Работниците од Амазон се очекува да одржат денеска митинзи и протести против “нехуманите услови” (заболување на работно место и паѓање во несвест од замор, уринирање во шишиња поради недавање прекин за одмор, итн) во пет складишта на интернет-гигант на Велика Британија, кои ќе се совпаднат со нејзината широко рекламирана продажба на црниот петок, соопштија синдикатите за BuzzFeed News.
Еден извор изјави дека сојузот на ГМБ – кој се залага за работниците од Амазон во Велика Британија, но не е официјално признат да преговара со компанијата во нивно име – ги организира протестите, додека другите европски синдикати ќе одржат слични настани во Црниот петок, во обид да ги потенцираат прашањата со услови за работа на Амазон. Претходно оваа година, Унијата откри дека амбулантните возила беа повикувани во Амазонски британски фабрики 600 пати во текот на три години.
Во Шпанија, работниците надвор од големата фабрика во Мадрид, Амазон, ги повикаа локалните синдикати да ја напуштат работата во петокот. Извори велат дека протести се планираат и во фабриките во Полска, Италија и Германија.
Тоа е само најновата главоболка за Амазон. И покрај тоа што биле широко критикувани од синдикатите за условите на работниците на локации ширум светот, компанијата се соочи со критики поради големите државни бенефиции што неодамна ги доби околу процесот на наддавање за второто американско седиште на компанијата .
Во соопштението од средата генералниот секретар на ГМБ, Тим Роач, рече дека “Условите што нашите членови во Амазон работат работат се искрено нечовечки”, ги кршат коските, се тресат во несвест и се одземаат во амбулантни возила.
“Ние стоиме и велиме дека е доста, ова се луѓе што ги богатат Амазон. Луѓе со деца, домови, сметки да плаќаат – тие не се роботи”.
“Џеф Безос е најбогатиот човек на планетата; тој може да си дозволи да го реши ова. Ќе мислите дека правењето на работното место е побезбедно за луѓето да не се завршуваат надвор од магацин однесени со амбулантни возила, е во интерес на сите, но Амазон навидум немаат волја да седне на масат со нас како синдикат што ги претставува стотиците вработени “.
https://youtu.be/jZDGk8Yt4KU
Од каде ли човек да го почне овој интердисциплинарен (а се надевам и троа ексспериментален текст)? Со голем ризик за разводнување на Носечкиот Напис. Веројатно 5000-годишната кинеска мудрост “Кој-тргнал-стигнал” е најпрактичниот одговор.
Велат и ѓаолот и Господ се во деталите. Само треба ум и морал да ги разграничиме. Ниедна конструкција не опстанала без силни детали. Тука ѓаолот секогаш напаѓа. А #Бојкотирам брани.
#Да. Адресира. Кого-не а кого-Да.
– Сигурно не овците/ните кои стрижењето/молзењето интимно го примаат како романтично внимание, во беспоштедната имдневна битка за најпопуларен овен/ца во стадото.
– Особено не бакалите и воените богаташи од Ламбда-Тика-Така клупчињата кои до последен момент глумеа мистика и неизјаснителност. А откако насетија дека Расните Парипи всушност ја довлекле кочијата на Движењето од светско значење #Бојкотирам до совршен крај, изрипаа ко скакулци да глумат заслужни парадни/циркуски пони. Floateri. Буљбуљари. Конјуктура во карикатура.
Или пак оние кои поради бавност/инерција не сфатија па го пропуштија пајтонот, просто е “задоволство” како кршат кичми во 180 и као се пепелосипаат во очајнички обид да се вратат во игра. Хммм … “задоволство”? … колку и заглавено парченце месо меѓу заби.
А некои биљки дури и си замислуваат дека се вратиле во игра со Предавството.
– И најпосле, Никако НЕ оние начитаните. Внимателно. Тестот за коефициент на интелегенција (IQ) не мери количина на прочитани/цитирани книги, туку мери способност за препознавање на обрасци (pattern recognition). Колку да нема забуна или подцена, земјоделецот кој што-боцне-се-се-фаќа има далеку поголем коефициент од оној начитаниот хе-хе-хе-farmer со собна, кој што-фати-се-се-суши. Нема место за прелага. Мерливо.
Текстов е всушност е фокусиран на сите оние Љубопитни прекрасни Македонски млади умови од 9 до 99 кои за жал останаа во хомеопатна релација во однос на популацијата. Односно усвета. Некој намерно и масивно ја кисели Македонската почва, за да ги неутрализира ретките базни умови. Да не фатат случајно корен па се размножат. Така лесно се владее. Уште од отоманштината.
# А сега нешто многу “досадно”.
Математиката во суштина e могу прост мисловен процес. Само четири операции. Компликациите настануваат при инверзните. Кои резултираат со коренување, негативни броеви, имагинарни, ирационални …
Или … во оние гранични случаи како што на пример е производот P=0x~ (“~” е бескрајност) што преведено во светот на зборовите би било – Колку е Ништо помножено со Се? Дали ќе надвладее Ништо или Се? Тука не важи комутативниот закон. P=0x~ е различно од P=~x0.
Додуша самото замислување на поимот бескрајност е непремостива пречка за било кој ум, бидејќи е процес, а не број, па макар и огромен. Не застанува. Ништо страшно. Хокинг еднаш искрено ќе напише “Јас едвај замислувам тродимензионален а камоли повеќедимензионален простор”
Да се потргнеме малку од граничниот случај и да ја парафразираме реченицата. Колку е СкороНишто помножено со СкороСе? Каде СкороНишто (dx) бескрајно се труди да стане Ништо, но секогаш останува Нешто. Додека СкороСе бескрајно се труди да стане Се, но попусто. Две бескрајности, па уште и разигран меѓусебен производ. Упатените веќе одамна препознаваат рудиментиран концепт на добро разработеното интегрално сметање. И Да. Производот од двата процеса најчесто е број различен од тривијал. Но секако и ова не е цел на текстот.
# Хипотеза
Адресата/фокусот е на психолошкиот профил на оној млад ум кој со значаен труд, самопрегор и посветеност Љубопитно успеал да ја завитка главата околу некоја ваква проблематика. Кое е најблиску што некогаш може да се приближи до магија.
Разбирливо/предвидливо/нормално е за својот труд да побара некаква социјална валоризација. Прво меѓу врсниците/колегите а потоа пошироко. Бројот на можности/избори во тие години се енормни/ дневни/ збунувачки. Па позицинирање/проверка на сопствениот труд/поттик со лилјачко ехо се фундаментални за сопствениот интегритет/здравје.
Да се пофали. Да го извентилира насобраниот чадиум. Или барем да изгради добитна позиција кај некоја девојчица.
Арно амааа … статистички е Извесно дека ќе налета на (вистински пример од животот): “А ШТО ЌЕ ТИ Е ТОА?!?!” … Илустрација би бил ох-челникот на трпезата со двете мрсни раце во воздух.
Ништо чудно бидејќи киселоста на Македонската почва е убитачна. Макар колку и да го шири видокругот, накаде и да се сврти, некој пленумец му вади очи: шилегов му е градоначелник, бабаЈада политички комесар, бемката огледало пред светот, зајко му е вицто, девлите масовно мувлосуваат, а учките оро водат.
Која е неговата Иднина? Каде е неговата Шанса? Меѓу подгоените браќа бамбалиќи? Меѓу соросоиди хациендари? Со добри-ли-лили? Со гехрофили? ……
Одговорот се наметнува сам. Усвета некаде надвор колку малку од малку хомо еректус да се почувствува. Па макар хигиеничар на туѓи бели дворови.
# QED?
И сега на крај да се вратиме на почетокот. Песимистот би рекол вртење во круг, оптимистот во спирала. На оној паркур робот. Силна математика го потпира неговото наоко трапаво движење. Парапроцесори кои дробат во реално време. Жироскопија и амортизација од врвен уметнички дострел. Вештачка интелегенција за перцепција на просторот …
Добро, ноторно е очигледно дека е прекумерно субвенциониран од државата/УСА. Печатени пари со тарги.
Сепак од иштав/по Македонски ете малку да им го скиселам грозјето. Се гледа недоработеноста во пределот на стапалата, што е значајна забелешка отприлика колку и истурен филџан вода кога истура.
Па не може човек а да не се запраша.
Зошто нема тричетири слични лаборатории, ете за поедноставна/процесна автоматика, во Македонија. Не навлегувам во организациониот аспект и локациите/градовите, освен ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО меѓусебно годишно конкурентско соочување. Со Задолжителна публика, “навивање”, ќебапи …
Да отпадне некомпетитивниот, да продолжи динамично развојниот, да се вклучи новиот предизвикувач. Мерливо. Рангирливо. Автохтони ама под окото на заинтересираната и Непростлива јавност.
Калемот покажува дека секоја лабораторија може да битисува со по 0,4 милиони годишно, и може да испорача значајни мерливи Развојни и едукативни резултати … запирка.
Наместо тоа … добивме … Та-та-та-Таааа … зајачки лубриканти од 1,5 милиони. И електрично фиќо.
Што впрочем и требаше да се докаже. Пораката е јасна. Моме/че усвета.
ПС: #@*! … само ако некој праша “ШТО ЌЕ ТИ СЕ ТРИЧЕТИРИ?”
ППС: У 2 #@*! … ако некој макар само и помисли дека овде “ЗА РОБОТИКА СЕ РАБОТИ”
https://youtu.be/iSeUpYoKAhk