Се повеќе можеме да слушнеме од наши граѓани дека немаме контрола врз државата, дека друг одлучува за нас, дека ние џабе се спротивставуваме на одредени политики кога некој од ,,горе,, така решил и т.н.
Дали Македонија се наоѓа под воена окупација на странска држава или воен сојуз? Воена окупација претставува состојба во која странска воена формација превзела контрола над одредена територија или држава. Дали кај нас постои странска воена формација која ја контролира нашата држава? Не. Формално такво нешто не постои иако ги имаме непоканаети Јенки на Киволак и УЧК формации на границата соо Косово.
Тогаш што или кој односно кои се тие од ,,горе,, што решаваат во наше име а на наша штета? Како може тоа да се случува во една демократска држава во која народот, односно демосот, владее преку непосредно избрани претставници?
Дали навистина не се наоѓаме под воена окупација? Ајде да ја разгледаме можноста за воена окупација со специјална војна. Што е тоа специјална војна? Специјалната војна се води со употреба на одредени веќе постоечки сили на непријателската територија, организации и институции како и оние кои за таа цел наменски се формираат, опремуваат и обучуваат. Начелно се тежнее тие да се што помасовни, да ги има во сите структури на општеството кон кое се планира и изведува специјалната војна. Особено се дооспособуваат разните тајни и полутајни организации, друштва асоцијации и агентури на земјата – цел на превземањето под контрола.
Начелата на специјалната војна се :
1 Разновидност и оригиналност во постапките.
2 Сеопфатност во изведувањето на акциите.
3 Максимална информираност за противникот.
4 Тајност и Безбедност во постапките.
Дали нешто од погоре наведеното ви е познато од некаде, или описот целосно се вклопува во случувањата кај нас во последните 30 години?
1 Се игра на социјална, етничка, идеолошка, генерациска и културолошка основа (разновидност) специфично за нашето поднебје со обучени кадри за наши услови и најчесто со локално потекло (оргиналност)
2 Се напаѓа дипломатски, екеономски, културолошки, воено-терористички а не е исклучено и биолошки (сеопфатност)
3 Секој од нас има сретнато ,,мирољубиви,, странци како дошле да се запознаат со нашата култура, како и прочитано дека добар дел од нашите безбедносни структури се на постојани обуки во ,,пријателски,, држави, па дури и добар дел од тајна полиција дека е на платен список на одредена амбасада. (максимална информираност за противникот)
4 Во нашата држава постои закон за заштита и посебни привилегии на службеници од одредени ,,пријателски,, држави што ги надминува општоприфатените дипломатски протоколи. Со ова се овозможува непречено движење и дејствување на странски лица без никаква евиденција и контрола од нашите безбедносни структури (тајност и безбедност во постапките).
Сакале или не да си ја признаеме состојбата во која се наоѓаме, не го менува фактот дека ние сме воено окупирана држава преку употреба на средства за специјална војна, и како такви трпиме несогледиви и тешко повратни последици. П. С. Имавме присилна промена на легално и демократски избрана власт, имавме наметнување на неизбрана од народот власт, неуставно назначување на клучни владеачки позиции, слкучување во име на народот капитулантски договори, имавме чудно убедување на претседателот да не превземе одредени уставни ингеренции за заштита на државата, имаме политички затвореници, уставобранители кои се прогласени за терористи за кажан збор или испеана химна. . .
ЗАТОА, И ЗА ДА ЈА СПРЕЧИШ СПЕЦИЈАЛНАТА ВОЈНА ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА ПРИКЛУЧИ СЕ НА #РОДИНА овде https://www.facebook.com/rodina.makedonija/
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/