Како и многу пати досега сме констатирале дека доаѓа време на нови свети икони во политиката. Во Европа од дамна веќе се појавуваат како што е Мари Лепен во Франција, Земaн во Чешка, Орбан во Унгарија, Путин во Русија, еве го и Матео Салвини во Италија.
Ништо не е случајно! Ни времето ни местото! Токму времето во кое денес живееме, настаните и случувањата , економското кризирање, моралното и социјалното кризирање ги раѓа новите лидери, односно новиот бран на политичари кои треба да ги заменат старите салонски послушни политичари. Токму таков политичар во последниве години во Италија е Матео Салвини кои на последниве избори одлично се пласираше како победник. Победнички издвојува на регионалните избори во Сардинија каде што краен резултат е 6:0 во однос на социјалистичката партија на Ренци и Моргени.
Италјанскиот народ во понеделникот му ја додели победата и довербата на Матео Салвини. А има и зошто:
1. На прво место кај Салвини е Италија и Италјанскиот народ;
2. Добробит или општо јавно добро на својот народ и на својата држава е важна компонента во политиката на Салвини;
3. Салвини се изјасни против официјалната политика на ЕУ во поглед на мигрантите и мигрантската криза;
4. Во однос на ЕУ се истакнува како евроскептик и се залага за радикални промени во унијата.
Погледите на Салвини во однос на ЕУ е изградба на унијата како дом на национални и суверени држави, односно Републики. Токму и тоа беше предмет на разговор во средбата со Полјакот Кацински со кои се договорија Италија и Полска да го завземат местото на Франција и Германија и во тој проект да ги вклучат и националните партии на другите Европски држави.
Матео Салвини на одличен научин во интервјуто за Раша Тудеј, ја открива маската на Брисел ( односно новиот Вавилон) и ЕУ, обвинувајќи ги Брисел и Европа дека го разбират само јазикот на парите. Затоа и не зборуват за принципите, за вредноста, солидарноста- туку за економските прашања. Одлично поентира Салвини, одлично разбрал дека Брисел е всушност дувло, спроведувач на политиката на белосветската олигархија. Втора работа која што Салвини ја потенцираше токму она што е значајно за денешниот свет, односно болеста од која современиот свет боледува, а тоа е присутноста само на матрејалната вредност во животот на човекот, а не постои друга вредност, како што е духовната и социјалната вредност како што и тој самиот нагласува немање на принципи, вредноста и солидарноста она што на денешниот свет во голема мера му недостасува.
Во истото интервју Салвини го изнесува својот поглед за иднината на Европа: „ Јас не сум против Европа. Јас сум за Европа, која прави малку работи, но ги прави добро,оставајќи слобода на избори на други фронтови за поединечни држави.“
Во однос на случувањата на Франција , Салвини иако е противник на Макрони, тоа можевме да го видиме уште во септември кога Макрони излезе со барање за создавање на Европска нација, тогаш Салвини му рециплираше да не прави будала од себе и од својата држава. Во поглед на актуелните случувања во Франција тој им даде апсолутна подршка на жолтите елеци. „ Ги подржувам пристојните граѓани кои протестират поради преседателот кој владее против својот народ“, ќе истакне тој.
Сите добро знаат од памтивек дека на ниеден политичар никој и ништо не може да му помогне да се искачи на врвот кај народот ако нардот не ги сака. Се и сешто може политичарот да направи, но ако народот не те сака, тогаш џабе е све што ќе направи политичарот. Кај Салвини токму и тоа се гледа дека симпатите и почита на народот се благонаклонети спрема него. Таа почит и благонаклонетост која Салвини ја ужива од Италјанскиот народ се должи токму на тоа што на прво место му се општото јавно добро на Италјанскиот народ и Италија. На сите анкети кои се направени до сега кај Италјанскиот народ покажуват дека токму поради тој факт укажува на голема доверба помеѓу народот.
Значи доаѓа новото време со новите политичари во Европа и Светот. Идните политичари во идниот нов свет ќе бидат оние политичари кои на народот ќе му докажат дека на прво место и приоритет на политичарот му е сопствениот народ и сопствената држава. А не ЕУ и НАТО, не застапување на туѓи интереси, странски интереси, корпоративни интереси, свои лични интереси.
Кај нас за жал се уште нема политичари од таков калибар. Нашите политичари се уште се држат за правилот „ Глеј на Запад“ уште како навиени навиват за ЕУ и НАТО, уште се надеват дека странските фактори, односно дека чадорот ќе ги донесе и одржува на власта. Никако да сватат дека во новото време нема да има место за такви салонски политичари, кои се спремни само да држат говор за пред погреб и да бидат дворски шут (корисен идиот). Колку што гледам последниве две години токму и тоа го покажуват, дека е, и готово со старите класични политичари, па нека тие му ја мислат.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
Поврзани содржини за растот на нови некорумпирани сили во Македонија: РОДина, Единствена Изворна и Неинсталирана Политичка Опција за Возобновување на Македонската Државност! Повик на Жените, Мајките, Бранителките за Пристапување во Македонскиот Народноослободителен Фронт!