Македонците Знаат, Можат и Мораат да ја Преземат Контролата врз Сопствената Судбина – Ѓорѓиевски Блог!
Сподели на социјалните платформи:

 

Тешко се живее. Ништо не функционира. Така решиле големите. Ништо не можеме да смениме. Овие зборови ги слушаме на секој чекор. Дали стварно не можеме ништо да смениме? Јас мислам дека можеме, и тоа многу повеќе од она што на нас ни е неопходно.

На едно предавање за инстант вработување, јас штотуку дипломиран и нормално невработен без денар во џебот, ни рекоа да станеме од столчињата и да погледнеме од долната страна, таму имаше 100 денари. Земете ги, слободно. Тоа се ваши пари, штотуку заработивте по 100 денари, но потребно беше да го кренете задникот од столчето.

Значи за да смениме нешто кон подобро, најпрвин мораме да го кренеме задникот, а потоа. . . За овие 28 год разбрав едно нешто, корумпираните политичари и предавниците што се инфилтрираа во ,,нашите,, партии се далеку пофлексибилни од народот. Тие исклучително брзи, а ние како народ ужасно спори. Тие украдоа цела држава, ЦЕЛА ДРЖАВА ШИТНАА, а обичните луѓе уште не можат тоа да го видат. Партиските бои ги менуваат со брзина на светлината, додека еден просечен партиски член секогаш е со мотото ЕДНАШ сдс-дпне СЕКОГАШ сдсш-дпшне. Додека членовите (барем оние чесните, обичниот народ, не децата на корумпираната политичка елита) се исклучително лојални, нивните лидери премногу алчни и исто толку плашливи. Затоа патиме како народ. Да беше обратно, народот ќе цветаше а од крадците ќе извезувавме хумус произведен во Идризово и Шутка.

ЖИВЕЕМЕ ВО ДРЖАВА ВО КОЈА ЧЕСНИТЕ ГИ ЗАТВАРААТ А УБИЈЦИТЕ НАГРАДУВААТ. МАКЕДОНСКИОТ НАРОД МОРА ДА ЈА ПРИФАТИ ТАКТИКАТА НА СВОЈОТ НЕПРИЈАТЕЛ (СВОИТЕ КОРУМПИРАНИ ЛИДЕРИ И ПОЛИТИЧАРИ) ВЕДНАШ ШТОМ ЌЕ НАПРАВАТ ГРЕШКА МОРА ДА ГИ ШУТНЕ ПРАВО ВО ЗАТВОР, НЕ ДА ИМ ДАВА ШАНСА. ТИЕ КАКО ПРАВАТ, ШТОМ ЌЕ СЕКНАТ ПРИЛИВИТЕ НА СМЕТКА, МЕНУВААТ ПАРТИЈА ИЛИ МЕНТОР ( СЕ РАЗБИРА СТРАНСКИ). КОГА МОЖЕ ЕДЕН ПРАТЕНИК ВО СВОЈОТ МАНДАТ ЗА ДОБРОТО НА СВОЈОТ ЏЕБ ДА СМЕНИ ПАРТИЈА ИЛИ ЕДЕН ДИРЕКТОР ДА СМЕНИ НЕКОЛКУ ПАРТИИ, МОЖАМ И ЈАС ЗА ДОБРОТО НА СВОЈОТ НАРОД И ДРЖАВА ДА ГИ МЕНУВАМ ПАРТИИТЕ И ЛИДЕРИТЕ.

Во оној момент кога ќе сфатат дека немаат безрезервна подршка од своите, а уште помалку ВЕРНОСТ ДО ГРОБ, ПА И НА ОНОЈ СВЕТ, ќе почнат да се однесуваат човечки, ќе престанат да крадат. Овие нашите никако да се освестат, не престануваат со крадењето и распродавањето на народот и државата. И што да правиме, ПОТРЕБНО Е ДА ГО КРЕНЕМЕ ЗАДНИКОТ И ДА ПОЧНЕМЕ ДА РАБОТИМЕ, ДА СОЗДАДЕМЕ НОВА МАКЕДОНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА, НОВА НАРОДНА ПАРТИЈА, КОЈА ЌЕ ГИ ШТИТИ ИСКЛУЧИВО ИНТЕРЕСИТЕ НА НАРОДОТ. ЈАС СЕ КРЕНАВ ОД СТОЛЧЕТО И РАБОТАМ НА ФОРМИРАЊЕ НА РОДИНА. САКАШ ПРОМЕНИ, ПРИДРУЖИ СЕ НА ТИМОТ. #РОДИНА

 

Боби Ѓорѓиевски, член на Иницијативниот Одбор на Родина-Македонија

12 март 2019, Скопје

Бидете дел од тимот на Родина.

Електронска пристапница: https://www.rodina.org.mk/pristapnica/

 

Остави коментар