Американските Сили Избегаа од Либија Пред Генералот Хафтар кој го Завзема Триполи! Над 20 Жртви во Борбите!
Сподели на социјалните платформи:

 

Генерал Калифа Хафтар

Вака секогаш бегаат подржувачите на џихадистите кога ќе стане густо. Набркани од Авганистан, Сирија сега и од Либија. Еден мал детал. Не земаат никого со себе предавничка хунто! Американските војници се евакуираат од главниот град на Либија во Триполи, бидејќи борбите помеѓу владата поддржана од ОН и генералот Калифа Хафтар, со седиште во Бенгази, кој тргна на Триполи, оставија најмалку 21 мртви и 27 повредени. Прочитај повеќе овде: Бившиот ЦИАш а Сега Руски Протеже “Гадафи 2.0” со Војска Веќе во Триполи за Обединување на Либија!

Африканската команда на американската армија (АФРИКОМ) во неделата ја објави евакуацијатакако одговор на безбедносната ситуација што се развива таму“.

Безбедносните реалности на теренот во Либија стануваат сé покомплексни и непредвидливи“, рече командантот на АФРИКОМ, генерал-мајор Томас Валдхаузер. “Дури и со прилагодување на силите, ние ќе продолжиме да остануваме агилни во поддршка на постојната стратегија на САД“. Снимките на социјалните медиуми покажаа два брзи транспортни бродови на американската морнарица кои се движеа покрај плажата во Јанзур, во западните предградија на Триполи, испраќајќи облаци од вода додека американските сили беа евакуирани од брегот. – Гардијан

Хафтар – кој ја зацврсти контролата врз источна Сирија и ја зазеде јужна Сирија во јануари годинава, се обидува да го заземе Триполи и да ја преземе воената контрола на целата земја, откако неговата Либиска национална армија (ЛНА) тврди дека го обезбеди меѓународниот аеродром во Триполи.  Некои меѓународни  извештаи потврдија  дека ЛНА се здоби со целосна контрола над аеродромот подоцна истиот ден во саботата, но други конфликтни извештаи велат дека ова било прерано , што би можело да значи дека борбите се уште траат во Триполи.

Видео кое се смета дека е од внатрешноста на аеродромот во Триполи беше објавено во социјалните медиуми во саботата.

Нападот на ЛНА за главниот град доаѓа пред разговорите спонзорирани од ОН планирани да почнат следната недела, со цел да го отворат патот кон нови избори, според  Гардијан. ОН, пак,  апелираше за двочасовно примирје, така што жртвите и цивилите би можеле да бидат евакуирани , според Би-Би-Си. Молбата не беше послушана и борбите продолжија.

Тарек Фатах сумира: Калифа Хафтар, од Либиската национална армија објави офанзива за Триполи се спротивставува на исламистичкиот екстремизам; Има поддршка од Египет и ОАЕУ; ОН го поддржува премиерот Фаес ал-Сарај, кој вели дека Хафтар е диктатор.

 

Остави коментар