Општо прифатено начело е дека секоја демократска држава треба да поседува соодветна поделба на власта. Владеењето во современите држави е потпрено на три носечки столбови, три типови на власт, судска, извршна и законодавна. Судството е еден од основните, еднакви по вредност столбови на современата демократска држава. Сите три делови од власта му служат на народот и мораат да внимаваат еден на друг за да се обезбеди одговорност за нивните постапки и активности. Во една демократска држава во која постои владеење на правото, ниту еден столб на власта не смее да делува само во полза на сопствените интереси, туку во интерес на народот во целина. Во демократските држави каде постои целосно владеење на правото (“Etat de droit” или “Rechtsstaat”), сите три столба на власта мораат да делуваат врз основа и во рамки на ограничувањата што ги дефинира законот.
Или барем така би требло да биде.
Кај нас власта е поделена на три основни столбови а тие се криминалниот картел, транзициските профитери и корумпираните политичари.
Сите три столбови кај нас внимаваат еден на друг, тесно се испреплетени, соработуваат еден со друг. Сето ова во името на интересот, но не јавниот, народен, туку нивниот личен. Внимаваат кој колку краде, за приближно исто да распределат. Не може некој повеќе а некој помалку да го краде народот. Од време на време ќе се случат некои недоразбирања, односно некој повеќе ќе го поткрадне народот, и веднаш институциите ќе изреагираат, веднаш ќе биде запален некој автомобил, затворен некој или изрешетан со калаш. Не ретко можеме да видиме инспектори во акција како затвараат фирми. Но ова не е во име на правдата и народот, туку во име на крадењето и криминократијата.
Во име на соработката, мирот и стабилноста на нивните позиции тие често се мешаат меѓу себе, се осватуваат. Па така не ретко гледаме како криминалци (терористи, нарко босови и разноразни шверцери) преку организирање на општонародни веселби стануваат политичари. Затоа не ретко за време на изборите ја слушаме паролата дека изборите се еден вид свеченост, празник за државата. Кумови на овие свечености се најчесто транзициските профитери, бизнисмени. Но не ретко и тие знаат да ја грабнат невестата па да станат главни ѕвезди на вечерта и да завршат како министри. Се зависи колку многу се приврзани или не, брачните другари, криминалците и политичарите. Но и од умешноста на кумовите.
Народот е тука да игра и пее, пред и по изборите, на митинзи и постизборни прослави. Се пие, игра и пее, се пука и слави. Типично балкански. Главната улога на народот е да да го стави својот потпис како сведок пред матичар, во случајот пред изборната комисија. Поклонот не во плик, туку од сметка, и тоа на рати. Ако некој го заборави, тука е УЈП да го потсети. Не мора да се мачи да го носи, извршителите ќе го превземат.
Во севкупната реалност околу нас постои ред и поредок, освен во нашиот политички систем, а преку него нередот се слева во се што е под државна капа или има некој контакт со државата. Во природата постои ред. Постои поредок помеѓу животните, помеѓу растенијата па дури постои ред и мир помеѓу земјата и карпите, океаните и морињата. Потребно е, но и крајно време, тој природен ред и поредок да го внесеме во нашето општество, помеѓу нашиот род. Затоа е потребен бојкот на следните избори, а преку тоа и бојкот на овој расипан, корумпиран фашистички систем. РОДИНА ВЕ ПОВИКУВА НА БОЈКОТ ЗАРАДИ РЕД И ПОРЕДОК ВО НАШИОТ МАКЕДОНСКИ РОД.
21 Март 2019, Скопје
Бидете дел од тимот на Родина.
Родина е иницијатива на трудољубивиот и чесен македонски народ.
Електронска пристапница: https://www.rodina.org.mk/pristapnica/