Неморалноста е Знак на Историското Пропаѓање на Сегашниов Глобализам – Ливрински Блог!
Сподели на социјалните платформи:
Гледам и слушам сме се реформирале, сме се унапредиле ,сме го фатиле возот со ЕУ (курвата вавилон), со тоа што од нашата свест и од учебниците од кои нашите деца учат, сме ги избришале термините : родител,мајка, татко, маж, жена, дечко, девојка. Наместо мајка и татко ќе сме применувале родител 1(А), родител 2(Б), наместо маж и  жена ќе сме применувале терминот партнерот 1(А), партнерот 2(Б), тух бре големата реформа!
Јас навистина незнам овие нашиве сатрапи, квислинзи, фашисти, колобрационисти или уште незнам како да ги наречам сите епитети и зборови за опишување ми завршија. Па да ги прашам имат ли малку мозок троа во главата? Знаат ли што прават? Знаат ли што значи укинување на родот или полот? Знат ли што значи да се укине зборот мајка, ако уопште го знат и значењето на зборот мајка. Зборот родител? Маж или жена? Разбирате ли бре по нешто? Или само така императорот одозгора наредил и ние одоздола ќе спроведеме се што тој ќе нареди, по што нели ние сме негови сатрапи, така си мислат нашиве дегенерирани човеци кои сами за себе си мислат дека се некоја посебна елита со тоа што ќе прифатат се што ќе поска императорот, притоа не размислуват за тоа што императорот им наметнува и за последиците од истото.
Укинувањето на полот маж и жена, родител, мајка, татко и сл, и правење на луѓето во трансџендери, односно на луѓе кои до пладне се маж, попладне жена, а навечер ни маж ниту жена е таква евтаназија на човечкиот род која ја изместува неговата природна состојба со која како таква е креиран во машки и женски пол, со укинување на ова природна состојба, фактички човештвото се бута  во фаза на негово вештачко преобликување. Се разбира за потребите на белосветската олигархија, бидејќи вака како што е дизајниран не одговара на нивните цели и прилики, туку напротив нивата цел е да го редизајнират човештвото. И покрај илјадниците обиди на светските господари да создадат човек според својот лик (онака како што Бог го создал човекот во библијата), кој им е еден од многуте неуспешни планови, се решија на друг начин со вештачко преобликување на човештвото со создавање на трансџендери, сатрапи, послушни кучиња, бројлери или луѓе што би рекле со испран мозок.
Кај човештвото и кај останатиот животински свет, уште од самиот нивен настанок постои пол и род, машки и женски род. Поделбата на два пола или рода на човекот си има своја функција, значење и улога зошто е така човекот дизајниран. Исто така улогата на мајка, татко и родител си има свое значење и улога.  И животните кога се раѓаат си имат своја мајка и татко, а камоли човекот, добро сите знаеме дека без нив човечкиот живот не би можел да функционира нормално. Денес се појавуват некои лудаци кои викат нема шанси вака да функционира човештвото, ние ќе си го преобликуваме, ќе си создадеме наш свет со наши правила, ќе си го уредиме онака како што ние мислиме дека треба да изгледа. Притоа не размислувајќи за последиците кои можат да настанат од експрементов.
Природно е едно дете да расте со двајца родители Мајка и Татко. Од Мајката детето ја прима Љубовта, нежноста, топлината, грижата, борбеноста и.т.н. Од Таткото  покрај љубовта и топлината ја прима цврстината на карактерот, учи за изградба на својот авторитет, ја учи грижата кој таткото ја има спрема семјството и.т.н.  Јас навистина не можам да си објаснам како едно дете ќе расте  со двајца исто полови родители, нешто што никогаш во историјата на човештвото го немало. И гледате никој не реагира на ова! Не се јави ниту институтот за психологија, до душа ни на светско рамниште ни еден психолог не сум чул да го крене јавно својот глас против ова евтаназија која му се случува на човештвото.
Чудно мајка му стара! Немаме ниту филозофи, ниту мислители. Тие знат ли, разбират ли по нешто? Знаат ли дека неморалноста  е знак на историско пропаѓање  на одредена цивилизација. Прочитал ли некој историја? знат ли дека кога неморалноста во одредена цивилизација кога  ќе земе замав како што денес во нашава цивилизација зема замав, тогаш таа цивилизација е осудена на пропаст. Тоа се има случено со римската империја, средновековниот феудален свет, а по се изгледа дека истото ќе се случи и со денешнава европска цивилизација.
Поради неморалноста, уништувањето на народите, владење со железна рака  како што историчарот Едвард Гибон ја нарекува римската империја, и дојде крајот, беше осудена на страотен пропаст и распаѓање кое траеше со векови. За средновековниот феудализам  до избувнување на Француската револуција сите добро знаеме што се случуваше во тој период кои и го нарекуваме мрачен среден век, поради човечката гнаса и неморал кои во тој период биле присутни во човештвото.
Интересно, како и во средниот век така и денес е присутна црквата. Во средниот века црквата била бранител на неморалноста и гнасата, бидејќи и самата учествувала во истиот блуд. Ситуацијата не е ништо поразлична и од денешната, го нема да се јави Ватикан,  ниту водачот од исток во Истанбул, ниту пак нашиве водачи ги нема никаде, фино си молчат! Ниту пак муслиманските водачи, рабините во Ерусалим си молчат! На сите им одговара. Денешниве црковни достоинственци не се ништо по различни од средновековните христијански водачи кои  во тоа време не застана на страната на обичниот народ туку напротив бара бар одеа со кралевите, благородништвото, аристократијата против народот кои секојдневно го молзеа.
Ај сега нека некоj ми каже што  се по различни од денешниве христијански водачи. Да прашам чул ли некој некогаш некои христијански водач, да се крене и да се бунтува против белосветската олигархија,  затоа што ги злоупотребува луѓето како ефтина работна сила, кои шиканират работници и работни синдикати? Фино убаво си ја продолжија својата мисија, вклучително и Ватикан како што и претходно си ја имале, во средниот век биле послушни на власта. Ниту пак се виде бунтување поради војните кои денес и во изминатите години се водеа и во кои се убиваат недолжни жени и деца.  Не само што глас не им се слушна, туку истите тие навиваат, зафаќаат страни како да се работи за спортски натпревар.
До сега многу пати сме констатирале, дека христијанската црква до сега илјадници пати со своето однесување го имат закопано Христос. Од Царот Константин па наваму ја губи својата суштина и постанува само форма која е без суштина. Затоа е и такво какво што е денес, без живот во себе! Од друга страна тука е, и одговорот зошто во историјата  на христијанството постојано се раѓа реформаторски движењеа: Павлеќаните, Богомилите, Катарените, Албигинезите, Хугенотите и сл. Поради потрагата на неговата веќе изгубена содржина.
Денешниве Христијански водачи, како Фарисеи си го погазија  својот устав  (Библијата). Ако е напишано дека Бракот е можен меѓу маж и жена во библијата, а тие се спроведувачи на тој устав, тогаш тие се должни да го бранат тој устав, не треба да дозволат да бидат притиснати да го менуват својот устав. Ете ви пример за форма без содржина и суштина. Тие се формално правно за пред суд христијани, христијански водачи, али суштината и содржината сами си ја газат. Сега како ќе учат дека Господ благословил брака помеѓу маж и маж, жена и жена! Па не пишува така во христијанскиот устав.
За крај можеме да кажеме само една работа, неморалноста која денес во голема мера е раширена во светски рамки, а најмногу во европската цивилизација, ќе биде една од причината за нејзината осуда, што и како ќе биде пресудата тоа допрва ќе го гледаме. Нека секој земе историја и нека чита, го имаме примерот на Вавилон, на Содома и Гомора, примерот од римската империја и средновековниот феудализам.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Остави коментар