Жолтите Елеци – Најава на Падот на Глобалистичката Диктатура! Но Борбата ќе Биде Тешка! – О’Колман!
Сподели на социјалните платформи:

Задолжително Викенд 15-минутно Гледање! Импликации за Глобалниот и Македонскиот Отпор! Длабоките причини за револтот на жолтите елеци во Франција, силата, слабостите и потребата за формулирање на нивните барања во општа платформа за рушење на корумпираните глобалофашистички елити.

Разговаравме директно во Париз со врвниот геополитички аналитичар и коментатор Гирод О’Колман кој во видеото подолу (со превод на македонски, стиснете сс под видеото) ги окарактеризира жолтите елеци како изблик на површината на непомирливите и системски разлики меѓу народот и отуѓената елита и почеток на процесот на борбата меѓу глобалистите и суверенистите. Дали жолтите елеци или следните сини или зелени ќе ги урнат елитите не е битно, важно дека незапирливата револуција започна.

Еве извадоци од интервјуто со О’Колман: “..Французите страдаат од вистински проблеми, поскапување на животот, цената на храната зголемени даноци. Значи ова е револт и на работничката класа и на средната класа; Средната класа се пролетеризира и падна на ниво на сиромашната класа. А сиромашната класа пак падна уште пониско и отиде во крајна беда …”

“….Макрон има пред себе тежок проблем. Тој беше поставен од финансиската олигархија. Неговиот ментор е Жак Атали. Еден од
вечните бирократи на Француската елита. И токму тој Жак Атали има јавно изјавено: Франција нема претседател/ Французите мислат дека имаат претседател, но финансиската елита е таа која ја има власта….” вели О’Колман за улогата на Макрон.

И продолжува: “….. значи Макрон е таму со доделена задача.  Тој е бирократ на Ротшилд банкарите. Тој е слуга на Ротшилдови, поставен со цел да спроведува политики погодни за банкарите. А тоа е да ја уништи традиционална Франција преку миграцијата.

О’Колман за медиумите: “… Медиумите тука исто како и во другите земји се комплетно купени од милијардерите. И служат како ПиАр инструмент на владеачките елити и финансиската олигархија. И нивната улога е да ги бранат интересите на олигархијата и да ги саботира интересите на народите. И тие имаат стандарден фонд на зборови за такво делување. Бележење како фашист, екстремна десница, ултрадесен, ултранационалист итн….”

За протестот: “… Да, протестот се шири, и е разнообразен и малку некоординиран. Бидејќи иако масовните демонстрации се важни за да му се каже на режимот дека на луѓето им е доста и дека нема повеќе да прифатат ваков однос ако тие не знаат што сакаат, што предлагаат што всушност сакаат тоа нема да води никаде, или ќе води кон нешто уште полошо од сега….”

За уфрлените агенти на системот во водството на протестите: “… Некои од представниците на жолтите елеци не се опоненти на системот туку негови агенти.  Земете го на пример Жан Лук Меланшон кој е троцкист, масон и агент на системот. Тие се тука за да спречат единство и да спречат креирање на заедничка платформа. Затоа и обидите за разводнување на протестот со фрлени 100 евра на човек….”

За потребата од формулирање на револтот во конкретна платформа: “… Да одиш и да го срушиш системот не значи дека си го решил проблемот ако немаш визија за што се гради после тоа. Треба сите овие прашања да се објаснат бидејќи ние всушност се соочуваме со цивилизациска криза, чии корени мора да ги објасниме и
која глобална класна борба во моментов ја добива владеачката класа….”

Kако понатаму до падот на отуѓените корумпирани елити? Ќе го чуете тоа од видеото подолу.

 

4 thoughts on “Жолтите Елеци – Најава на Падот на Глобалистичката Диктатура! Но Борбата ќе Биде Тешка! – О’Колман!

Остави коментар