Ќе си го Свргнете Легитимниот Претседател Мадуро или Хуманитарно ќе ве Бомбардираме за “Ваше Добро” – Анализа
Сподели на социјалните платформи:

Венецуела не е сиромашна земја. Тоа е земјата со најбогати резерви на нафта во светот, и тоа е она што им ги влажни жлездите во устите на глобалофашистите. Затоа што нафтената индустрија беше национализирана пред две децении кога Хуго Чавез дојде на власт и владееше до пред неколку години кога неговиот наследник Мадуро победи на претседателските избори во Венецуела.

И народот во огромен дел го подржува Чавизмот на Мадуро. Венецуелците живееа многу добро од нафтата бидејќи и Чавез и Мадуро ги делеа профитите со народот. Медиумската пропаганда на западни мегафони дека во Венецуела владее глад се вообичаени лажни вести на платеничките ЦИА-медиуми. Да, од 2014 луѓето се осиромашени, но не гладуваат. А зошто е така? Дека делењето со народот на профитот од нафтата е некако лоша работа?

Не, туку затоа што од 2014 наваму САД и воведоа на Венецуела ѕверски санкции злоупотребувајќи ја својата моќ и контрола на сите светски финансиски институции и на петродоларот. И се со цел да се смени “режимот” кој е демократски избран и да се донесе самопрогласениот претседател на парламент на власт, некој си незнаен и од народот неподржан Хуан Гуаидо.

Зошто? Едноставно, како што јавува Ројтерс, Гуаидо веќе се отплаќа со туѓо народно богатство на Дип Стејт како што се отплаќаат и нашите квислинзи. Гваидо од Венецуела се подготвува да ја даде на странски приватни компании нафтената индустрија по неколку децении национализација. За нивна голема жал, народот на Венецуела останува силно приврзан на Чавизмот и делењето на приходите од нафтата меѓу сите и останува приврзан и на сегашниот пропонент на Чавизмот, претседателот Мадуро.

Најпрво пробаа со старото добро средство, атентат. Две мали беспилотни летала што летаа над настанот на кој присуствуваше Мадур експлодираа. Но не беа доволно близу да направат смртоносна штета, иако седум членови на Националната гарда на Венецуела беа повредени. Мадуро подоцна ќе рече дека мислел дека експлозиите се огномети. Уапсениот напаѓач потврди дека во атнтатот добивал инструкции од САД и дека се сретнал со неколку американски официјални лица три пати по нападот.

Нападот врз демократијата во Венецуела почна со инсцениран обид под превезот на хуманитарна помош – која не беше ни побарана – да се внесе оружје за противниците на Мадуро и да се почне крвава граѓанска војна како во Сирија, Украина итн. И кога Мадуро и армијата го спречија тоа западните фејк вести медиуми хистерично почнаа да јавуваат дека Мадуро спречил хуманитарна помош за својот народ. Напротив, камионите со “хуманитарна помош” кога се сфати дека ќе биде откриено каков товар носат беа запалени на границата од самите противници на Мадуро, потврдува и ЊуЈорк Тајмс. Во меѓувреме стотици и илјадници тони вистинска хуманитарна помош против санкциите на САД против обичниот Венецуелец продолжуваат непречено и доаѓаат од Кина, Русија и од други држави.

Кога не успеа лажната хуманитарна помош, се почна со нападите на инфраструктурата со цел да се крене револт против Венецуелскиот претседател. Напладне на 7 март, за време на сослушувањето за Венецуела во Поткомитетот за надворешни односи на Сенатот, сенаторот Марко Рубио експлицитно повика САД да поттикнат “широко распространети немири” со цел да се постигне промена на режимот. “Венецуела ќе влезе во период на страдање, а ниедна нација во нашата хемисфера не се соочи во современата историја”, објави Рубио .

И како по нарачка, околу 17:00 часот истиот ден, хидроелектраната Симон Боливар доживеа целосен и сè уште необјаснет колапс . Жителите на Каракас и низ цела Венецуела паднаа во неколкудневна темнина.

Но затоа во 17:18, видно возбудениот Рубио на Твитер го објави прекинот на струја и потврди дека “и резервните генератори не успеале да ја спасат ситуацијата”. Не е познато како Рубио добил такви специфични информации и тоа веднаш по прекинувањето на струјата. Според Хорхе Родригез , министер за комуникации на Венецуела, ни локалните власти во времето на твитот на Рубио не знаеле дали резервните генератори исто така колабирале,

А за нечовечноста, да не зборуваме за недемократичноста на обидите на САД да рушат демократии, зборува и твитот на Мајк Помпео кој се ситеше на страдањата на Венецуелците предизвикани од санкциите на неговата влада. И додека новороденчиња умираа во болничките инкубатори, брзата помош носеше болни во болници без струја, во твитот на 8-ми март, државниот секретар Мајк Помпео се нaсладуваше на прекинот на електричната енергија и го нарече клучна фаза во плановите на САД за промена на режимот:

И тукa влегува и вест позната на нас Македонците (хајде звиждаљке у дупе), дека организацијата КАНВАС финансирана од САД, го обучуваше и Хуан Гуаидо и неговите сојузници, најновите узурпатори против легитимно избран претседател. Оваа група, беше домаќин на Гуаидо и на клучните лидери на неговата партија Популарна волја за серија обуки “Генерација 2007”, решени да поттикнат отпор против тогашниот претседател Хуго Чавез и да ги саботираат неговите планови за спроведување на “социјализмот од 21 век” во Венецуела.

Како што јавува истражувачкиот новинар Макс Блументал, во септември 2010 година меморандум од страна на САД се потврдува финансирањето на Канвас организацијата.

Канвас подготви и меморандум во 2010 година за искористување на прекините на електричната енергија за рушењ влади и ја повика опозицијата “да ја искористи таквата ситуација … за нивните потреби”. И дека овој документ го идентификува точно потенцијалните колапс на електричниот сектор на земјата како “пресвртнички настан” кој најверојатно, ќе има влијание на галванизација на јавните безредија на начин на кој ниту една опозициска група не може никогаш да се надева да оствари”.

Автор на документот е на Срџа Поповиќ од КАНВАС, организација за промоција на демократијата со седиште во Белград, финансирана од американската влада, која обучи илјадници млади активисти во земјите во кои Западот бара промена на режимот.

Фактот што напорите на Вашингтон за соборување на избраниот претседател Николас Мадуро досега пропаднаa сугерира дека Американците ја интензивираат својата кампања за дестабилизација на земјата, со цел да се инсталира Хуан Гуаидо, поддржана од САД.  Со оглед на тоа што се чини дека напорите за поттикнувањето на револтот од страна на цивилното население или војската против Мадуро пропаднаа, следната опција што го искушува Вашингтон би можела да биде воена, што го најави и претседателот Трамп.

Но и таа опција се затвори вчера откако Москва им ги испорача на Вашингтон нејзините црвени линии за Венецуела: Дека Русија и го покрива грбот на Венецуела и нема да дозволи воена интервенција на САД. А Вашингтон ќе си земе поуки од своето фијаско во Сирија каде Русија воено ја понижи велесилата.

Политиката на сила е недозволена. Употреба на воена сила е недозволена. Почитувајте го меѓународното право и суверенитетот на Венецуела. Тоа е разумен ултиматум на Русија до Вашингтон.

Сега, очајните Американци сѐ уште можат да пробаат повеќе саботажи, сајбер или финансиски. Но, нивните опции се ограничени, спротивно на она што Трамп мисли.

Се одбројуваат деновите на американскиот империјалистизам. Имаше време кога можеше да се распашува насекаде низ Латинска Америка. Но очигледно, не повеќе. Во голем дел благодарејќи на глобалната позиција и воената моќ на Русија.

Остави коментар