Ако есента и зимата Македонија гореше политички, пролетта ни започна со вистински пожари. За сите пожари, и политичките и шумските, прстите вперени во т.н. “власт”.
За огнената стихија прв од надлежните се огласи командирот на противпожарната единица во Скопје, Љубомир Кочовски, пренесува Јавно.мк. Кочовски вели: „Буквално сите пожари на отворен простор, најодговорно тврдам дека се подметнати. За причините во некоја друга прилика. Исто како и пластичните контејнери кои, статистички гледано, горат во Карпош и Центар во 90% од случаите. Реков дека во некоја друга прилика може да кажам дали пожарите имаат политичка заднина?“
Надлежните институции, наместо да ги бараат виновниците и соодветно санкционираат, и оваа година ќе го ограничат движењето и уживањето во природата на обичните граѓани. Па така секој рекреативен излет на најдобронамерен уживател во македонската природа може да го кошта до 2000 евра. „За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.“ велат од самопрогласената нелегитимна владата.
„Ако досега ги казнуваа виновниците, сега немаше да има пожари. Полицијата не сака да ги открие и покрај пријавите“ вели анонимен сведок, кој пред некоја година и сам се уверил во намерното опожарување. „Човек со мотор застана, распрска бензин и ја запали боровата шума. Јас и останати доброволци заедно со пожарникарите и вработени во шумското стопанство цел ден и цела ноќ го гасневме пожарот. Виновникот не го фатија“. Додава тој и посочува дека доколку се прекинат профитот и интересите од пожарите истите ќе престанат. Но за ова “власта” нема слух.
Пожарите покрај директната штета по природата, може да предизвикаат и индиректна во човечки жртви. Ангажманот на противпожарните ресурси во планините, може да предизвика и најмал банален пожар во урбаните средини да доведе до човечка катастрофа. „Поентата е дека во моментов Бригадата работи со намален број на луѓе кои прават натчовечки напори за да ги угаснат пожарите. Скоро половина од возилата се секој ден на сервис. Се троши огромна количина на гориво. Возилата се уништуваат затоа што мора да се вози и по непристапни места.“ додава командирот на противпожарната единица во Скопје, Љубомир Кочовски.
Наместо да се поднесуваат оставки затоа што гори половина Македонија вклучително и национални паркови со ретки птици, власта ужива по кафулињата. „Македонија гopи, Аднан Џаферовски (суратoт од десно), директор на дирекција за зaштитa и cпасувaњe, денес си coolира на кафица. Го бoли yвo него, Мерко и СДС што Македонија гopи, тоа ваљда им е и у агенда! Имате ли бре вие нешто у тоа тиквитe или до толку тука си нaчекавте село бeз кyчињa па дери го народов до коскa? Вас народов не што не треба да ви излезе на избори да ве гласа и дава легитимитет, туку треба да ве плука по улици“, стои во Фејсбук објавата на Александар Пандов.