Во најновиот пример за политичка коректност во ЕУ која се граничи со лудило, Француското национално собрание оваа недела го усвои законот за реформи во образованието, кој вклучува контроверзен амандман за замена на сите случаи на зборовите “мајка” и “татко” во службените документи во училиштата со родово неутрални фрази “Родител 1” и “Родител 2”.
Предлог-законот, предложен од страна на партијата на претседателот Емануел Макрон “…има за цел да ја искорени разновидностa на семејството во административните формулари поднесени во училиште”, рече министерката Валери Петит.
“Имаме семејства кои се соочуваат со проблеми поради прилично старомодни социјални и семејни модели. За нас, овој закон е мерка за социјална еднаквост”.
Додека промените беа направени, наводно, за да се спречи дискриминацијата против истополови родители, според Кристијан Пост, дури и францускиот министер за образование се спротивстави на измената.
Конзервативците ја осудија сугестијата дека термините “мајка” и “татко” се старомодни, а еден пратеник посочи дека во модерната Франција повеќе од 95% бракови се помеѓу ист пол, се вели во прилогот на РТ .
“Кога слушам дека луѓето велат дека ова е старомоден модел, би потсетил луѓе дека денес меѓу браковите, граѓански или официјални, околу 95% се двојки од маж и жена”, изјави конзервативниот пратеник Ксавиер Бретон за последниот амандман, додека конзервативниот Фабиен Ди Филипо го осуди овој потег како “застрашувачка идеологија”.
Сепак, не се само конзервативците кои ја доведуваат во прашање ефективноста на новата легислатива. Во знак на тоа колку е полн со контроверзии овој закон, дури и претседателот на француската асоцијација за родители од ист пол, ја критикуваше одлуката, тврдејќи дека тоа би можело да создаде “родителска хиерархија”.
Александер Урвиц, претседател на АФДХ, француско здружение за родители од ист пол, загрижува дека законодавството може да создаде “родителска хиерархија”.
“Кој е родител број 1 и кој е родител број 2?” прашува тој, додавајќи дека можеби се користат помалку контроверзни “татко, мајка и правен застапник” .
Други конзервативци инсистираа дека ќе работат за укинување на законот ако и кога нивната партија ќе се врати на власт.
Лорен Ваукис, водач на опозициската републиканска партија, рече дека “мајката” и “таткото” ќе бидат вратени ако неговата партија победи на изборите.
“Нашите граѓани веќе немаат ништо заедничко со политичката класа, ниту со политиките што ги наметнуваат”, рече тој, според “Тајмс”.
Лудовин де ла Роше, лидер на Католичката Демонстрација за сите, која протестираше против воведувањето на истополови бракови, ги нарече новите термини “апсолутно дехуманизирање”.
“На децата им требаат модели и водство”, рече таа. “Овој амандман оди кон исчезнување на основните семејни референци”.
Дури и ако амандманот биде одбиен од страна на францускиот Сенат, тој ќе се врати во Националното собрание за понатамошно разгледување. Сепак, мерката се очекува да ја помине горната комора.
Но, за сега, барем контроверзноста има барем улога како храна за некои веќе класични мемиња на социјалните мрежи.