Колапс на Подршката за СДС, ДПМНЕ! Со Очекувана Излезност под 450.000 – Пропаст на ПИ во Првиот Круг!
Сподели на социјалните платформи:

Уште една изборна победа за народот, е единствената логична последица од погубната политика на т.н. власт но и на т.н. опозиција. Народот веќе им сврте грб на досегашните изборни фаворити, па на следните претседателски избори очекувањето е партиските кандидати да изгубат од народот уште во првиот круг.

Организаторите на бојкотот уште сега планираат победничка прослава. За оваа констатација не се потребни обемни анализи, доволно е да се сумираат резултатите од референдумот, како и од претходните два изборни циклуси. Секако во оваа куса анализа осврт ќе направиме на реалната, неофицијална излезност, но и на онаа официјалната но нереална.

Од каде сега ова? При секое гласање во Македонија имаме реална излезност за која никој точно не знае колкава е. Бројките што ги објавува ДИК се официјални, но нереални. Овие конечни и официјални резултати се збирот од реалната излезност плус фалсификатот што се прави. Имено пред секои избори слушаме обвинувања и калкулации за фантомски гласови, колони на автобуси од Албанија и Косово, авантуристички гласачки ливчиња кои шетаат од град во град, но и бугарски возови, кои рака на срце се од последната генерација па со брзина на светлината ги полнат кутиите. Правната разрешница за очигледните фалсификати не ја здогледа светлината на денот. Сеуште чека во темните и прашливи фиоки на нашето до коска корумпирано судство.

На референдумот одржан минатата година, и покрај сите максимални меѓународни притисоци и ветувања, како и сите домашни закани, подмитувања, купувања и прекумерни вработувања, заедно со сите ултрабрзи полнења на кутии, но и дебело подмачканите молитви по џамиите, официјално излегоа 660 илјади или 36% од гласачите. Неофицијалната, но реална, бројка е најмалку 10% испод тоа, односно околу 480 илјади или 26%. Реалната бројка (480к) е максимумот што „владеачката“ коалиција (предавничката свита околу Заев заедно со вечно обесправеното малцинство) можеше само во тој момент да ја извади.

Велам максимум само во тој момент,  затоа што западните олеснувачи на македонското уништување кулминираа со својата креативност од една страна, а носот на нашиот пинокио, во својство на премиер, неколку пати ја обиколи планетата. Се ветуваа од вработувања, пензии, ивестиции па се до мед и млеко, но народот одамна ја прочита играта, и си остана дома. Реално, оваа ѓаволска коалиција на предстојните избори би можела да извади максимум 350к, бидејќи западните олеснувачи, сега веќе избламирани од претходното патешествие, нема да се појават.

Но тука е и факторот на разочарани пензионери, затворени фирми, неисполнети изборни ветувања и сеуште невработени членови кои конечно сватија дека по тројца на едно административно столче не може да седат, а уште помалку плата да земаат. Во оваа референдумска бројка се влезени и дел од вмровските гласачи, уценети со административните работни места. Официјалната бројка ќе зависи од креативноста на изборните криминалци, како и од филмот што папата ќе го режира на предстојната посета, за кој повеќе од сигурно ќе раскажува на македонски јазик.

Кај т.н. опозиција состојбата е за жалење. Некогаш најголемата патриотска партија ДПМНЕ, сега воопшто не е голема а уште помалку е патриотска. За ова веќе на големо се зборува, особено после неуспешното ажурирање на членството, кое извлече едвај 10-15% од последното пребројување. Членовите не се излажаа по новите и сјајни членски книшки, налик на банкарски картички, но без кеш на нив. Огромната демотивираност се должи на катастрофалните кадровски политики, погубната стратегија околу главната партиска идеологија, македонштината, нестатутарниот „избор“ на претседателот, но и неговата непопуларност. Имено Мицковски е по се изгледа единствениот лидер на партија во регионот, на кој рејтингот почна да му паѓа уште пред да го изберат, а истиот максимално се потруди да го задржи трендот до денеска. Како показател на стрмоглавиот пад на популарноста на оваа партија можеме да ги земеме последните локални избори, на кои бројот на освоените општини слободно може да се сврсти во статистичка грешка, односно „владеачката“ коалиција победи скоро во сите.

Избирачкото тело на оваа партија воопшто нема да го мотивира ниту сегашната кандидатка за претседател, која е со крајно сомнително идеолошко минато и нејасна визија за иднината. Природата на овие избори воопшто не е кариеристичка, односно од победата или поразот воопшто нема да зависат кариерите на партиските активисти, појава која за жал е главниот мотор за агитаторските активности. Впрочем кадровската политика на оваа партија во последните 20 години придонесе да патриотското членство биде заменето со верни кариеристи, за кои единствена мотивација претставува личната корист.

Земајќи ги сите фактори во предвид, бројката што на овие избори, дпмне ќе извади некаде од 50 илјади па до максимални 100 илјади гласови. Во прилог на ова оди и фактот што западните олеснувачи на македонското уништување прават сѐ за да се избрише сѐ што е македонско, тука секако спаѓа и славното ВМРО. Ова на терен се гледа со невмровскиот состав на раководството на партијата, на кои поважно им е да се сликаат со македонските непријатели отколку да го поддржат својот народ во борбата за опстанок. Кулминација беше откажувањето од уставобранителите.  Дури и најоптимистичките патриотски члениви не можат да го простат продавањето на сопствените пратеници во собранието, со цел соучество во геноцидот врз Македонците.

Реалните максимални 350 илјади од криминалната банда која моментално ја узурпира власта во Македонија, заедно со максималните 100 илјади од квази опозиционата дпмне, прават заедно максимално околу 25% од граѓаните со право на глас, бројка која е далеку од потребните 40%, како минимум за цензус на претседателските избори. Ова е реалната ситуација. За официјалната бројка не можеме да претпоставуваме, бидејќи во игра се сите недозволени криминални средства, добро уиграната фалсификаторска екипа од претходните неколку изборни циклуси но и западната логистика со спремени вреќи долари.

Сето ова македонскиот народ многу добро го знае, што ќе претставува уште еден огромен мотив во носењето на одлука за бојкот на овие избори, односно смалување на тие максимални 25%,  а преку тоа и праќање порака дека е доста од квазиизбори диктирани од надвор а во корист на криминалната балканска багра. Ова не се избори за претседател, туку борба на чесниот народ со криминалните политички елити, кои наместо да им служат на своите, служат на туѓите интереси. #БОЈКОТпи

Боби Ѓорѓиевски Блог

Остави коментар