Од “лидерската” средба на две отуѓени и наскоро бивши врхушки, медиумите го сокрија најважното.Тајниот дил за уште 2 години лапање, Северна, наместени КвазиИзбори и театарот Гога СДС – Стево СДС!
На средбата на прочка на која лидерот на ДПНЕ отиде како глувчето Мице додека пола партија му ја испоаспија најважна и од медиумите скриен информација беше дека двете корумпирани политички врхушки уплашени од гневот на народот се догoвориле ДА НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ! Сето друго изјави за создавање “работни” комисии, “кристално” чисти избори, од корумпираните елити кои и децата би си ги продале за власт само ја потврдува спрегата на отуѓените врхушки на СДС-ДПНЕ од народот и нивното скоро заминување од политичката сцена а богами за некои и простување со слободата.
Ова потврдува неколку важни факти. Прво, дека и едните и другите знаат дека на парламентарни избори народот – слично како и другите слободолјубиви народи во Европа – заслужено ќе ги збрише од политичката сцена. Прочитај повеќе овде СДСДПНЕ се Клањаат на “Фчерашни Величини” a во Европа (и Македонија) Расте Нов Бран на Водачи – Ливрински Блог!
Второ, дека затоа се држат едни за други како пијан за плот и за власт и за упикување кон нелегитимните странци поразени од сопствените народи (Хан, Могернин, итн) ќе си ја продадат и сопствената мајка а не татковината и затоа и постигаат грозни консензуси и за најсветите работи. Прочитај повеќе овде Француска Министерка Доразоткри Она Што го Знаеме: Постои Консензус на СДС-ДПНЕ за Преспа и Северна!
И трето, дека во вакви услови Македонскиот Народ ќе одговори со преѕир и #БојкотирамПИ и ќе ги присили нелегитимните на предвремени парламентарни и претседателски избори. ТОГАШ ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ЦЕЛ НАРОД и ќе Победат Неизвалкани Патриотски Анти-Естаблишмент Партии кои ќе ја Поведат и Спасат Македонија! Прочитај повеќе овде Избори без Избор – Со #Бојкотирам ќе Почне Враќањето на Државата и Институциите на Народот – Владимир Трајковски!
А за другите глупости за кои овие веќе бивши политичари си замислуваат дека баботеле еве ви стандардни извадоци од известувањето на МК медиумите:
Мицкоски оваа средба ја оцени како корисна затоа што е договорено веќе од утре да почнат да работат на усогласување на предлогот на законот за СЈО и на останатите реформски закони.
Во минатото побаравме дуел, па побаравме предвремени парламентарни избори, но бевме одбиени, па затоа инициравме ваква средба, на која зборувавме за обезбедување на фер и демократски претседателски избори и за реформските закони од агендата за добивање на преговори за пристапување кон ЕУ, изјави вечерва Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ по денешната двоиполчасовна средба со премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев.
По лидерската средба вчера на која на иста маса на тет-а-тет средба премиерот Заев седна со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, се огласи на Фејсбук.
– Дозволете да споделам задоволство дека дијалогот продолжува. На средбата со Христијан Мицковски разговаравме за оние елементи кои се важни да обезбедиме фер, демократски и кристално чисти претседателски избори, како и за многу други работи за кои е неопходен дијалог, како што е процесот на помирување. Опозицијата прифати со работни групи да преминеме и на разговори за Законот за јавно обвинителство. Очекувам позитивни ставови, бидејќи сите очекуваме Република Северна Македонија во јуни да ги отвори поглавјата од преговорите со ЕУ.