САД Безсрамно Украде 50 тони Злато кое Нивните Сојузници, ИСИС Терористите, го Ограбиле од Сириската Држава!
Сподели на социјалните платформи:
“Западни вредности” или Див Запад. Американците си го”присвоиле” златото на Сирискиот Народ! Исто како и во Ирак, Либија, Украина а најверојатно и во Македонија за време на “парадата” во Мај минатата година во Скопје! На крај, секако, квислинзите мораа некако да платат на окупаторот за услугата!

Со оглед на тоа што преостанатите џебови на терористи на ИСИС се соочија со неминовен пораз во североисточна Сирија, САД, наводно, им дале мафијашка понуда која овие не можеле да ја одбијат: дајте ни го украденото злато или ќе ве оставиме да ве убијат Асад и Русите, пишува авторот Елиас Марат преку the Mind Unleashed.

Според извештаите на сириската државна новинска агенција САНА , американските сили постигнале договор со ИСИС, при што терористичката група ќе се откаже од 50 тони злато кои ги чувала во источна Сирија, Деир ел-Жур, во замена за обебезбедување на нивно извлекување од последните окупирани енклави.

Скапоцениот метал, во вредност од околу 2,13 милијарди долари, бил ограбен од страна самоназначениот “калифат” за време на неговото владеење и тероризмот кој се ширеше низ Сирија и Ирак помеѓу 2015 и 2017 година, помогнат со оружје од САД. Златото беше ограбено од ИСИС од разни делови на Сирија како и од Мосул во Ирак.

Турскиот весник Дејли Сабах објави дека локалните извори тврдат дека хеликоптерите на американската армија веќе го изнеле златото од базата на американските сили во градот Кобани, градот контролиран од курдите, кој лежи во близина на северната граница на Сирија со Турција.

Веста е објавена откако  САНА тврдеше дека локалните жители биле сведоци на американските хеликоптери кои со воздушен транспорт однеле големи количини злато, околу 50 тони, во јужниот дел на областа Ал-Дашиш кај селото Хасака.

Сирискиот државен медиум тврди дека лидерите на ИСИС ги насочувале американските хеликоптери до местата каде златото беше чувано, “во договор со кој Вашингтон поштеди животи на стотици теренски водачи и војници на терористичката организација”.

Тврдењата на сириската влада се совпаѓаат со извештаите на британскиот воен монитор, Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR), која тврди дека САД и нејзините курдски сојузници ги поштедиле борците на ИСИС во североисточна Сирија.

SOHR рече:

” Коалиционите сили предводени од САД и сириските демократски сили (СДФ) намерно не ги напаѓаат подрачјата под контрола на терористите и командантите на ИСИЛ во Источен Еуфрат во Деир ел Жор, бидејќи тие се обидуваат да го лоцираат ова богатство.

Сириските и руските медиуми веќе долго време тврдеа дека, спротивно на тврдењата на Вашингтон, дека САД води војна против екстремистичката група, американските сили, наместо тоа, соработуваат со нив на безброј начини.

За време на уништувањето на истприскиот град Рака во Сирија тогаш контролира од страна на ИСИС од страна на коалицијата предводена од САД, исто така тајна зделка со Американците беше постигната со групата што им овозможи на членовите безбеден премин додека ја евакуираа областа. Договорот,  откриен од страна на  Би-Би-Си , го обезбеди опстанокот и слободата на многу врвни лидери на ИСИС и голем број странски терористи за да продолжат со колежот на други места.

САД сеуште ја задржуваат својата база во Ал-Танф на сириско-јорданската граница, спротивно на меѓународното право и против желбите на сириската влада под изговор за борба против ИСИС. Москва во неколку наврати ги обвини САД за формирање нови вооружени групи од остатоците на ИСИС, каде што, наводно, им се дава слобода и се појавуваат како зајаци од шешир“, за да ги напаѓаат сириските трупи пред да се повлечат назад во американски-контролиран регион.

1 thought on “САД Безсрамно Украде 50 тони Злато кое Нивните Сојузници, ИСИС Терористите, го Ограбиле од Сириската Држава!

Остави коментар