Мизерно Платените Доктори од Бедниот Народ Бараат Пари за Операции за Спас на Живот! – Ѓорѓиевски Блог!
Сподели на социјалните платформи:

Ме тргна на страна младиот хирург, веројатно штотуку почнал со работа, во посебна просторија и вели „итно е, не може да се чека, мора што побргу да се оперира татко ти, но нема термини, фалат хирурзи“. Веднаш ми стана јасно, ќе бара пари. Сум ја слушнал приказната стотина пати, дојде време и јас да бидам дел од неа. Што предлагаш? Го прашав. „Ќе замолам некои од колегите да го протнеме преку ред, но ќе побараат пари“. Колку? Претпалзиво ми ја кажува сумата со полунаведната глава и чека согласност. Го гледам и молчам, тој чека. Јас сеуште го гледам и упорно молчам. Почнува да му биде нелагодно, го гризе совеста, сепак ја има. Почнува засрамено со веќе растреперен глас да ми се правда, „знаеш јас многу се измачив додека да дојдам до ова работно место, многу учев додека некои колеги испитите ги полагаа на слава и со врски од татко им, потоа ми бараа пари за да се вработам тука, а некои колеги татковците ги вработија тука со врски. Еве ги тие купуваат скапи куќи, коли, јахти, а јас не можам станот да си го исплатам. ДАЛИ МЕ РАЗБИРАШ?“ Ми вели младиот надежен хирург. Молчам уште, и упорно и бесно го гледам, а тој од кожата сака да избега…

Те разбирам многу добро, знам дека не стига платата, му велам, но пробај ти сега мене разбери ме. Пациентот што треба да го оперираш, 20 години зема плата по 5000 до 8000 денари со задоцнување од три месеци, пари кои едвај стигаа за сметките, храната мораше да се произведува. Неговата сопруга 20 години не зема ништо, затоа што е избркана од работа како инвалид на трудот од фирма во која кога се повреди не била пријавена како вработена. ДАЛИ ТИ СЕГА МЕНЕ МЕ РАЗБИРАШ, ДОКТОРЕ??? Му навреа солзи во очите, и вика „ не е проблем, те разбирам, еве јас ќе ги замолам колегите и од мене ќе ги почестам еден ручек, ќе завршиме работа“. Со докторот се разбравме, разумни се чесните доктори и чесниот народ, проблем е во корумпираната криминална фашистичко-политичка елита, која овие 30 години не разбира ништо друго освен сумите на тендерите кои напатениот народ ги плаќа, но проблем се и идиотите кои ги гласаат и сеуште толерираат.

Недостигаат 600 лекари, се пожали министерот, додека свечено го примопредаваше амбулантното возило. Сепак добро е, свечено предава едно, но сепак возило, во некои министерства свечено предаваат гуми за возила, а да не зборуваме за оние што предаваат донирани од странска држава, чизми стоени во некој магацин со децении како воена резерва. Јас им се чудам на лекарите што сеуште се тука? Не ми се јасни како во оваа држава која 30 години се граба, уништува и понижува се што нешто вреди, тие сеуште се тука.

Ова што го пишувам, за да не се разбереме погрешно, важи за оние малку нормални доктори, луѓе пред се, од едната страна и оние нелуѓе во здравството, во бели мантили или темни одела, најчесто на повисоки раководни функции или во ,,престижни,, клиники. Додека ти, министре, вртиш милионски тендери преку фирми на роднини или блиски познаници, докторите мораат да живеат со мизерна плата. Половина животен век го поминале во учење, додека, по се изгледа, тебе некој ти ги отворал вратите и те шутирал по газот за да стигнеш до позицијата на која си сега. Автомобилот што ќе го купат со позајмица, половен се разбира го отплаќаат со години. Истиот немаат кај да го паркираат сабајле кога ќе стигнат на работа, оти ти и твоите претходни колеги, сопартијци од сдсш-дпшне, за овие 30 години не успеавте една катна гаража да направите во Клинички центар. Ги малтретирате и вработените и пациентите. Здрав човек да влезе да паркира, нервно ќе оболи.

Како очекуваш да не фалат доктори? Додека ти, „министре“, ги планираш епидемиите зависно од распишувањето на тендерите, лекарите мораат да се борат со пациентите и да објаснуваат како вакцините и останатите лекови со поминат рок, не се со поминат рок, ГРЕШКА БИЛО на увозникот, но сепак остатокот, што не е вбризган во малите дечиња, ќе бидат уништени како вакцини со поминат рок?!?!?!

ГРЕШКА Е на Македонците што те трпат тебе и таквите како тебе 30 години. Тоа е грешката, „министре“. Но нема да е за долго, во скоро време ќе ја исправиме. #БОЈКОТпи #БОЈКОТсистем криминал-фашистички.

П.С. за вазелинот и кондомите излишно е да се разговара, но сепак вредно да се спомне како тема која е показател за твоето место во општеството

Остави коментар