Сте виделе ли притисок врз Јапонија, Кореја, Саудиска Арабија, Тајван, Турција, Сингапур, итн итн, за разградување на општествените вредности, на традициите, за непочитување на природните закони а безпоговорно прифаќање на ЛГБТ агендата, за прием на мигранти? Не, не сте виделе. Затоа што и нема. Целта е разводнувaње и уништување на старите Европски (и Американската) култури, таканаречени “премногу бели” и кохезивни народи.
Трансгендерна жена, која се идентификува како маж, го тужеше Јапонскиот Врховен суд поради одлуката претходно оваа година која бара стерилизација пред државата официјално да го признае некого како спротивен пол, објави “Економист” .
Такакито Усуи го тужеше судот поради условот дека за да биде признаена како маж, мора да ги отстрани јајниците и матката, како и да има операција за да ја претворат вагината во пенис. Апликантите, исто така, мора да бидат постари од 20 години, немажени, да немаат малолетни деца и да се дијагностицирани како “болни од родов идентитет”.
Усуи тврди дека ова го нарушува правото на личност на самоопределување и затоа е неуставно.
Групите за човекови права велат дека барањето за неповратна операција е срамота. Иако неколку азиски земји, вклучувајќи ја и Јужна Кореја, имаат слични закони, западните земји кои исто така некогаш бараа стерилизација, како што се Норвешка, Франција и Шведска, веќе не браат. Во 2017 година Европскиот суд за човекови права повика на промена во сите 47 земји под нејзина јурисдикција. Шведска почна да ги компензира трансродовите лица кои биле подложени на задолжителна стерилизација. – Економист
Критичарите тврдат дека трансродовите луѓе не страдаат од психолошко пореметување. “Во Јапонија на ова не се гледа како на право, туку повеќе за помагање на болните да ја надминат болеста”, вели активистот и професор Јако Мицухаши, биолошки маж кој живее како жена и ја проучува историјата на трансродовите прашања, но сепак не доби законски признание како жена поради неподготвеност да се подложи на хирургија за промена на половите.
Трансгендеризмот (трансродовост) , познат и како Полова Дисфорија, е класифициран како ментално нарушување од Дијагностичкиот и статистичкиот прирачник за ментални нарушувања (ДСМ-V) издаден од страна на Американската психијатриска асоцијација.
Како што забележува Економист, јапонските судови се чини дека се позагрижени за одржување на социјална хармонија отколку заштита на правата на поединецот.
Во својата одлука, судот соопшти дека законот имал за цел да избегне “конфузија” и “ненадејна промена” на општеството. Јукари Ишии, истражувач на Универзитетот “Тојо” во Токио, вели дека додека во Америка и во Европа долгогодишните кампањи за правата на хомосексуалците го отвориле патот за трансродовите луѓе да повикуваат на поправен третман, Јапонија е позади. Јапонското општество е патријархално и ги задржува силните родови стереотипи, вели таа. – Економист
Таа, рече, судот не забележал во случајот на Усури дека законот можеби ќе треба да “еволуира” заедно со општеството.