ЦИА со ИСИС “Братски” ги Префрлаат Поразените Терористи од Бегалските Кампови по Цел Свет!
Сподели на социјалните платформи:

Преземено од SouthFront. По жестокиот пораз на ИСИС вахабистите од страна на Русија и добрите муслимани на Сирија и нивниот Претседател Асад, ЦИА сега соработува со командантите на ИСИС во североисточна Сирија и ги снабдува со лажни документи. Потоа ги пренесува терористите во Ирак за да се користат понатаму за Американски интереси за тероризам и напади на “режими” кои не се по волјата на САД. Ова го тврдат извештаите во турските медиуми.

Околу 2.000 членови на ИСИС беа испрашувани во областите на Кешра, Бусеира, Ал-Омар и Суверот во провинцијата Деир Езор, од кои најмалку 140 од нив потоа добија лажни документи. Израелските, француските и британските специјални служби, наводно, се вклучени во изработка на фалш документи и транспортот до идните борбени или терористички дестинации по светот. Некои од испитаните терористи беа преместени во логорите на Ал-Хол, Хасака и Рукбан, кои се контролирани од силите поддржани од САД. ЦИА, исто така, создала специјална установа во близина на Абу Кашаб со иста цел.

Интересно е тоа што медиумите во Турција, кои во претходните години на војната се користат за конспирација со ИСИС, овозможувајќи им на своите странски регрути да влезат во Сирија и купување на шверцувано нафта од терористите, сега стануваат едени од најактивните изложувачи на врските на САД со ИСИС елементи.

Друго прашање кое често се појавува во турските медиуми е лошата хуманитарна ситуација во бегалските кампови контролирани од силите поддржани од САД. Овие извештаи доаѓаат во текот на други истражувања. Според Меѓународниот Комитет за Спас, околу 100 луѓе, претежно деца, починаа во воени зони или во логорот Ал Хол, кој неодамна беше контролиран од сириските демократски сили поддржани од САД.

Во своја страна, Руското Министерство за одбрана Објави серија сателитски снимки кои ги откриваат ужасните услови во кампот Ал-Рукбан. Сликите објавени на 12 март покажуваат најмалку 670 гробови, многу од нив свежи, во близина на живеалиштето на логорот. Шаторите и лесните конструкции кои се користат за сместување на бегалците исто така се наоѓаат во близина на големи депозити на отпад.

Во заедничката изјава на руските и сириските комитети за координација за репатријација на сириските бегалци, бегалците во Ал-Рукбан страдаат од недостаток на вода, храна, лекови и топла облека. Според изјавата, членовите на вооружената вахабистичка група поддржана од САД, Махавир ал-Тавра, ги нарушуваат испораките на вода во кампот, користејќи го ова како чипови за договарање заради уцена и профитирање.

Тензиите повторно се зголемуваати  меѓу Сирија и Израел. Претходно во март сирискиот заменик-министер за надворешни работи, Фаизал Мекдад, достави официјално писмо до шефот на Организацијата за набљудување на примирјето на ОН, Кристин Лунд, дека Дамаск “нема да се двоуми да се соочи со Израел” ако продолжи да одбива да се повлече од Голанските височини.

Израелските медиуми и официјални претставници реагираа со нов бран обвинувања дека Хезболах се заканува во јужна Сирија и тоа оправдува понатамошна милитаризација на Голанските височини.

 

Остави коментар