Македонија Блокира за 1-ви ДЕКЕМВРИ закажа Сенародeн протест пред Собранието по кој нема враќање дома до распуштање на нелегитимното Собрание и нови избори. Елечињата се подготвени за облекување! Повикот важи за сите кои си ја сакаат Македонија, нема специјални или партиски покани.
На 1 декември во Собранието ја закажа седницата за гласање за нацрт амандманите.
Затоа, на 1ви декември сите на Сенароден протест пред Собранието!
Татковината повикува – Последна шанса за нашата генерација!
Еве каде можете да се пријавите за превоз за големиот Сенароден протест во сабота на 1 декември пред Собранието!
Да го упиеш и деталот и тоталот едновремено. И шумата и дрвото.
Причина што еднаш баталив друштво и влегов на миса на плоштадот Сан Марко. На предизвик и интроспекција. Колку да си го проверам историотетот ми.
Пријатно гостинско чувство но … само посилно го почувствував контрастот на високите мермерни тавани со малите зачадени темјаносани генетски црквички. Македонски. Исконски. Мои.
Или во традицијата на Македонскиот Вечен и неговата енормна моќ на сублимација: Сите се крстеа накриво, само јас направо.
Во неделата, на 18-ти , види чудо, сите се крстевме направо, и потполно се во право оние кои велат дека тоа беше УБАВО ТОПЛО И ИСКОНСКО ЧУВСТВО ДА СИ ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКАТА РЕКА.
Пак. На втори.
Од #Бојкотирам како состојба на умот, преку движење, до ФРОНТ. И конечно ослободување. На Македонија Вечна. И нас со неа.