Италијанската Централна Банка не е Народна туку сопственост на комерцијални банки а Италијанските златни резерви (3ти во светот) не му припаѓаат на народот туку на Централната и комерцијалните банки! Ете така се спроведува финансиското ропство на државите и народите а во корист на корумпираните светски елити и тоа е што Салвини почнува да го руши од темел!
Италијанскиот патриотски де факто лидер, Матео Салвини, се чини дека е подготвен за поткопување на финансиската основа на ЕУ и глобалниот финансиски систем до темел. Прво италијанскиот вицепремиер и лидер на партијата на Лигата, повика на елиминација на Централната Банка на Италија и на финансискиот регулатор на земјата, Консоб, велејќи дека двете институции треба да бидат “сведени на нула, не само промена на еден или двајца луѓе, туку сведени на нула“. Салвини со други зборови побара нивна целосна елиминација и дека “измамниците” кои нанесоа загуби на италијанските штедачи треба “да поминат долго време по затвори“.
Ден потоа, Салвини поттикна нови шокирани реакции во Брисел и во Франкфурт кога ја најави можноста за запленување на резервите на злато во Италија кои се сопственост на централната банка на земјата а складирани некаде далеку во туѓи банкарски сефови.
“Златото е во сопственост на италијанскиот народ, а не на некој друг“, изјави Славини во коментарите на новинарите во понеделникот, според ФТ . Овие коментари финасиските институции ги нарекоа закана за “независноста” на италијанската централна банка!
Истиот ден, популистите на Италија ги повикаа пратениците да усвојат закон со кој се озаконува дека нејзините златни залихи припаѓаат на државата, објави Блумберг .
Предлог-законот за сопственост на злато, презентиран од евроскептичкиот пратеник Клаудио Борги од Лигата, предизвика критики од опозициските политичари жестоко поразени на изборите и од некои продадени медиуми кои тврдат дека тоа може да й дозволи на владата да ги користи златните резерви за да ги финансира ветувањата за трошење.
Борги го отфрли обвинението и рече дека “Мојот предлог-закон има за цел да даде јасен став дека златото му припаѓа на државата, а не на владата и не на Централната Банка”.
Според Блумберг, нацрт-законот на Борги, кој го испитува Комитетот за финансии на Долниот дом, повикува на експлицитно толкување на легислативата дека формулацијата “држи и управува како депозити” на златото не е во противречност со фактот дека државата ќе ја има сопственоста на златото.
* * *
Зошто е ова важно? Затоа што Италијанската Централна Банка не е државна институција туку сопственост на комерцијални банки како што е случај и со ФЕД во САД и има сопственост врз златото кое му припаѓа на Италијанскиот народ! Интересно? Да. На тој начин се остваува финансиското ропство на државите!
Актуелниот предлог-закон на Борги за појаснување на сопственоста на италијанското злато е доста краток и е како што следува:
” Член 1. Вториот став од член 4 од Консолидираниот закон за валутата, согласно со претседателската уредба од 31 март 1988 година, број 148, се толкува како што значи дека Банката на Италија управува и поседува, како ексклузивен депозит, резерви на злато , без да е во спротивност со правото на Италијанската држава да поседува такви резерви , вклучувајќи ги и оние што се чуваат во странство “.
Тоа се бара затоа што досега, во упатството на Банка д’Италија 2014 за италијанските резерви на злато (што може да се прочита овде во pdf формат), централната банка го објаснува својот став, дури и во самата прва линија на водичот каде што гласи:
“Сопственоста на официјалните резерви и е доделена со закон на (Централната) Банка на Италија”
Понатаму, Банка на Италија не е во сопственост на Италијанската држава. Таа е во сопственост на италијанските комерцијални банки, при што најголемо учество имаат Интеса Санпаоло и УниКредит. Погледнете тука за листа на акционери на финансиска институција Банката на Италија. Значи, Банката на Италија го поседува златото, а италијанските банки ја поседуваат Банката на Италија.
Идејата да се користи златото во Италија со цел да се финансираат повисоки државни трошоци се чини дека произлезе од Бепе Грило, коосновач на “Пет ѕвезди”, кој во септември минатата година напиша дека “тоа ќе ни овозможи конечно да ставиме крај на оваа досадна приказна за фактот дека “нема пари”, додавајќи “зошто граѓаните мора да ги продадат своите златни синџирчиња, а не може државата?”
Ако Салвини навистина е сериозен да го монетизира златото, тоа ќе донесе здрави промени за италијанското популистичко раководство: Банката на Италија ја има третата по големина централна банка која поседува резерви на злато во светот по САД и Германија. Италија поседува 2.452 тони според Светскиот совет за злато, кое според денешните цени ќе изнесува нешто повеќе од 103 милијарди долари.
Се разбира, дури и тој износ е ништожен во споредба со вкупниот долг на Италија од 2,35 трилиони евра, што би сугерирало дека ако Салвини навистина се фокусира на уривање на наследените ограничувања на развојот неговата земја од страна на некои финансиски институции, следниот чекор ќе биде прогласување на суверениот долг “ништовен” и неважечки, со цел во крајна линија да се дојде до Italeave и враќањето на италијанската лира.