Пишав пред некое време мое гледиште околу инжинерингот Северна за доокупирање на енклавите-држави во целосната територија под НАТО контрола т.е окупација. Русите го препознаа тоа, па долета Путин во Белград како единствената опција за Калининград на Балканот да биде Србија, (додека Република Српска им е веќе сигурна варијанта), носејќи подарок од 7 милијарди, и претходно со успешната операција на Крим, го заокружија светото тројство за одбраната на Русија во војната што следи.
Согласно новата доктрина на Русија за неводење на војна на нејзина територија, следниве 3 точки ќе бидат клучните боишта и кои се руски енклави во НАТО окупираните територии. Ако ги следите цело време провокациите и тестирањето на НАТО на руските системи на одбрана и брзина на реакција се случуваат на овие три точки, Балтикот, Србија со Косово, и Крим. Преку Јапонија исто така го отвараат прашањето на Курилите кои се геостратешки важни за Русија колку што се и Крим и Калининград.
Каква ЕУ какви бакрачи, допрва ќе следи тотален распад на тој проект кој си ја заврши улогата на актер за економски развој и бенефит т.е “морковот” кој ќе ги навлече идните членки на НАТО да го јадат “стапот”. На Русија и останува само да ги координира, обучи и спреми партизаните во териториите под НАТО окупација, нешто што НАТО тешко ќе може да го спречи, покрај инсталираните квинслишки влади во овие територии.
А дека НАТО знае дела ќе биде поразен покажуваат и бројните воени игри кои ги организираат Америкаnците и во кои во сите сценарија Западот го крка стапот. Но заслепените корумпирани елити кои имаат изгубено врска со реалноста а како последна шанса да не пропаднат ќе стават се на една коцка и ќе ја нападнат Русија знаејќи дека илјадници млади војничиња ќе бидат убиени. Си размислуваат, а што знаеш може и ќе победиме насреќа, оти алтернативата е пострашна за глобалофашистите, таа значи мирно губење на власта, и, бесилка! Еве само еден два примера How Russia Beat NATO in the War of 2024 – Како Русија го Победи НАТО во 2024 година – National Interest. и овде Русија ќе го Победи НАТО во војна за само “60 Часа” – Russia would WIN war with NATO in ‘60 HOURS’.
Колку повеќе партизани се вклучат во Македонија поголеми се шансите да ги вратиме работите согласно одлуките на АСНОМ и враќање на Македонија на Македонците. Се што црпко работи како квислинг на НАТО е очигледно и проѕирно и се надевам дека многу идни партизани веќе прогледале и ќе се приклучат во одбраната.
Белоризец Блог