседател ќе има за цел да го апатизира  Вмровското гласачко тело, да не излезат на гласење се со цел, за да победи против кандидатот на СДС во овој случај Стево Пендаровски.

Второ Сценарио, Изборот на кандидат за претседател на СДС, Стево Пендаровски  кој како кандидат ги изгуби претседателските избори во 2014 година , и кој досега се има доста избламирано на политичката сцена со неговите глупави и цинични изјави  како дека народот е глупав, стока и сл. Што на нормален, асален и човек со здрав мозок после тоа би му било страм не да се обрати, туку да се појави пред сопствениот народ, а камоли да го бара неговиот глас. Гледате дека дечково ни страм ни перде има не да се појави пред сопствениот народ, туку и гласот го бара од него, за да после тоа го вреѓа.

Во ова второ сценарио изборот на Пендаровски како Кандидат за претседател на СДС би бил со цел да се апатизира Македонскиот народ (нормалниот гласач) за да излезе да гласа за против кандидатот, во овој случај за Гордана Силјановска – Давкова. Но во случај на победа на второво сценарио треба да е се договорено. Договорено за СДС да стави таков слаб и безкапацитетен човек, кој ќе го апатизира гласачкото тело во корист на против кандидатот, дали тука станува збор за дилот на Мицковски со Хан за тоа Мицковски да не го попречува процесот за прифаќање на името РСМ, навистина не се знае! И дали е ветено од страна на Хан најпрво преку претседателски избори, а потоа преку парламентарни избори ДПМНЕ да се врати на власт, тоа не го знаеме, но сигурно е дека некаков договор се има.

И третото, последно сценарио е бојкотот што е и најверојатно победоносно сценарио. Бојкотот ги врзува сите апатизирани гласачи и од едната и од другата страна, сите оние Македонци кои се против легализација на северната ( без оглед дали се лево или десно орентирани), сите оние кои сакат радикални промени, сите оние кои се против 30 годишната игра „ Симни се мурто, качи се курто.“ „ ти мене  војводе, ја тебе сердаре.“  Е тоа е бојкотирам кој со сигурност ќе издвојува победа. Еднаш извојува на 30.09.2018 година, сега повторно ќе извојува победа. Да не ве лажат различни анкети, бројки, посети на митинзи, народот инстиктивно си знае што треба и како да прави. Тој силно ќе бојкотира!

Токму како што можевме да видиме во последно време бојкотирам е силно нападнат. Ги плашат двете наши партии СДС и ДПМНЕ. Притисокот спрема бојкотирачите, поединците и групите е силен.  ДПМНЕ е во страв, членството слабо му се ажурира. Заев е во паника, не може да му се легализира Севернава, ако не успеат претседателските избори, севернава му останува Мртвороденче затоа сака избор на претседател, цензусот и изборот на било кој кандидат за преседател ќе се смета како легализација на Северната му.

Љупчо Палевски – Палчо беше приведен поради тоа што Бојкотира и поради тоа што на виделина изнесе бомби како за власта, така и за опозицијата. На нашата Фашистичка власт и се допаѓа кога само кога таа пушта бомби, клевети, оговара, ами кога друг за нив истото го прави тогаш не е во ред! Само тие си имат право да пуштат афери за други, бомбичиња, да оговараат нели? Во 2009 година, истите овие типови рекоа дека само тие имат право да владеат со Македонија, дека само на нив им припаѓа тоа право! Ако тоа може да се толкува тоа значи дека дечкиве од старт ни кажа дека тие се самобендисани, дека тие се над останатите, над нас обичните, над народот и они нема за што да одговарат над останатите.

Новинарот Бобан Нонковиќ беше нападнат на facebook поради тоа што бојкотира! Се на се бојкотирачите се нападнати од двете партиски врхушки. Загриженост за престојните избори постои на двете страни, тоа можеме да го видиме од изјавите на Заев како и на Мицковски дека најмногу им е страв дека народот ќе бојкотира тие двајца го повикаа народот масовно да излезе и да гласа. Затоа напред бојкотирачи да им покажеме кој е власт и суверен на ова држава и дека нас суверените газди има да ни ја респектират нашата волја.

Мишко Македонски Ливирински, Скопје, Македонија.

Остави коментар