Како Воено-Хушкачите Донесоа Смрт и беа Поразени на Блискиот Исток – Пат Бјуканан, советникот на Реган, Форд и Никсон!
Сподели на социјалните платформи:

Автор Патрик Бјуканан, објавено преку Townhall.com

“Асад мора да замине, рече Обама.” За ова прочитајте го насловот во  The Washington Post од 18 август 2011 година. Веста го цитираше претседателот Барак Обама директно:

“Иднината на Сирија мора да биде одредена од нејзините луѓе, но претседателот Башар ал-Асад стои на патот … дојде време претседателот Асад да се повлече”.

Францускиот Претседател Николас Саркози и Британскиот Премиер Дејвид Камерон веднаш се потпишаа на ултиматумот на Обама: Асад мора да си оди!

Седум години и 500.000 мртви Сиријци подоцна, Обама, Саркози и Камерон ГИ НЕМА. Додека Асад и понатаму владее во Дамаск, а 2.000 Американци во Сирија се враќаат дома. Наскоро, вели претседателот Доналд Трамп.

Но, ние не можеме да “заминеме сега”, тврди сенаторот Линдзи Греам, или “Нашите сојузници Курдите ќе бидат убиени”.

Прашање: Кој нѐ впушти во граѓанската војна во Сирија, и како успеавме по седум години интервенција да дојдеме до ситуација, нашите непријатели ќе победат и нашите сојузници ќе бидат “заклани” ако си заминеме?

Пред седумнаесет години, САД го нападнаа Авганистан со цел соборување на Талибанците поради нивното давање помош и заштита на Ал Каеда и Осама бин Ладен.

Денес, Американскиот дипломат Залмај Калилзад преговара на мировни разговори со истиот тој Талибан. И според поранешниот директор на ЦИА, Мајк Морел, пишувајќи во Вашингтон пост, “остатоците од Ал Каеда работат тесно” со денешниот Талибан.

Се чини дека 17 години борби во Авганистан беа залудни и ни оставија со овие алтернативи :

  • Останете таму, и се бори за вечна војна за да ги држат талибанците од Кабул колку што се пружа власта на квислинзите,
  • или да се повлече и да дозволи Талибанците да го згазат Кабул и нашите “марионети”.

Кој нѐ внесе во овој дебакл?

Откако Трамп полета во американските бази во Ирак за време на Божиќ, но не најде време да се сретне со Ирачкиот претседател, ирачкиот парламент, нарекувајќи го ова “американско непочитување на суверенитетот на другите нации” и национална навреда, почна да расправа дали да ги протераат 5.000 американски војници кои се уште се наоѓаат во нивната земја.

Џорџ Буш ја започна операцијата “Слобода на Ирак” за да му го одземе Садам Хусеин од оружјето за масовно уништување кое тој и го немаше и да го претвори Ирак во “бастион на западна демократија во арапскиот и исламскиот свет”.

Денес, петнаесет години подоцна, Ирачаните дебатираат за нашето протерување.

Муктада ал-Садр, исламист со американска крв на рацете од борбите пред една деценија, ја предводие кампањата за да нè набрка. Тој ја предводи партијата со најголем број членови во парламентот.

Размислете за Јемен. Три години САД ги поддржуваа авионите на Саудиска Арабија, со муниција, информации за стрелање  од воздух против Хути бунтовниците, војна која стана една од најлошите хуманитарни катастрофи на 21-от век со илјадници убиени цивили, жени и деца.

Кој нѐ вовел во оваа војна? И како годините на убивање на цивили во Јемен, во кое сме соучесници, ги направи Американците побезбедни?

Размислете за Либија. Во 2011 година, САД ги нападнаа силите на диктаторот Моамер Гадафи и помогнаа да се отстрани, што доведе до негово убиство. Извештаите за веста за смртта на Гадафи, државниот секретар Хилари Клинтон ги прими како шега: “Дојдовме, видовме, умре”.

Либискиот конфликт оттогаш произведува десетици илјади мртви. Продукцјата на нафтена индустрија, клучна за Либија спадна на мал дел од она што беше.

Цената на сите овие интервенции за САД?

Околу 7.000 мртви Американци, 40.000 ранети и трилиони долари.

За арапскиот и муслиманскиот свет, цената е далеку поголема. Стотици илјадници загинати во Авганистан, Ирак, Сирија, Јемен и Либија, цивили и војници, погроми против христијаните, масакри и милиони раселени и истерани од своите домови.

Како сето ова освојување, бомбардирање и убивање го направија Блискиот Исток подобро место или Американците посигурни? Анкетата на млади луѓе од Блискиот Исток и Северна Африка во мај од 2018 година покажа дека повеќе од нив сметаат дека Русија е поблизок партнер отколку Соединетите Американски Држави.

Плодовите на американската интервенција?

Се вели дека ИСИС не е мртов, туку е жив во срцата на десетици илјади муслимани, дека ако ги напуштиме Сирија и Авганистан, нашите непријатели ќе ги преземат овие земји и нашите пријатели ќе бидат масакрирани и дека ако престанеме да им помагаме на Саудијците и Емиратите да ги убиваат Хутите во Јемен, Иран ќе победи.

Во својата одлука да ја напушти Сирија и да ја повлече половината од 14.000 војници во Авганистан, Трамп ги разлути нашите надворешно-политички елити, иако милиони Американци сакаат што побрзо да заминат од таму.

Во уводникот од понеделникот во кој се славеле главните личности од надворешната политика во изминатиот половина век, пишува The New York Times,

“Со оглед на тоа што овие лидери минуваат од местото на настанот, ќе биде оставено на новата генерација да најде начин да напредуваат од остатоците што го има веќе создадено г-дин Трамп”.

Корекција:

Направете го “урнатините кои г-дин Трамп ги наследи”.

Автор Патрик Бјуканан, објавен преку Townhall.com

Остави коментар