Веќе неколку недели како Французите маршират по улиците на Париз, и кај нас имаше слаб отпор од страна на народот, згора на тоа малтертирани од полицијата на Оливер Спасовски, ВМРО-ДПМНЕ започна со некои си маршови, Собиранки пред владата на Македонија, но со никаков висок интезитет, нема окупација на парламент, на влада, нема заѕидување на портата на владата и сл. Сакам да кажам ние Македонците се уште си стоиме во место додека животот ни го изебава квислиншкава влада од Муртино. Сега од јануари ќе плаќаме данок на плата, лебот ни поскапи, на ред е водата и струјата, потоа све останато.
Ова што денеска се случува во Франција е конечно освестување на човештвото од она што би го чекало доколку и понатаму опстои системот наречен либерализам во неговиот неолиберален облик и конечно Французите се последниот одбранбен штит на човечноста, преку нивните акции, демонстрации, протести денес човештвото се бори од фашистичката змија наречена либерален капитализам. Алал да им е! и Гилотината си ја вратија среде плоштадот, за да ги потсеќа Француските политичари и Макрони што ги чека политичарите како него кои не се послушни на својот народ, тоа еднаш Французите го направија за време на Француската револуција, може уште еднаш да се повтори, може и денес. Така реагира гневен народ кога неговата власт не сака да го слуша. А тоа не е проблем само на Француската власт, тоа стана речиси глобален проблем, народите денес имат власт која е контра, односно спротивна од страната на барањата на народот.
Зошто сето ова се случува? Бидејќи еден општествен, социјален, политички и економски систем кои се нарекуваше либерален капитализам е веќе на крајот од своето владеење, односно е во фаза на умирање. Тој систем ги даде своите резултати и го донесе светот до денешната состојба во која се наоѓа, а тоа е состојбата на хаос.
Уште од 2009 година, со почетокот на економската криза се знаеше односно се предвидуваше крахот, Односно падот на либералниот капитализам. Во тоа време почитуваниот Француски филозоф Лисие Сив ја даде изјавата дека сето ова што почнува да се случува фактички е влез во стечај на либералниот капитализам. Тогаш никој не го послуша овој филозоф и не се обиде да направи трансформација на системот. Успешна трансформација на своите систем направија оние земји кои ја увидоа опасноста која им престои како што се Кина, Венецуела, Бразил, Аргентина, Боливија, Русија и други. И како што денес можеме да видиме овие земји денес мошне добро се држат за разлика од Западниве либерални демократии кои целосно рокат.
Основата на човечкиот живот е човекот да има материјални, но и духовни (општествени и социјални) добра. Чим си го довел човекот во позиција 24- саати да мисли на материјални добра, веќе си го дехуманизирал, односно си го очовечил. Човечкиот живот не е во филозофско-апстракна смисла само да диши и да има трипати леб на денот, односно само да ги задоволува своите биолошки потреби, туку да живее вистински и достоиствен живот во вистинска смисла на зборот, да има своја цел, да може на вистински начин да го организира својот живот со сите свои компоненти матрејалната, општествената, духовната и социјалната компонента. Токму тука ја гледаме причината за толку големите и сериозните социјални немири кои денес не се случуват само во Франција , туку во целиот свет. Франција во моментов е најголемиот преставник на тие барања. Човештвото денес е доведено во ситуација самото да се избори за она што на него природно му припаѓа, а тоа е човекот да има живот во вистинска смисла на зборот со сите негови компоненти.
Редно е на Запад учените луѓе да соберат сили, да си седнат на маса, да си размислат и за доброто на иднита на човештвото да направат целосна трансформација на општествениот систем, бидејќи во спротивно гилотината не им бега, но она што е пострашно денешното време не е исто како и она од времето на Француската револуција, денес има пострашни алатки од гилотината, па нека му ја мислат, по што којзнае како тргнала работава никој не знае каде ќе и биде крајот.
И ние во Македонија мораме да знеме како да ги искористиме промените кои допрва следат, тие ќе бидат во полза на подобро човештво, во полза на конечно признавање на Македонија и Македонскиот народ, но за да стигнеме до таму мораме да преживеме како народ и држава, бидејќи после се ова што се случува повеќе нема да има ликови како Меркел, Макрони, Тереза Мекеј во европската политика. Европскиот парламент во пролет го чекат избори, тие ќе бидат различни од досегашните, ќе нема повеќе место за либералите и централните партии и тогаш сигурно дека промените во сите сфери на општеството ќе започнат. Но што дотогаш ние да правиме, се разбира ќе се бориме како и до сега со сопствени сили и со отпор за да издржиме до тогаш.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
Evropskata “megali idea” pridonese vo 2009 da pocne ekonomskata kriza, otkoga EU se prosiri so golem broj na novi clenki, RENOMIRANITE (po makedonski ili potocno za ovdesnite snicajzli) kompanii im se dade brz transfer na “valuta” za da go prevzemat opstestveniot kapital vo istocna evropa ( novite clenki) sepak od toe investicii povratokot bese vo negativa zatoa sto naselenieto se preseli na zapad i nivnite ekonomii oslabnaa. So svesno izmislena valuta ( pari vo vrednost!!) tie uspeaja da glavnite istocnoevropski infrastrukturni i opstetveni IMOTI si gi pisat na SVOE IME (po nacionalna linija) a kompenzacijata za negativnoto saldo vo bankite go platija drzavite od arabskiot svet, dzabe nafta i…… “milioni lastercinja za kalemenje” EVRO LEPOTA NE STAJE NA BANKNOTA