Патриотите во 2018 ги Загнаа Елитите во Бегство и во 2019 Може да го Испорачаат Завршниот Удар!
Сподели на социјалните платформи:

Авто Френк Фуреди преку Spiked-Online.com. Што е следно за народниот револт? На Запад во 2018 година, бевме сведоци на интензивирање на нов конфликт – меѓу анти-популистичките политички елити и растечкото народно движење кое е непријател за овие корумпирани елити.

Многу коментатори го толкуваа овој конфликт со класичен економски јазик. Ова е суштинска борба во распределбата на ресурсите, тврдат тие. Дури и елитиситичкиот коментатор Фарид Закарија, кој признава дека протестите на “жолтите елеци” во Франција се поткрепени со длабоки културни тензии, особено меѓу руралната и урбаната Франција, сепак одговорот го бара во тесно економско објаснување. “Тоа е делумно класна борба, делумно културна, но има и голем елемент на економијата”, вели тој.

Коментарот на Закарија, насловен како “Новата линија на поделба во западната политика”, е добра илустрација за денешната широко распространета неподготвеност да се соочи со новите културни и политички тензии, да се признае дека луѓето во дненешницава протестираат поради загриженост за оспатнкот, нешто не се вклопува во моделот на социо-економска класна борба од 20 век.

Најдобар начин за да го дефинирате моменталниот народен момент е како одложен одговор на културната револуција спроведена и наметната од елитите од врвот надолу која се случи во седумдесеттите. Во таа деценија, се појавија нови ставови кон бракот, семејниот живот, односите меѓу половите, улогата на нацијата и значењето на државјанството, и овие елементи се кодифицираа во многу западни општества. До почетокот на осумдесеттите години, политичките елити воспоставија нови форми на културен авторитет.

Овој т.н. културен пресврт често се должи на влијанието на “културните марксисти” кои се внедрени на универзитетите. Но, оваа анализа открива и нешто важно – дека културниот пресврт се одржа токму под носот на Тачер и Реган, сметани за патриоти и суверенисти. Во нивната ера, културните вредности на пост-шеесеттите години беа институционализирани од страна англо-американската културна елита и промовирани во цел свет.

Во ретроспектива, се чини дека е јасно дека антитрадиционалниот културен пресврт што се случил под набљудување на политичкиот поредок на Тачер / Реган беше обид на западните политички елити да воспостават нова основа за нивниот авторитет. Највпечатливо, новонастанатите културни олигархии се сметаа себе за медијатори и вратари на глобализираниот свет каде што јавниот живот е загрозен од проблеми кои наводно ја надминуваат националната држава и националната контрола.

Тие посветија многу енергија за де-национализација на јавниот живот и делегитимизирање на ставовите и вредностите што ги држат народите. Ова беше време кога догмата дека нема алтернатива за глобализацијата навистина се воспостави. Намалувањето на суверенитетот – и националниот суверенитет и државниот суверенитет – беше централна задача на новиот културен естаблишмент. За многу краток временски период, луѓето се најдоа во ситуација дека нивната долгогодишна вера во вредностите на заедницата, нацијата и на семејството е отфрлена како застарена, ирелевантна, па дури и полна со предрасуди.

Бевме сведоци на патологизацијата на вообичаените ставови кон семејството, заедницата и човечките односи. И крајниот резултат е кристализација на моќното чувство на културна несигурност во европските општества. Во текот на изминатите две или три децении, на значајни делови на европските општества им беа одземени вредностите што ги живееа и кои им даваа смисол. Многу од нив се чувствуваа замолчени и дефанзивни за да ги искажат своите грижи. Тие се чувствуваа неспособни да ги кажат своите резерви за мултикултурализмот, разновидноста, имиграцијата и сакрализацијата на политиката на разни идентитети. Во споредба со помладите генерации – кои честопати се под влијание на космополитскиот етос кој е доминантен во нивните училишта и универзитети – постарите граѓани се чувствуваат културно несигурни, а понекогаш и беспомошни. Оние што живееле надвор од културно привилегираните, глобалистички урбани населби имаат силно чувство дека нивниот начин на живот е презрен од новите културни елити. Тие се чувствуваа како странци во своите домови.

Повеќето коментатори не сакаат да се соочат со обемот и природата на актуелната културна војна во Европа. Тоа е затоа што споровите околу вредностите се потешки од конфликтите врз ресурсите. Вредностите се однесуваат на значењето на самиот живот. Дури и најквалификуваниот преговарач не може да ја реши тензијата меѓу некој што има патриотски поглед а светот и некој друг кој ги презира националните чувства. Многу е полесно да се најде компромис во сферата на индустриските односи отколку да се најде средишна основа меѓу два фундаментално различни пристапи кон животот. Вредностите станаа политизирани до точка каде што има малку простор за преговори.

Во меѓувреме, новите елити се обидеа да деполитизираат одредени прашања од јавната политика. Зошто? Бидејќи тие знаат дека нивните политики одат против границите на трпеливост на јавното расположение. Значи, тие ја прикажуваат миграцијата како строго економско прашање, кое никогаш не е политичко или морално. Тие ги даваат своите аргументи против Брексит целосно во економски поглед, не гледајќи ги политичките и културните двигатели на движењето против ЕУ.

И старата и новата левица ја прифатија оваа линија на економско размислување. Вообичаено, левичарските коментатори ги опишуваат протестите како оние во Франција како главно водени од економски поплаки. Тие често ги критикуваат работничката класа и популистичките движења поради непознавањето на нивните вистински економски интереси и како премногу опседнати со прашања од културна несигурност. Оваа идеја дека приврзаниците на патриотските движења не се способни да ги сфатат сопствените “вистински” интереси, а се прогонуваат од злобни демагогии, е левичарска верзија на класичниот антидемократски етос.

Како што покажуваат протестите во Франција, луѓето бараат јазик и наратива преку кој можат да ја изразат својата форма на солидарност од 21 век. Но, изгледа дека им недостасуваат интелектуални ресурси и лидерство неопходни за да им дадат јасност на своите аспирации. Во Велика Британија, милиони се чувствуваат задоволни поради гласањето за Брексит. Но, ниту една од политичките партии не ги претставува нивните интереси; мнозинството од про-Брексит е лишено од институционални лостови преку кои може да ги спроведе своите идеали.

Популизмот и патриотските движења треба да развијат поголема политичка јасност и да развие инспиративно гледиште за демократско граѓанство кое ќе се бори за напредок. Во услови на значителна моќ на политичките и културните установи, таа може само да напредува ако развие кохерентна алтернатива на вредностите на преовладувачкиот ред. Во наредните години има многу да се работи.

За 2019та да бид година на пораз на корумпираните елити она што ни треба е просветлена, демократски информирана верзија на популистичката политика. За потребата за формулирање на револтот во политички победнички платформи против корумпираните елити прочитајте повеќе овде: Жолтите Елеци – Најава на Падот на Глобалистичката Диктатура! Но Борбата ќе Биде Тешка! – О’Колман!

 

 

1 thought on “Патриотите во 2018 ги Загнаа Елитите во Бегство и во 2019 Може да го Испорачаат Завршниот Удар!

  1. Бравос избор од светскиот не-МСМ печат.
    Конечно го разгологазува павловиот рефлекс на самоизбраните да омаловажуваат легитимна самосвест, со чиновнички цинизам, дека Жолтите Елеци всушност се борат против високите цени на горивото. Свесно игнорирајќи го комуникациониот симбол Жолт Елек кој е когнитивно толку јасен/недвосмислен.

    Како и насоката на авторот дека после првите успеси, време е за кристализација на флуидот, во оперативен јазик и алатки за одбрана и навјасување на наметнатштината. Паралелите се наметнуваат сами. Како би се изразилА М. “интересни времиња”. Обврзни за секој критичкомислечки и критичкоправечки.
    —————————————-
    Поткован осврт/контемплација на С.В.М. како зародиш за пресврт над разноразните венерчини и меркурчини кои под плаштот едуцирам продаваат мадиња под име Бели Бубрежиња. Се у деминутив. Соја месо.
    —————————————-
    Интересна алатка на Т.К., за задушување на третиот столб. Вреди да се проба.
    Што ме потсети на мојата цврста определба за месечна претплата на некој не-МСМ во Македонија Вечна.
    Не дека мојата цркавица ќе значи нешто (може дури и проблеми да им направи), но со мала самодисциплина и омасовување може да направи чудесии.
    —————————————
    И на крај секако троа хумор. Она малООто, пичелипифче, што во напад на хистерија ќе тужи и суди што му го загрозуваат тендерот за вакцини. Тој на тој приход за озбилно сметал за сега некој да му го загрози. А и редот му дошол и тој некое рипче да фати. Не џабе г’з со урда мачка ехе-хеее од кога.

Остави коментар