Блокада во Скопје на 1ви Декември, низ Македонија од 2ри, Пријави се и Поврзи се во Твоето Место!
Сподели на социјалните платформи:

Пријавете се и стапете во контакт со вашите сограѓани за неколку часовни блокади на раскрсниците во вашиот град овде. Во прилог подолу известувањето до полициските станици низ Македонија (заеднички урнек за блокадите) кое само треба да се достави до полицијата 48 часа пред блокадата и не треба одобрување бидејќи се работи за законско загарантирано право. Контакт: 077/581-871, 075/600-937, e-mail: dvizenje.makedonskaprerodba@gmail.com, и во инбокс на фејсбук страницата подолу.

Списокот со 154 потписници НА МАКЕДОНИЈА БОЈКОТИРА И БЛОКИРА ќе биде доставен во секој град село за да може да се дополнува со потписници граѓани во вашето место.

Со учеството во неколкучасовното блокирање во твоето место стануваш дел од победничката Македонија Бојкотира и Блокира која го урна нелегитимниот референдум на 30ти Септември со кој Македонија е одбранета (текстот на обединувањето подолу). Да ја продолжиме одбранта против нелегитимната недемократска Хунта која не го слуша гласот на народот!

Кога Неправдата станува Закон
ОТПОРОТ
Станува
ДОЛЖНОСТ

 

УРНЕК ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА БЛОКАДА ДО ПОЛИЦИЈАТА

 

Или Копирај го и Префлри го Истиот Текст Подолу во Ворд Документ!

#ЕДИНСТВО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОДЕН ОТПОР

Со над 150 промакедонски субјекти, поединци . . .)

 

 

……………………………..

(датум и место)                                     ДО

ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА – ……………………………………….

(место, град)

 

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

Ве известуваме дека од 02 (Недела).12.2018 година, од 15.00 до 18.00 часот, започнува

 блокада на …………………………………………………………………………………………………………………………………………     (име на улици на раскрсниците, пунктови во вашиот град, населба…)   

 

Поради тоа што и покрај доставување на разни поднесоци, барања до актуелната  власт и нивното непостапување и игнорирање на сите укажувања на Македонскиот народ на антимакедонските политики на актуелната власт, со реализирање на план за уништување на Македонскиот народ и држава, поради тоа на ден 18.09.2018 година до Собранието и Владата на РМ поднесовме Барање за НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА, поради непостапување и по тоа Барање, приморани сме, против наша воља, да го искористиме демократското законско право на организирање ненасилни блокади со барикади на разни пунктови, улици, раскрсници и други места, низ целата држава, сè до поднесување на неотповиклива оставка на актуелната власт.

 

            Ненасилните блокади ќе започнуваат во 15 часот и ќе траат до 18 часот, секој ден.

 

Блокадите ќе се одвиваат во духот на досегашните блокади (пред Собранието на РМ): ненасилно, достоинствено, совесно, одговорно, аргументирано. На блокадите не се дозволени никакви недостојни, насилни, недолични, агресивни, провокаторски истапи и настапи. Доколку се појават такви, веднаш ќе бидат пријавени и отстранети од блокадите, од страна на нашите членови и од полициските служби.

Организаторите се оградуваат од такви настапи и лица и према нив полициските служби слободно нека превземат соодветни постапки.

На секоја ненасилна блокада очекуваме присуство на над 25 граѓани.

 

Лицe за контакт: ………………………………………………………………………………………………………..                                       (име, презиме и контакт телефон)

 

 

 

За Единството на Македонскиот народен отпор

 

………………………………………………………………………..

 

………………………………………………………………………..

(субјект и лице, со потпис

(и печат, ако е субјектот регистриран)

 

 

Целото соопштение од СОБОРОТ и ЕДИНСТВОТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД подолу:

 

СОБИР и ЕДИНСТВО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, на ден 23.09.2018 (НЕДЕЛА) г. во 17.00 часот, во Жена парк, пред споменикот на АСНОМ.

ЗАЕДНИЧКА СТРАТЕГИЈА И ПОДДРШКА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА

Поради опасноста од злоупотреба на демократското право за референдумско изјаснување на суверените граѓани на Република Македонија и фалсификување на изборниот резултат и искористување на неуставниот (консултативен) Референдум за промена на уставното име на Република Македонија, од 30.09.2018 година, како и злоупотреба на претставничкото право за измена на Уставот на РМ, за САМОУКИНУВАЊЕ на Македонскиот народ и на македонската држава,

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, организиран во разни субјекти, ПРОГЛАСУВА СОБИР и ЕДИНСТВО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, на ден 23.09.2018 (НЕДЕЛА) г. во 17.00 часот, во Жена парк, пред споменикот на АСНОМ.

Со ЗДРУЖУВАЊЕ НА КОНЦЕПТИТЕ НА СИТЕ ПРОМАКЕДОНСКИ СУБЈЕКТИ ( здруженија, организации, политички партии, поединци и др.субјекти), во една ЗАЕДНИЧКА СТРАТЕГИЈА И ЗАЛОЖБА ВО ПОСЛЕДНИОТ ЧАС И ВРЕМЕ ЗА ОДБРАНА НА СОПСТВЕНАТА ТАТКОВИНА ОД НЕЈЗИНО РЕДЕФИНИРАЊЕ, СКВЕРНАВЕЊЕ И УНИШТУВАЊЕ, ЗА ШТО ТАА НĖ ПОВИКУВА И СПРЕЧУВАЊЕ НА ГЕНОЦИДОТ И ЕТНОЦИДОТ ВРЗ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.!

НА КОЈ ЌЕ СЕ ОФИЦИЈАЛИЗИРА РЕШЕНОСТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА СИ ЈА СОЧУВА ТАТКОВИНАТА И РОДОТ. Со свечено потпишување на Декларацијата на Македонскиот народ од 8-ми септември 2018 г. и заедничката стратегија на Македонскиот народ, кој се залага за зачувување на Уставното име Република Македонија, на Македонскиот етнички и национален идентитет, Македонскиот јазик, Историја и Култура и кој ги воспостави Црвените линии и ги презема работите во свои раце и бара поддршка од легититимниот претставник на уставноправната власт, избран од гласот на народот, да ги почитува и спроведе/изврши гласот и волјата на Македонскиот народ.

Согласно Декларацијата на Македонскиот народ од 8-ми септември 2018 г. да ги операционализираме нашите барања, со што како Последен повик,
МУ ДАВАМЕ ПОДДРШКА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ЃОРГЕ ИВАНОВ, ДА ПОСТАПИ СОГЛАСНО ЦРВЕНИТЕ ЛИНИИ И СТРАТЕГИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, на 27-ми септември 2018 г., ОД ГОВОРНИЦАТА НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ООН ДА ПОБАРА ТОЧКА НА ДНЕВЕН РЕД, НА КОЈА ЌЕ ГИ ИЗНЕСЕ НАШИТЕ БАРАЊА, ЈАСНО И КАТЕГОРИЧНО ИЗРАЗЕНИ ВО ДЕКЛАРАЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ДАДЕНИОТ ГЛАС, ПОТПИС И ИЗРАЗЕНАТА ВОЛЈА ЗА ОДБРАНА И ЗАЧУВУВАЊЕ НА ТАТКОВИНАТА СО СИТЕ АТРИБУТИ.

ПОРАДИ НЕЛЕГИТИМНИОТ,НЕЗАКОНСКИ И ПРОТИВУСТАВЕН НАЧИН НА ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ВЛАСТА, за водење нелегитимни политики:
НЕ ЈА ПРИЗНАВАМЕ ОВАА НЕЛЕГИТИМНА АНТИМАКЕДОНСКА, ПРЕД СЕ ВЕЛЕПРЕДАВНИЧКА ВЛАСТ.
НЕ ГИ ПРИЗНАВАМЕ НИТУ СИТЕ НЕЈЗИНИ ДОНЕСЕНИ ОДЛУКИ, АКТИ, ДЕЈСТВИЈА, ДЕЛА И ИСТИТЕ ГИ СМЕТАМЕ ЗА НИШТОВНИ.
НЕ ГО ПРИЗНАВАМЕ РЕФЕРЕНДУМОТ РАСПИШАН ЗА 30-СЕПТЕМВРИ, СО ЦЕЛ УHИШТУВАЊЕ НА Р МАКЕДОНИЈА, МЕНУВАЊЕ НА УСТАВОТ, ПРЕАМБУЛАТА ,под мотото влез во НАТО и ЕУ!

НЕЛЕГИТИМНАТА АНТИМАКЕДОНСКА ВЕЛЕПРЕДАВНИЧКА ВЛАСТ ДА ПОСТАПИ ПО ОТВОРЕНОТО БАРАЊЕ (доставено до Собраноето и до владата на Република Македонија, 18.09.2018) ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ДО 28-МИ СЕПТЕМВРИ, ЗА ДА НЕ ПРЕДИЗВИКУВА ПОНАТАМОШНИ ШТЕТИ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ДРЖАВА!

ДОКОЛКУ НЕ ГО СТОРИ ТОА, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ ЈА ПРОДОЛЖИ СВОЈАТА СТРАТЕГИЈА ЗА ВРАЌАЊЕ НА НАСИЛНО ОДЗЕМЕНИОТ СУВРЕНИТЕТ, ОДБРАНА И ЗАЧУВУВАЊЕ НА УСТАВНОТО ИМЕ, ИДЕНТИТЕТ,НАРОД, НАЦИЈА , ЈАЗИК , ИСТОРИЈА, КУЛТУРА и СПРЕЧУВАЊЕ НА ГЕНОЦИДОТ И ЕТНОЦИДОТ ВРЗ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

БАРАМЕ ОПОЗИЦИСКАТА ПАРЛАМЕНТАРНА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ВМРО-ДПМНЕ ДА ЈА ПОДДРЖИ АКЦИЈАТА ЗА БОЈКОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ И СОГЛАСНО ЗАЕДНИЧКАТА СТРАТЕГИЈА ДА ГИ ПРЕЗЕМЕ СИТЕ ПОНАТАМОШНИ ЛЕГИТИМНИ ЧЕКОРИ ЗА ОФИЦИЈАЛИЗИРАЊЕ НА ДЕЛЕГИТИМИЗАЦИЈАТА НА НЕЛЕГИТМНАТА ВЛАСТ, СЕ ДОДЕКА ИСТАТА НЕ СИ ДАДЕ ОСТАВКА.

На собирот е избрано Оперативно тело од претставници на субјектите и поединци. за реализација на заедничките цели и активности. Оперативниот план, програмата и задачите на ова тело ќе бидат дополнително определени по формирање на истото.

Списокот со потписниците ќе биде изготвен до потпишувањето, а истиот може да се дополнува со потписници. Контакт: 077/581-871, 075/600-937, e-mail: dvizenje.makedonskaprerodba@gmail.com

Здружение на граѓани “ПРЕРОДБА”
Претседател Ана Бобинкова Мијаковска

Движење на носителите и бранителите на државниот суверенитет МАКЕДОНСКА ПРЕРОДБА (ДМП)

Движење за цивилизациски вредности

 

УРНЕК ИЗВЕСТУВАЊЕ-ДО-ПС-БЛОКАДИ-финално

 

 

 

 

Остави коментар