Браќа и сестри од масовните Скопски протести, не мора да доаѓате во Скопје за да помогнете во одбраната на Македонија, блокирајте и бојкотирајте во своето место, развлечете ја нелегитимната Хунта која веќе нема никаква подршка ни дома ни надвор.
Приклучи се на Блокирам и Бојкотирам Хунта во своето место со ЕДИНСТВОТО НА #МАКЕДОНСКИОТ НАРОДЕН ОТПОР кое представува над 150 субјекти и поединци кои го урнаа предавничкиот рефeрендум на 30ти Септември.
Приклучи се во инбокс овде Македонски Отпор – Macedonian-Resistance. За блокади на раскрсници се потребни 20 луѓе (25 за да има резерва) и известување до полицијата (одговор не треба, само известување) доставено 48 часа пред блокадите според урнекот (подолу во текстот).
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ НА ПОВИКОТ:
ЕДИНСТВО НА #МАКЕДОНСКИОТ НАРОДЕН ОТПОР
Со над 150 субјекти, поединци . . .
ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИЧИНИТЕ ЗА БЛОКИРАЊЕТО
Го известуваме Македонскиот народот, во Македонија и пошироко, дека поради непостапувањето и глувоста на актуелната власт за барањата, поднесоците и сите досегашни повици, од многу Македонски субјекти, поради тоа што води антимакедонски, ненародни, геноцидно-уништувачки и антидржавни политики, а со тоа и НЕЛЕГИТИМНА,
истата да си даде НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА.
После една и половина година протести и неколку месечни блокади со барикади пред Собранието на РМ, ГИ ПРОДОЛЖУВАМЕ БЛОКАДИТЕ И ЌЕ ГИ ШИРИМЕ. КАКО ЕДЕН ЛЕГИТИМЕН ДЕМОКРАТСКИ ЧИН ПРОТИВ НЕДЕМОКРАТСКАТА ОКУПАТОРСКА И ГЕНОЦИДНА ДИКТАТУРА ШТО ЈА СПРОВЕДУВА ВЕЛЕПРЕДАВНИЧКАТА ВЛАСТ: ВЛАДАТА НА З.З. И НЕНАРОДНОТО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО ВО ОКУПИРАНОТО СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ЧЕЛО СО НЕЛЕГАЛНИОТ И НЕЛЕГИТИМЕН СПИКЕР Т.Џ.
Го повикуваме Македонскиот народ масовно да се приклучи/да застане на браникот, во Единството на #Македонскиот народен отпор и Граѓанската непослушност на разни начини.
Да се приклучат/застанат во блокирањето на означените пунктови. Но, и самите да се САМОРГАНИЗИРААТ во групи од најмалку 21 човек и да ги блокираат локалните раскрсници.
Истовремено сите заедно да го водиме ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗИРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ со:
1. Известување, барање помош и поддршка од сите земји што ја признале РМ под уставното име, 2.Декларацијата на Македонскиот народ со црвените линии,
3. Сите доставени барања, акти, тужби,
4. Да се пишуваат нови и доставувања од сите субјекти, кој за што мисли,
5. категорично барање до Претседателот Иванов да постапи по барањата (улимативно!) за признавање на уставно име во ООН (по предлог-Решението на проф.др.Игор Јанев).
Запишувајте се во Списокот на ЕДИНСТВОТО https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=330552064172411&id=259479654612986&__tn__=C-R
во порака на фб страница Македонски отпор Macedonian Resistance, додека не биде овозможена електронска форма на потпишување.
КРИКОТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!
ДОСТА БЕШЕ!
Не можеме повеќе да ја трпиме ТИРАНИЈАТА на оваа окупаторска диктатура и уништувањето на Македонскиот народ и држава!!!
р.м.
Направени се обиди за обединување и соработка.
Испратени се Соопштенија и Пораки од Македонската Дијаспора за обединување и соработка.
Сите промакедонски субјекти се определија за Одбрана на сопствената татковина.
Сите промакедонски субјекти се определија против оваа наместена, нелегитимна, антимакедонска власт за да си даде Оставка!
Поднесено е Барање до Собранието и Владата да си поднесат неотповиклива ОСТАВКА, (18.09.2018 г.)
За тие цели, најавија учество и организирање на Блокади на Отпорот!
Нема време за чекање!
За Македонија се работи!
Работата е едноставна.
Сите субјекти да учествуваме/придонесуваме во блокирање на одредените пунктови, раскрсници…
Да ја прифатиме соодветната парола:
Кога Неправдата станува Закон
ОТПОРОТ
Станува
ДОЛЖНОСТ
Сите проМакедонски потоци да се слеат во една река!
Да Бидеме ОДГОВОРНИ!
Или Копирај го и Префлри го Истиот Текст Подолу во Ворд Документ!
#ЕДИНСТВО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОДЕН ОТПОР
Со над 150 промакедонски субјекти, поединци . . .)
……………………………..
(датум и место)
ДО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА – ……………………………………….
(место, град)
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Ве известуваме дека од 02 (Недела).12.2018 година, од 15.00 до 18.00 часот, започнува
блокада на ………………………………………………………………………………………………………………………………………… (име на улици на раскрсниците, пунктови во вашиот град, населба…)
Поради тоа што и покрај доставување на разни поднесоци, барања до актуелната власт и нивното непостапување и игнорирање на сите укажувања на Македонскиот народ на антимакедонските политики на актуелната власт, со реализирање на план за уништување на Македонскиот народ и држава, поради тоа на ден 18.09.2018 година до Собранието и Владата на РМ поднесовме Барање за НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА, поради непостапување и по тоа Барање, приморани сме, против наша воља, да го искористиме демократското законско право на организирање ненасилни блокади со барикади на разни пунктови, улици, раскрсници и други места, низ целата држава, сè до поднесување на неотповиклива оставка на актуелната власт.
Ненасилните блокади ќе започнуваат во 15 часот и ќе траат до 18 часот, секој ден.
Блокадите ќе се одвиваат во духот на досегашните блокади (пред Собранието на РМ): ненасилно, достоинствено, совесно, одговорно, аргументирано. На блокадите не се дозволени никакви недостојни, насилни, недолични, агресивни, провокаторски истапи и настапи. Доколку се појават такви, веднаш ќе бидат пријавени и отстранети од блокадите, од страна на нашите членови и од полициските служби.
Организаторите се оградуваат од такви настапи и лица и према нив полициските служби слободно нека превземат соодветни постапки.
На секоја ненасилна блокада очекуваме присуство на над 25 граѓани.
Лицe за контакт: ……………………………………………………………………………………………………….. (име, презиме и контакт телефон)
За Единството на Македонскиот народен отпор
………………………………………………………………………..
………………………………………………………………………..
(субјект и лице, со потпис
(и печат, ако е субјектот регистриран)