Ќе се Налапаме Пари, Да? Трамп Бара НАТО Членките да Плаќаат 600% Повеќе Рекет, Пардон, Заштита!
Сподели на социјалните платформи:

За оние кои веќаваа мед и млеко само да сме се избришеле како нација. Освен грабање на природните ресурси, финансиско поробување добиваш плус и мафијашки рекет на НАТО. Трамп им порача на Нато членките: Ќе ги плаќате сите трошоци на војската стационирана во вашите земји (и окупаторите нелегално во Криволак) и плус 50% од тоа одозгора!
Претседателот Трамп и нареди на неговата администрација да изготви формални барања за Германија, Јапонија и сите други земји во кои ќе бидат американски војници (Македонија ќе плаќа за окупаторите на Криволак на пример) да ја платат целата цена за американските војници распоредени на нивната територија, заедно со плу 50% премија за привилегија да им бидат домаќини, објави  Блумберг, цитирајќи десетина претставници на администрацијата и луѓе информирани за ова прашање.

Во некои случаи, од земјите каде што се сместени американски сили може да биде побарано да платат пет до шест пати колку што сега прават според формулата “Cost Plus 50”. – Блумберг

Трамп одамна се жали дека земјите домаќини на американските сили не плаќаат доволно, до тој степен што речиси ги прекина разговорите со Јужна Кореа за сместувањето на 28.000 американси војнци во базите на нивната територија  – и му нареди на националниот Советник за безбедност Џон Болтон да им порача на НАТО членките, “Ние сакаме да ги платат сите трошоци на војската стационирана таму плус 50% одозгора

Тимот на претседателот смета дека овој потег е еден од начините да ги поттикне партнерите од НАТО за забрзување на зголемувањето на трошоците за одбраната – прашање кое Трамп го покрена веднаш по преземањето на функцијата. Додека Трамп тврди дека неговиот притисок доведе до повеќе милијарди долари зголемување во одбранбени трошоци на земјите членки на НАТО, но тоа не му е доволно и го гледа како бавно темпо на зголемување. – Блумберг

Богати, богати земји кои ние ги штитиме, сите сте предупредни“, рече Трамп за време на говорот од 17 јануари во Пентагон. ” Не можеме да бидеме будали за другите. Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО, само што изјави дека поради мене, НАТО по многу години пад можеше да привлече многу повеќе пари од кога и да е порано од своите членки.

Планот “Плус 50”, наводно, потекнува од Советот за национална безбедност а критичарите на планот велат дека ги игнорира придобивките што ги ужива САД од тоа што американските војници се стационирани во странство.

“Добивањето сојузници за зголемување на нивните инвестиции во нашата колективна одбрана и обезбедување поправично споделување на товарот е долгогодишна цел на САД”, рече поранешниот американски амбасадор во НАТО, Даглас Луте. “Но вистината е дека тие се таму и ги одржуваме, бидејќи тоа е во наш интерес“.

Други сметаат дека планот “Плус 50” ќе предизвика дебати кај членките на НАТО за тоа дали воопшто и сакаат американските војници на нивната територија. И Германија и Јапонија, две од трите порзаени сили на оската во втората светска војна, долго време се спротивставуваат на присуството на американските трупи на нивната земја. Другите земји, како Полска, од друга страна, ги поздравуваат американските трупи.

Во Германија, на пример, САД се потпираат на неколку клучни инсталации: Регионалниот медицински центар Ландштул и Рамштајната воздухопловна база.

Германија е исто така дом на седиштето на американската команда на Африка. Проценката на тоа колку треба да плати Германија за овие бази, кои служат толку многу други интереси, ќе биде комплицирано. – Блумберг

Изворите како доказ велат дека официјалните претставници во Пентагон биле задолжени да пресметаат две формули: Една ќе определи колку пари треба да бидат платени од земји како Германија. Втората ќе го одреди попустот што ќе го добијат тие земји ако нивните политики тесно се усогласат со САД – Блумберг

Германија во моментов плаќа околу 28% од трошоците на американските сили на германска територија – или околу една милијарда долари годишно. Според планот “Плус 50”, плаќањето многукратно ќе се  зголеми за 600%, заедно со плаќањата од земји како Јапонија и Јужна Кореја.

Ќе почнете да барате пари и мора да бидете подготвени за она што може да се случи“, рече експертот за одбранбена политика на Американскиот институт за претпријатија, Мекензи Иген. “ќе ги видите на пример домашните политички дебати во членките на НАТО фокусирани околу овие воени бази откако ќе ја отворите дискусијата за плаќањето“.

Има многу земји кои ќе речат, имате апсолутно погрешен пристап – со цел ум ли мислите дека ние ќе плаќаме за ова?” рече поранешниот заменик-помошник-секретар за одбрана, Џим Таунсенд.

 

1 thought on “Ќе се Налапаме Пари, Да? Трамп Бара НАТО Членките да Плаќаат 600% Повеќе Рекет, Пардон, Заштита!

  1. “”Napred””Ameri so Ova ako Go INPLEMENTIRATE so Golema DOZA na Sigurnost ke si se Prostite od Golem Broj na NATO Clenki kaj Koi I TAKA Nemate Doverba a KAMO LI Podrzka , Samo NAPRED i Mozebi Ke Si Ostanete vo NATO so Golemite Clenki””NOVOPRIMENI”” Crna Gora i CRPNATATA-CHADORSKA OPINOK Drzava “”SEVERINA””pardon Severna kaj sto Crpnatite Opinoci ke ve Precekuvaat so Mercedesot na Gruevski i Gumite na STARO od Rada a i da Ne ZABORAVIME sose CHIZMITE so mali Broevi kako site Vojnici da imaat Noga kako Murtinskiot AJDAMAK br.38

Остави коментар