Водачите на Британската Национална Здравствени Служба NHS оние кои се одговорни за социјализираната здравствена заштита на Обединетото Кралство, рекоа дека времињата за чекање во болница достигнаа рекордни должини. Времето на чекање во одделенијата во Англија минатиот месец беа на најлошите нивоа откако започна следењето, иако оваа зима е значително подобра отколку мината 2017/18 година.
Бројките треба да бидат повик за будење и за Британија но и за “социјалистите” во САД. Социјализираната медицина е дизајнирана да пропадне. Ниту една влада нема да може тоа да го поправи. Велика Британија инсистира дека причина за ова е хронично недоволно финансирање во социјалната заштита и зголемената кадровска криза која создава опасни недостатоци во болниците. Сепак, трошењето за здравствена заштита во Обединетото Кралство се зголеми повеќе од двојно во изминатите 18 години, откако ќе се пресмета и инфлацијата. Сето тоа не е малку а лошите вести само ќе продолжат да се влошуваат, според британскиот извор на вести, The Independent .
Кошмарните приказни на Обединетото Кралство треба да ги одвратат Американците од прифаќање каква било форма на ваков здравствен систем.
NHS се бореше да го одржува бројот на персоналот во своите болници и клиники од своето основање во 1948 година. Но, денес, ситуацијата е дека 9% од докторските места се непополнети бидејќи нема пари создавајќи смртоносен недостаток на скоро 11.500 лекари . Во NHS исто така има недостаток на 42.000 медицински сестри .
Лекарите и медицинските сестри едноставно не сакаат да работат за државата, што го прави нивниот живот премногу тежок, а нивната работа е премногу интензивна за малите пари кои им се нудат.
И тоа навистина не е изненадувачки што никој не сака да работи како медицинска сестра во Велика Британија; тоа е стресна работа, со долги часови и ужасни работни услови – сите имплементирани од авторитарната владина контрола. Некои медицински сестри се вработуваат во супермаркетите, бидејќи да ставаш производи на полиците носи подобри работни часови, придобивки и плати, според извештајот на лондонскиот Економист.
Недостатокот на даватели на здравстени услуги е она што предизвикува долги периоди на чекање. Во мај 2018 година, 4,3 милиони луѓе во Обединетото Кралство беа на листа на чекање за операција, на 10-годишно високо ниво. И овие чекања убиваат луѓе.
Анализата што опфати само половина од болниците во Англија откри дека речиси 30.000 пациенти умреле во текот на изминатата 2018 година, додека чекале третман. И според Форбс ова само ќе се влошува во иднина.
Во некои случаи, NHS одби да обезбеди третман на сите пациенти. Во јуни 2018 година, NHS објави дека ќе го прекине здравстеното покривање на 17 медицински постапки , вклучувајќи тонзилектомија и артроскопија на коленото кај пациенти со остеоартритис.
Пациентите во британските болници се четири пати поголеми шанси да умрат отколку во американските болници, според анализата на резултатите од 2.000 слични операции спроведени од истражувачите од Универзитетскиот Колеџ во Лондон и Универзитетот Колумбија во Њујорк. Меѓу потешко болните пациенти, разликата беше полоша; натешко болните Британци се со седум пати поголеми шанси да умрат.