Дипломатскиот спор помеѓу Франција и Италија ескалира. Повеќе од половина година откако Италија го повика францускиот амбасадор на рибање во врска со мигрантскиот спор во Европа, во четвртокот Франција отиде чекор понатаму и најави дека ќе го повлече својот амбасадор во Италија, наведувајќи ги “срамниите” вербални напади, “мешање” во своите домашни работи и “неприфатливи” провокации.
Француското министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката е донесена поради состанокот помеѓу заменик-премиерот на Италија, Луиџи Ди Мајо и водачите на движењето за демонстранти на францускиот Жолти Елеци, со што Италија ја покажа поддршката за протестите на Францускиот народ против претседателот Емануел Макрон.
“Ова е без преседан уште од втората светска војна наваму” , се вели во изјавата на Министерството за надворешни работи на Франција. “Имање несогласувања е една работа, но вмешувањето за изборни цели е сосема друго”.
Луиџи ди Мајо, заменик-премиер на Италија и лидер на движењето за 5-ѕвезди против естаблишментот, ги поздрави вчера “ветровите на промени низ Алпите” на Твитер по средбата со активистите на Жолтите Елеци, Кристоф Халенкон и Ингрид Левавасеур.
“Последното мешање е дополнителна и неприфатлива провокација” се вели во изјавата на Министерството за надворешни работи додавајќи дека тоа “го нарушува почитувањето кое демократските и слободно избраните влади си го должат меѓусебно”.
“Сите овие дела создаваат сериозна ситуација која ги доведува во прашање намерите на италијанската влада кон Франција”.
Дипломатската војна меѓу Париз и Рим се разгоре поради повторените изрази на поддршка за протестите на Жолтите Елеци, кои доаѓаат од врвните италијански официјални претставници. Освен ко-заменик-премиерот Ди Мајо, и неговиот колега Матео Салвини исто така оваа недела изјави дека францускиот народ “ќе може да се ослободи од страшен претседател” во мај по одржувањето на парламентарните избори во Европа.
Представниците на жолтите елеци, Халенкон и Левавасер самите планираат да се кандидираат на овие избори, според извештаите на француските медиуми.