Ципрас: Грција со Амандман на Преспанскиот во ООН ќе Забрани Употреба на Терминот Македонски Јазик и Нација!
Сподели на социјалните платформи:

Како што објаснува весникот Estia, грчкиот премиер Ципрас ќе побара од ООН дополнителен протокол што ќе го направи Преспанскиот договор попрецизен што значи дека ќе го ограничи просторот за користење на терминот Македонски јазик и нација – инаку нема ратфикација! Толку за лагите на нелегитимната предавничка Хунта за “зајакнат” идентитет, кој меѓу другото немаше ни потреба од “зајакнување”!

 

Како што објаснува весникот Естија и агенцијата (META) грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе побара од ООН дополнителен протокол кој ќе го направи Преспанскиот договор попрецизен, што значи дека ќе го ограничи просторот за наведување на јазикот и нацијата.

Според весникот протоколот ќе биде амандман на тој Преспански договор, односно ќе стане негов составен дел.

Според написите во другите грчки весници, советникот на грчкиот премиер ќе биде ангажиран во подготовката на овој амандман.

Грчкиот претседател Павлополус веќе побара од генералниот секретар на НАТО да се спротивстави на толкувањето на Преспанскиот договор во Македонија со цел да се спречи признавањето на “македонската нација” и да се нагласи дека јазикот на северниот сосед на Грција е словенски а не македонски.

Според медиумите, Грција ги информираше САД дека Преспанскиот договор нема да биде ратификуван од грчкиот парламент без такви гаранции.

Од едно друго, гордо време, кое скоро ќе го вратиме со падот на нелегитимната окупаторска Хунта:

 

 

Остави коментар