ДПМНЕ со Само 10-15% Обновено Членство! Сигурен Знак за Пропаднати КвазиИзбори Уште Во Првиот Круг!
Сподели на социјалните платформи:

Десеткувано членството на партијата која наместо Чентовци, Дамевци, Гоцевци, произведува Муковци, Канчевци, Гоги Сорос, за со наш глас да ни заријат предавнички нож в грб за лична профит! Во најновото ажурирање на членскиот список на ВМРО-ДПМНЕ само 10-15% од членствата се обновени! За ова веќе на големо се зборува, особено затоа што неуспешното ажурирање на членството на последното пребројување значи пад под 30.000 члена.

Имено тоа се гледа и по слабата посетеност на протестите кои по-свадба-тапан ДПМНЕ ги организираше, по активноста на социјалните мрежи и во рaзговорите со членови и подржувачи кои се чувствуваат жeстоко изневерени од партијата која некогаш словеше за најнационална. Едноставно од ДПМНЕ остана само една врхушка со изгубен контакт со народот.

Причина е и срамно млитавата и понизна реакција на ДПМНЕ за време на предавничките чинови на Хунтата, појавата на Муковци, Канчевци кои не сме ги гласале за со нашио глас да извршат предавство и појавите на Гога Сорос која треба да ја гласаме, сега отворено за предавство бидејќи се обврза да не го поништува предавничкиот Преспански договор.

“Какво е тоа ДПМНЕ кое се шалта со ВМРО а не извади во партијата херои како Гоце Делчев туку корумпирани ликови со слаби бабулиња и ниска точка на топење како осумината предавници кои учествуваа во промената на името и предавството”, го сумира Ливрински Блогот чувството на многумина подржувачи на партијата и оди на ПИ со кандидат Гога Сорос, бивш министер на СДС?. Прочитај повеќe овде: Да Сме на Чисто! Јас Немам Проблем со ВМРО Туку со ДПМНЕ! – Ливрински Блог!

Фалењето на ДПНЕ, “за 4 часа и собравме на Гога 10.000 потписи” открива една голема фалинка. Тоа е само 10% од она што беше собрано како потписи за кандидатурата на Иванов за претседателските избори во 2014 на пример во Струга. За илустрација, во Струга биле собрани 401 потпис за кандидатурата на Гога додека пред пет години закандиатурата на Иванов биле собрани 3.870! Ова се повторува и во сите други градови и населени места низ Македонија.

Собирање 10.000 потписи за 4 часа не е за фалење и затоа што значи обезбедување само 30.000 гласови за Гога за 12 часа колку што трае изборниот ден. Ажурирањето на членството на вмро-дпмне реакциите на приврзаниците на партијата покажуваат дека зарибаната гласачка машинерија не може да и извади на Гога повеќе од 50.000 гласа на предстојните КвазиИзбори. Ова комбинирно со сличната состојба на тотална демотивираност на македонскиот народ и на членовите и на другите партии е сигурен знак дека Македонскиот Народ ќе однсе уште една голема победа со бојкотирање на ПИ и предизвикување предвремени парламентарни избори. Тогаш ќе излезе цел народ и ќе гласа за вистински патриотски и неизвалкани политички сили кои ќе ги исправат грешките на досегашниве корумпирани елити верни само на странските интереси.

Остави коментар