Сподели на социјалните платформи:
Во
претходниот текст на РОДИНА го разгледавме хендикепот на патриотскиот претседател кој евентуално би бил избран, односно неможноста да стори било што во корист на Македонците од позицијата која евентуално би ја добил. Би бил само реприза на сегашниот. За другата варијанта во која би бил избран претседател по „западна мерка“ нема потреба од губење време.
Ајде сега да ја разгледаме варијантата со која изборџиите најмногу ни влеваат страв. Варијанта во која народот решително, онака по македонски, храбро, си остане дома и бојкотот успее. Во тој случај претседателот на собранието, во овој случај нелегитимен, би ја превземал должноста претседател на Република Македонија, но повторно нелегитимно. А тоа во иднина е одлична основа за поништување на се досега нелегитимно наметнато.
Во Уставот, во членот 81 пишува (Целиот член 81 на крајот од текстов под *):
„За претседател на Републиката е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи.
Ако во првиот круг ниту еден кандидат за претседател не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови.
Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето.
За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината избирачи.
Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка. “
Значи муабетот на изборџиите дека нелегитимниот узурпатор на собраниското прво столче ќе ја превземе функцијата и вечно ќе ја држи, не е точен. Односно после неуспешните избори мора да се распишат нови, односно според уставот „се повторува целата изборна постапка“.
После ова нормално ќе бараме експертска влада, не пржинска, која ќе има мандат единствено за реформирање на изборниот закон, законот за политички партии, изборниот модел како и државната изборна комисија и потоа распишување на парламентарни и претседателски избори.
Доколку после првиот бојкот не се согласат на експертска влада и повторно распишат претседателски, или и парламентарни, без наведените реформи, повторно ќе следи бојкот. Ќе се создаде политичка криза која мора да заврши со реформи во политичкиот систем. Овој постоечки, двопартиско едноумно-фашистички систем е крајно нефункционален и погубен за Македонците. Едноставно неприфатлив.
Која би била штета од привременото узурпирање, покрај собраниското прво столче, и на претседателската фотеља? Дали би можел да направи штета во одбранбениот сектор, војската, како врховен командант и како претседател на советот за безбедност? Па таа е веќе направена, тој беше министер за одбрана, досега сите министри за одбрана биле на „пеење во Вашингтон“ пред да бидат назначени на таа должност, освен овој, бидејќи својата непријателска дејност против армијата ја докажал практично во 2001 та. Резултатот по армијата го гледаме, куче нема за што да ги касне војниците.
Другата штета би можела да се случи во дипломатските односи, односно да се глупира со сега веќе за нив новото име. Но ова не е исклучено и вака со овој претседател и евентуално нов, на него сличен. Но тука би се соочил меѓународната реакција од бојкотот и од него предизвиканата политичка криза. На меѓународната сцена одамна веќе не се перчи само еден паун. Тој десегашниот е веќе искубан, а новите едвај чекаат да се појави нова дразба за да ги истакнат своите живописни колорити. Таква една дразба би можела да биде одлучниот македонски бојкот.
Да се потсетиме на реакциите на бојкотот на референдумот, кога и најголемите подржувачи на сегашнава хунта, ја наведнаа главата и признаа неуспех, во Обединетите нации и дипломатските кругови наголемо се зборуваше за кршењето на волјата на народот. Затоа сега им се потребни овие избори. За да го надоместат вакумот во нивната стратегија кој го создаде македонскиот народ со успешниот бојкот на референдумот и нормално да добијат легитимитет кој до сега го немаат.
Да се свртиме наоколу и добро да си ја разгледаме реалноста. Македонскиот народ и покрај тоа што во втората светска војна беше на победничката страна, доби делумна првидна слобода односно доживеа геноцид. Македонците од Егејот ги протераа и запалија. Лондон и Вашингтон беа ментори и извршители. Македонците под Пиринот првин, по наредба од Русија добија културна автономија, за потоа по ургенции на Лондон да ги негираат, асимилираат, затвораат и раселуваат. Македонците во Албанија беа оставени на немилост на тамошниот режим, наводно комунистички, но во позадина вешто менаџиран од одредени западни центри.
Ние тука добивме рамноправна република, по налог на коминтерната, за веднаш потоа по налог на Лондон да почне тивко да се затвора македонското прашање под изговор на врховизам. За овие 30 години сами си знаете што се случуваше и кои беа „олеснувачите“ на политичко-воените кризи кои самите ги создаваа и до каде не доведоа.
Да се разбереме, оваа нелегитимна власт е на респираторна машина. Западните кислородни боци на кои е закачена се веќе при крај. Потребно е да го откачиме цревото, односно да ги бојкотираме изборите се до постигнување на експертска влада, реформирање на политичкиот систем и овозможување преку нови народни партии, македонскиот народ да си ја превземе судбината во свои раце. Нелогично и невозможно е балканските губитници во втората светска војна да се шират на сметка на балканските победници преку холивудскиот филм што го гледаме 80 години. Победникот од втората светска војна повторно е во офанзива. #БОЈКОТпи
Боби Ѓорѓиевски, член на Иницијативниот Одбор на Родина-Македонија
12 март 2019, Скопје
Бидете дел од тимот на Родина.
Електронска пристапница: https://www.rodina.org.mk/pristapnica/
*Устав на Република Македонија
Член 81
Кандидат за претседател на Републиката можат да предложат најмалку 10.000 избирачи или најмалку 30 пратеници.
За претседател на Републиката е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи.
Ако во првиот круг ниту еден кандидат за претседател не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови.
Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето.
За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината избирачи.
Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.
Ако за претседател на Републиката е предложен еден кандидат, а во првиот круг на гласање не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.
Изборот за претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател.
Во случај на престанок на мандатот на претседателот на Републиката од кои и да е причини, изборот за нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот. Пред преземањето на должноста, претседателот на Републиката дава свечена изјава пред Собранието со која се обврзува на почитување на Уставот и законите.
Преземено од вебстраницата на Родина-Македонија:
Related