Повторно министерчето за здравство, а требаше за друго да се пишува. Што да се прави, квалитет е во прашање. Таков труд може да исфрли само доследен кастински припадник, што занаетот го печел уште од мали нозе.
Имено нашиот капиталец. . . Кастата потекнува од некои источни земји и претставува строго изделен социјален слој луѓе што се поврзани преку потеклото, професијата и општествениот статус. Таа е прилично затворена општествена група што силно ги чува своите позиции и привилегии, едноставно кажано, робовладетели. . . . нашиот капиталец, припадник на медицинската каста, доследно ги чува позициите на кастата но и останува верен на семејната традиција. Ако татко му беше познат по менувањето на рокот на траењето на разни лекарства и антибиотици, неговиот потомок игра со вакцините. Во македонската медицинска каста покрај нивната фамилија, вклучени се и по неколку генерации од други фамилии. Но за ова друг пат.
Жртви на овие кастинско-профитерски игри се исто толку генерации македонски недолжни граѓани, третирани како робови, но и нивните најмили, децата. Во трката за што поголеми богатства и раскош, министерчето измислува тендери, дила лекарства, приватизира што ќе стигне, но смислува и драконски санкции за непослушните. Последен случај, од низата, е последната прогласена епидемија. Истата беше однапред планирана и за истата навреме беше распишан тендер. Погодени беа однапред планирани групи и во предвидениот број. Доволно да се крене паника меѓу населението и далеку испод граница за прогласување на епидемија. Но медиумите си го направија своето, го исплашија населението, кое веднаш тргна да си ја исполни својата робовска должност и да го даде предвидениот данок на медицинската каста.
Оние малку кои ја препознаа играта и посакаа да си ги заштитат најмилите се соочуваат со разни санкции и закани. Истата група на луѓе тргна да се бори против кастата и потребна ѝ е помош. Групата совесни родители кои не сакаат да им се одземе основното човеково право, да се грижат за своите најмили, покренаа правна постапка против министерството за здравство, дувлото на медицинско-профитерската каста. За истата постапка потребни се потписи за помош, потребно е да ги поддржиме дискриминираните браќа во борбата против корумпираната наметната власт која го уништува народот за сметка на својот џеб и привилегии.
Во продолжение е објаснета детално процедурата.
- имунизација на експонирани работници на одредени заразни болести;
- имунизација на експонирани лица по епидемиолошки индикации;
- имунизација по клинички индикации и
- имунизација на патници во меѓународен сообраќај.
-
Најпрво е потребно да се соберат вкупно 100 (сто) потписи, независно колку во која општина на отворените пунктови на ДИК и тоа:
- ПО Центар – за општините Центар и Аеродром – овој пункт се наоѓа во општина Центар, барака 1, кај матично;
- ПО Карпош – за општините Карпош, Ѓорче Петров и Сарај – овој пункт се наоѓа во Козле, една уличка пред германска амбасада(во близина на бензинската пумпа Макпетрол);
- ПО Чаир – за општините Чаир, Бутел и Шуто Оризари – овој пункт се наоѓа во бараките на старата општина Бутел – барака 16, соба 15
- ПО Кисела Вода – за општините Кисела Вода, Студеничани, Зелениково и Сопиште – овој пункт се наоѓа во бараките на општина Кисела Вода – барака 9, соба 19
- ПО Гази Баба – за општините Гази Баба, Илинден, Арачиново и Петровец – овој пункт се наоѓа во општина Гази Баба –бараките спроти хотел Континентал, поточно барака 1, соба 7.