Така Завршуваат Диктаторите: Француската Војска Со Наредба од Денес да Отвора Оган врз Жолтите Елеци!
Сподели на социјалните платформи:

Француските војници кои покрај париската полиција денес излегоа на улиците добија дозвола да “отворат оган” ако за време на викендот се чувствуваат загрозени од невооружените Жолти Елеци, објави Дејли мејл, повикувајќи се на воениот гувернер на Париз.

“Тие се способни да ја ценат природата на заканата и да одговорат на пропорционален начин”, рече генералот Бруно Лери во интервјуто за Радио Франсин во петокот. ” Ако мислат дека им е загрозен нивниот живот или оној на други луѓе, тие имаат овластување да отворат оган“.

Како што коложег.инфо објави, француските власти го објавија распоредувањето воени антитерористички трупи од Операцијата Сентинел, за да се фокусираат на “заканите” поврзани со Жолтите Елеци по влошената ситуација изминатиот викенд. По Полицискиот Крах Макрон Викендов како Милошевиќ ќе Извади Војска Против Жолтите Елеци! ЕУ Вредности?

Сега е потврдено дека француската армија ќе поддржи околу 5.000 полицајци кои се обидуваат да го задржат редот за време на 19-ата недела протести на жолтите елеци, денес,  сабота, на низата демонстрации најавени во Париз за време на викендот.

 

Остави коментар