„Промените доаѓаат“ порача денеска Николоски од Охрид, потпретседателот на вмро-дпмне, пишува Република.
Да, доаѓаат, но вас како партија и вашиот коалиционен партнер сдсм ќе ве прегазат, од вас ќе остане само бледа дамка на истрошениот македонски асфалт. 28 години македонскиот народ го возите во еден правец, во неповрат. И при секоја смена на шоферското столче вие или вашиот коалиционен партнер ветувате промени. Ветувате промени без да кажете какви тоа промени? Доста ни е од вашите промени, каде е свртувањето кон подобро, тоа никако да се случи. Еве и денеска пак ветивте празни замаглени нешта, но народот знае што треба.
Затоа токму сега ќе се случи #БОЈКОТпи, Македонците ќе станат и ќе ве исфрлат од македонскиот политички автобус, ќе ве фрлат пред него и ќе ве прегазат, вас и вашите коалициони партнери. Гога Сорос Не Можела Против Преспанскиот! Македонскиот Народ Бара Некој кој МОЖЕ! #БојкотирамПИ
Народот си ја превзема судбината во свои раце, создава нови водачи и го врти правецот кон спасот. Доста е од погубниот правец кој 28 години го држите заедно со вашиот партнер по криминал и предавства.
„Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска заедно со кандидатот за претседател професорката Гордана Силјановска Давкова и кандидатот за градоначалник доктор Митре Милошевски беа во посета на Велгошти и Лескоец.“ Пренесува порталот Република, https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-promenite-doagjaat/