Активистите на студентското движење „Млади за Македонија” спроведоа герила-акција на влезовите на Скопје. На неколку надвозници закачени се пароли против уставните измени и против промената на името.
Од „Млади за Македонија” велат дека ова е почетокот на, како што тие го нарекуваат црвено-жолтиот отпор. Велат дека преку ненасилен отпор и креативни акции ќе се борат против промената на името.
За оние млади кои сакаат да станат дел од отпорот можат да се пријават овде https://www.facebook.com/MZMakedonija/
Герила акција со пароли не бива.