Жолтите Елеци Викендов низ Цела Франција и Против Француските Медиумски Мегафони на Корумпираните Елити!
Сподели на социјалните платформи:

Стотици “жолтите елеци” се собраа пред француската телевизиска станица BFM на седмата седмица протести низ целата земја. Француските медиуми со долни, ниски и тоталитарни методи кои мирисаат на очај и паника не само што ги цензурираат протестите – туку користат и фотошоп на зборот “dégage” (out! / Go away/оставка) од паролите против Макрон за да изгледа не како повик за оставка туку подршка. (подолу). Демонстрантите извикуваа “Лажни-вести новинари излезете” и “Макрон Оставка!” пред ТВ-станицата за која еден демонстрант изјави за  РТ Франција  дека шири лажни информации за движењето и намерно не известува за бројноста и големината на демонстрации.

 

Демонстрантите во саботата повторно се соочија со солзавец и големо присуство на полиција како и минатите недели.

Во четвртокот група демонстранти од “Жолтите елеци” се обидоа да го нападнаат летниот дворец на францускиот претседател Емануел Макрон, иако не е јасно дали тој бил присутен во тоа време. Макрон беше критикуван за 39.000 долари потрошени за базен што го постави на крајбрежната тврдина.

Полицијата стрелаше солзавец во демонстрантите “жолт елеци” во Париз во саботата  – Франција24. Во протестите запалени биле неколку автомобили до телевизијата, со чад видлив до Ајфеловата кула.

https://twitter.com/dpwcarson/status/1079078899424903169?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1079078899424903169&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.zerohedge.com%2Fnews%2F2018-12-29%2Ffake-news-journalists-come-down-hundreds-yellow-vests-gather-french-tv-station

Одделно, француската полиција фрлаше и солзавец во градот Руен во Нормандија за време на напнатоста со демонстрантите.

Embedded video

Embedded video

Embedded video

Полицијата се судри со демонстрантите и во Тулуз, јужна Франција.

Embedded video

Embedded video

Жолтите елеци започна со протести по најавените планови за зголемувања на цените на горивото поврзани со мерките за климатски промени, но тие брзо се развија во општ протест против владата на Макрон. Додека зголемувањето на горивото беше привремено одложено за шест месеци, демонстрантите и понатаму повикуваат на оставка на Макрон.

Остави коментар