Данска: Убиства, Џихадисти од Хизбут Тахрир, Анти-Имигрантска Група го Запали Коранот во Копенхаген!
Сподели на социјалните платформи:

Во Данска повторно убиства. Според полицијата, нападот се случил во областа на Рунгстед, недалеку од градот Хорсхолм. Данската полиција објави за инцидент во кој загинаа неколку луѓе кои беа повредени во Рангстед, област соседна општина Хорсхолм на брегот Оресунд северно од Копенхаген, Данска.Според полицијата како и секогаш мотивите зад нападот остануваат “нејасни”.

Претходно, Данската анти-исламска партија Срам Курс (Тесниот курс) се соочи со исламистите од терористичката група Хизбут-Тахрир кои протестираа пред Данскиот парламент во Копенхаген и јавно го запали Куранот. Настанот започна како петочна молитва на исламистичка група Хизбут Тахрир која редовно се залага за глобален калифат, за време на поменот на жртвите на нападот врз муслимански верници во Њу Зеланд пренесува Jyllands Posten. Хизбут Тахрир групата која се залага за шеријат слободно делува во Данска додека е забранета во неколку други земји, вклучувајќи ги Германија, Кина, Русија, Турција и многу земји на Блискиот Исток.

https://www.youtube.com/watch?v=FdLUJVPoUNA

Лидерот на “Срам Курс”, Расмус Палудан, исто така, беше присутен на контра-протестите на 100-те или повеќе исламисти и вети дека ќе изгори копија од Куранот завиткана во сланина. Групата подоцна ја запали исламската света книга на околу 1:20 попладне, според новинарот на сцената.

 

Данска има за нијанса построга политика против радикалниот ислам и масовна миграција од другите западни земји, како на пример со донесувањето на забрана за покривање на на цело лице, исламскиот хиџаб, во мај минатата година. Говорниците на настанот организиран од  Хизбут-Тахрир рекоа дека данскиот парламент е соучесник во терористичкиот напад поради ставовите на данските политичари за муслиманите и исламот.

Земјата, исто така, усвои закон со кој се бара од мигрантите да се ракуваат со локалните власти со цел да добијат државјанство, нешто што понекогаш не им се дозволува на муслиманите ако ракувачот е од спротивниот пол.

Неколку дански пратеници беа присутни и на двата протести, кои беа разделени од страна на полицијата. Социјалдемократот Ларс Аслан Андерсен ги набљудуваше двата протести и рече за исламистите: “Тие се лицемери” истакнувајќи го начинот на кој групата говореше за Евреите и дека тоа ја негира нивната поента кога се сеќаваат на жртвите на терористичките напади.

Хизбут-Тахрир стана познат во Велика Британија во текот на последната деценија и одржа сличен митинг во Лондон во 2017 година, насочен против државата Израел.

Остави коментар