НС до Безбедносните Сили: Напуштете ја Нелегитимната Хунта и Дојдете кај Колегите кои се Веќе со Народот!

Сподели на социјалните платформи:

Народното Собрание во 1во Јануарскиот проглас ги повикува Безбедносните Сили на Република Македонија да откажат послушност на нелегитимната Хунта која заминува и да си дојдат на победничката страна кај народот, и кај нивните колеги кои веќе се подготвуваат за одбрана на Македонија! Според податоци кои ги има на интернет и социјалните мрежи веќе се  формирани два одреди на доброволци, Брегалнички Одред и Одредот Матка и неколку диверзантски групи кои се ставаат под команда на Народната Власт и дека голем број на Македонци од војската на РМ и едниците на МВР кои и откажаа послушност на Хунтата веќе бараат да се приклучат кон Народно Ослободителните Сили! Прочитај повеќе овде: Формирани Првите Одреди на НОВ од Доброволци, и, Патриоти од АРМ/МВР кои се Ставија под Команда на НС!

За револтот и откажувањето на послушност кон хунтата прочитај повеќе овде: Македонските Специјалци Откажуваат Послушност! Хунтата во Очај ги Заменува со УЧК Терористи! и овде Нелегитимната Хунта Остана Само со ПараВојската на УЧК! Полицијата, Војската Откажуваат да Применат Насилство врз Својот Народ!

Народното Собрание во својот 1во Јануарски проглас порача до сите граѓани на Македонија: Подржи ги своите народни институции со бојкотирање на нелегитимните окупаторски марионети и со ставање под авторитет на народната власт како поединец, како професионалец и преку членство во Македонски партии, организации, движења, клубови, асоцијации кои се на браникот на борбата за опстанок и зачувување на државноста на Македонскиот Народ на овие исконски простори.

Целиот Декрет број 8. на Народното Собрание до Македонскиот народ и поспецифично до Македонците во институциите вклучително и безбедносните да СЕ СТАВАТ ПОД АВТОРИТЕТОТ НА НАРОДНАТА ВЛАСТ И НАВРЕМЕ ДА ОТКАЖАТ ПОСЛУШНОСТ НА ПОРАЗЕНАТА И НЕЛЕГИТИМНА ХУНТА. Народната Власт ќе ги примени во полна сила законите на РМ за предавство против сите оние кои спроведуваат но и соучествуваат и не превземаат ништо против антиуставниот удар врз темелите на државата на Македонскиот Народ, извојувана во војна и со крв на нашите предци.

 

Народно Собрание на Република Македонија

Декрет Бр. 8.

Информирање за преземањето на законодавната власт од страна на Народното Собрание и на извршната од страна на Техничката Влада и ставање под контрола на сите Македонски државни органи, агенции, институиции, администрација од општинско до национално ниво.

Народното Собрание на Република Македонија го информира Македонскот народ, граѓаните и сите институции на Република Македонија дека ја презема одговорноста за Македонија од нелегитимните и однадвор назначени марионетски и окупаторски влада и собрание и повикува:

Ставете се под авторитетот на Народното Собрание во одбрана и обезбедување од криминалното, правно непоткрепеното и незаконското рушење на уставниот поредок на Република Македонија. Секое учествување и давање административна подршка на работата на нелегитимниот, пучистички парламент ќе се смета за соучесништво во анти-уставните насилнички акти во Собранието и ќе биде најстрого казнувано според законите на Република Македонија

Нивните незаконски, анти-уставни, анти-демократски дејанија се документирани и се оспорени и се наоѓаат во процедури и пред Уставниот Суд и во Јавното Обвинителство на Република Македонија и во Основното Јавно Обвинителство – Скопје.

Се документира и подршката која свесно или несвесно се дава од граѓани и компании кои со тоа стануваат соучесници во криминалната активност на нелегитимната самопрогласена власт кои немаат никаква подршка од Македонскиот народ ниту однадвор освех неколку исто така нелегитимни представници на глобалниот военохушкачки фашизам. Браќа и сестри, сограѓани, не дозволувајте вашите фамилии, презимиња да влезат во црната Македонска историја поради подршката на неизбрани, нелегитимни, самопрогласени власти. Не дозволувајте по падот на Квислиншката Хунта вие да бидете тие што заедно со нив непотребно ќе ги плаќате нивните дебели сметки за обидот на рушење на уставниот поредок на Република Македонија.

Декретот стапува на сила веднаш. Неизвршувањето повлекува кривична одговорност според според сегашниот устав и законите на Република Македонија.

 

Президиум на Народното Собрание на Република Македонија

Скопје, Македонија

1ви Јануари 2019

(копија, оригиналот архивиран)

 

Остави коментар